Видео

Џонатан Пај: Сами сте криви ако Трамп победи во 2020

Меѓу останатите работи што ги кажува Пај, една важи за речиси секоја ситуација: „Деновиве има голем број луѓе кои изгледа како да веруваат дека со тоа што нема да дозволат некое мислење да биде емитувано, некако ќе успеат да го искоренат тоа мислење. Не го искоренуваат, само го потиснува, а тоа создава презир.“

Што (некогаш) се пропушта ако се оди по скали

Се возиш со лифт, запира на некој спрат, се отвора вратата од лифтот и ја гледаш Мишел Обама како скока на јаже! Ете, такви финти им прават со Џими Фалон. Да не замислуваме локални примери, да не ја упропастуваме добрата финта.

Какво време дојде, да не можеш...

Џереми Корбин прописно го наеба во парламентот откако за време на една тирада на Тереза Меј, во брада си прокоментира нешто што звучи како „Глупа жена!“ Подоцна, тврдеше дека рекол „stupid people“ а не *stupid woman“. Е, така веќе може.

Пцовка ако не те разигра

Позамашна збирка сочни филмски навреди и пцовки, вешто накалемени на една разиграна денс матрица. Оф, оф, фак офф.

Љубов на прв ДМ

Диња „им објаснува на соите деца“ како се запознале со татко им. Таа му пишала „свињо смрдлива“, тој ѝ пратил фотографија од својот пенис. Таа му рекла дека не е сега тоа тема, ама... 

Од Маргарита со љубов: Командант Сава

Да не бевме заколнати на вечна верност кон НАТО и на ексклузивна љубов кон западните вредности, ова ќе нè дирнеше во срце. Песната некогаш масовно се имаа пеено по работни акции на покојната Југославија, посветена е на легендарниот партизански командант Сава Ковачевиќ, а словенските браќа од Украина некако се сетиле па предводени од прекрасната Маргарита Мелешко, пакосно нè потсетуваат како беше да се имаат луѓе кои вредат да се слават.

Кога ќе си ја видиш тетоважата и ќе си кажеш: Вредеше!

Црепот одбрал на своето единствено тело на светот да ја овековечи Анџелина Џоли и за тоа дедицирал „топ банер“ позиција, на левата надлактица. Го оставил боцкачот (ќе видите зошто не го викаме „тату артист“) со мирна рака да го заврши своето делo и ете, конечно доаѓа моментот тоа да се обелодени. Пазете ја вие таа фаца како полека сфаќа дека со калеш Анѓа ќе мора засекогаш да живеат заедно! Или барем додека некоја ампутација не ги раздели.

Тунелски перспективи

Кога ќе се отвори тунел па ќе тргнеш низ него. За да видиш дека и на другиот крај е некако исто (срање). Па ќе посакаш да се вратиш онаму од кај што си тргнал. Ама малку ќе задоцниш со одлуката. Тоа е.

И рибите сити, и пивопиите на број

Додека многу луѓе го поганат својот дел од светот чекајќи некој голем спас (ЕУ/НАТО, враќање на Исус и слично), на истиот тој свет „фајн тјунинг“ му прават некои ситни генијалности. На пример, она пластичето кое држи пакет пивски лименки, зошто да не биде нешто што ќе можат да го јадат оние кај кои тоа и онака ќе заврши?

Кој се кара, тој се - кара

Ја знаете онаа ситуација кога ќе ви кажат: „Знам дека нон-стоп се караме ама знам и дека длабоко во себе уствари се сакаме“. Бил Бур се најде во таква ситуација со Сара Силверман и поштено се извади од памет: Од кај па сега тоа?

Кучешка магија

Супер штосен промотивен спот за шелтер за вдомување кучиња. Магионичар им прави трикчиња па човек може да си одбере кучешки табиет кој му одговара според реакцијата на трикот.

