Видео

Глупи сме од што се мислиме паметни

Одлично видео со еден стар пример од Витгенштајн, за тоа колку ни е ограничен умот и колку тој и интуицијата знаат да нè зезнат и на едноставни проблеми, а не па кога се работи за комплексни прашања од политиката, етиката и слични области. Муабетот е, не правете фетиш од своите ставови, ко да сте го фатиле Господ за јајца.

Ако ви се нервира за некој друг, изволте

Човеков сака да знаете дека е професионалец и дека ова го работи 13 години. Да не беше гајтанот за струја никој од нас немаше да го дознае тоа.

Балкан со Шведска се избива

Кога објавуваме дилајли кои пукаат додека пеат и слични балканштини, имаме чувство дека им нанесуваме бол на одредени свилени елитистички кругови кои се гадат од контрастите на ова поднебје. За некако да им се оддолжиме, им го нудиме овој традиционален шведски танц, да го пробаат некој пат на своите збиранки, за да покажат дека и овде може да се има високо скандинавско ниво. Само напред дечки, пикањето глава во нечие меѓуножје и онака веќе е навежбано.

Чорбата што крчка 45 години

Некаде 1973-74, Тајланѓанка во кафана во Бангкок става во казан да се прави говедска чорба. Три генерации подоцна нејзините наследници (жената уште е жива и здрава, фала на прашање) се уште служат од истиот казан и од истата чорба.

Исправање на една историска неправда

И покрај целото наше натежнување накај рок музика, и малку поблаго накај метал, чувствуваме дека до сега не сме одвоиле доволно простор за - деткор метал. Ако сакаме ова да се поправи, а сакаме, зошто тоа не би почнало со Аца Лукас.

Џон Оливер го дочека Борис Џонсон

Тоа што Борис Џонсон стана премиер на Британија не изненади апсолутно никого, бидејќи сите го чекаа неизбежниот момент уште од денот кога Тереза Меј се всели во премиерската резиденција. Сега Џон Оливер прави профил за новиот премиер на неговата родна земја, која без разлика на жестината најверојатно повеќе ќе му помогне на Џонсон, отколку што ќе му одмогне.

Уште еден поучен „расипан телефон“

„Човек ми кажа, он со свои очи има видено....“ е една од честите форми со кои им се дава уверливост на рекла-казала муабетите. Кога ќе се пуштат во оптек, на крајот на ланецот секогаш испаѓа нешто сосема друго.

Некогаш само тројца се доволни за малку ред

Искуството ни кажува дека паркирачкото дивјаштво не може да се скроти ни со јавно исмевање, ниту со добронамерни пораки ниту со заканувачки пораки (од надлежните одамна имаме кренато раце). Можеби треба да се проба ова.

Олд спајс ги прозива сите ваши предвремено паднати соборци од шанковите

Си пиел, си бекријарел, си заглавувал со некого секој викенд (ден), и одеднаш без никаква посебна причина истиот тој човек решава дека дома му е покомотно или дека имал серија за гледање. Е па Олд Спајс нема да го дозволи тоа, а не треба ни вие. Секоја сличност со реалноста е жална.

Посветено на нашиот омилен Вонземјанин

По повод 50 годишнината од објавувањето на Space Odity (50 години, јеботе!), песната доби свеж микс од неговиот долгогодишен продуцент Тони Висконти и нов видео спот, инспириран од Одисеја 2001-ва.  Путуј, мејџоре Томе, овде сè по старо.

ВЦ шолја не е контејнер

Ако ова не ве откаже од фрлање влажни марамици во ВЦ шолја слободно продолжете, ич да не му ја мислите. Видеата се од проблемот што го имаат во Британија, што значи дека кај нас е само полошо.

Avengers: Endgame грешки, пропусти и коментари

Поентата е - и проект со буџет од 365 милиони долари, ќе има грешки и пропусти. Исто така држи и поентата дека ти веројатно не работиш на проект во кој учествуваат доволно луѓе за да извршат државен удар во која било држава, па немој да се тешиш со нив.

Синко, да ја чуваш таа што нема да те задави после ваква драма

Линијата меѓу забавно-романтично изненадување и доживотно жигосување и трауматизирање на една личност не е и никогаш не била ни тенка, ни нејасна.

Ако имаш другари билдери, а не им се плашиш

За ова ти треба билдер, ама не некоја жилава смешка од човек туку прописно набилдано брдо од мускули, и секако храброста од насловот. А, да, и налепница една, ќе видиш зошто.

И коњ знае кога му е доста да го јаваат

Коњ, воспитан, питом, послушен. Туристи, американски, дебели, упорни. Поука, веројатно ќе им потрае.

10 милиони благодарам од Гордон Рамзи

Човекот пред некое време од Јутјуб доби плакета за 10-милионитиот претплатник на неговиот Јутјуб канал. Сите ние за благодарам добивме рецепт за спектакуларен бургер од Рамзи.

Белгиски строев чекор

Репрезентативен вод белгиски армиски кадети чекорат војнички марш и на непријателот крвта му се замрзнува во жилите. Кинезите го гледаат ова и си викаат, добро бе, ние глупи сме толку да вежбаме?

Кога стереотипот би имал видео

Конкретниот стеротип е возач на џип, плус тој возач да е жена. Видеото е од едни скали во Ванкувер.

Серена вс. кауч тенисери

Неодамнешна анкета во Британија покажува дека 12% од британските мажјаци (веројатно истите се силат и дека „па јас од тука би дал гол“