Змијата митбастер

За змиите се верува дека во суштина се мирни животни кои никогаш не напаѓаат освен ако не се уплашат или се почувствуваат загрозени. И си седиш така во полициска станица во Тајланд....

Кога ќе се задржиш премногу на работа

Убаво е тоа, да не гледаш само на саат за да ја здуваш од работа туку да останеш некогаш и повеќе отколку што си мислес, за да се заврши работата. Само, не секогаш и не за сите професии.

Елон Маск, без булшит

Со години речиси консензуално беше нарекуван генијалец и визионер за оваа година да ја почувствува и злобната страна на славата, која беше покрената од неговите  каприциозни твитања, пушењето трава и други небитности. И самиот има кажано дека „2018 беше најболната година во мојата кариера.“ CBS извлекоа многу добро интервју, во кое доаѓа до израз неговиот карактер, без оние генерализирани булшит одговори.

Вие заслужувате да му го изгасите Фортнајт на вашето дете сред игра

Ова не треба да го направите затоа што некој на телевизија ви кажал, треба да го направите затоа што си заслужиле, или барем за да им ја видите фацата преплавена со неверување од апокалипсата што го снашла нивниот свет.

Душа испушти бе тетке

Една блајхана и тапирана плавуша од 80-тите години, преснимена од којзнае која ВХС лента. Или на плавушата таква ѝ е вежбата или зад неа има некој невидлив (и немирен) дух кој прво ѝ ги ококорува очите а после ѝ избива ваздух од плуќа.

Ози мен рецензија на 2018

Човекот се зафаќа да зборува само за негов сектор - вирални видеа и настани, и тоа без некое посебно подредување, туку на прва, како му дојде. П.С. и на него не му е јасно што ТикТок.

Стоп-моушн филигранство

Дури и само правењето на филмот да се земе како критериум „Isle of Dogs“ е неверојатен подвиг од филм. Што е толку подвиг? Целиот филм е изработен во „стоп-моушн“, па на пример само на сцената со сушито која трае минута и пол, се работи цели 32 дена. Мрдни, сликни, стоп, мрдни, сликни, стоп, мрдни, сликни и така 32 дена. Ова е тајмлапсот од составувањето на таа сцена.

Кинески клик-фарми никогаш не престануваат да воодушевуваат

За што служат клик-фарми? За кликање на што и да посакаш и платиш. Од лајкови на ФБ и Инстаграм, до следбеници на некоја од социјалните мрежи или прегледи на видеа и страници, и работи на кои не ни ни текнува дека би можеле да се направат. И Кинезите ова го имаат издигнато на индустриско ниво.

Што беше лесно со Меркел

Уште не ни помрдната од кабинет, Меркел веќе почнува да зафалува, за сега само на тв спикери кои не мораа да прават јазични акробации секој пат кога го изговораат името на германската канцеларка. Сега со Анегрет Крамп-Каренбауер сè се менува.

Како личи кога комичар одговара за стари вицови

Дури и да тргнеме на страна колку е феил на комичар да му се фаќаш за вицовите, како за луѓе што застапуваат најширок можен спектар на промени што може да ги направи некој човек, правдољубивите багри кои му ја скинаа оскаровската тезга на Кевин Харт баш и немаат некоја верба во лично созревање, напредок и промена кај комичарите.

Кога купуваат шкарт Мерцедеси

Британската премиерка е во посета на Берлин. Меркел ја чека, автомобилот на Меј пристигнува и - ете ти уште еден проблем околу егзитот.

Нинџа на гелендер

Не мрда, а се приближува. Секој кадар смрзната, секој пат поблиска. Така се движат нинџите.

Французинката која нејќе ништо да пропушти

Додека долу на улицата се случуваат нереди, протести, револуции, некој на балкон ладно си тегне цигара. А нашата хероина е спрат подолу. Ем се информира за дневно-политичките случувања во својот град, ем си брка работа. Кога се сака, сè се може. Нема пофранцуско комбо од ова.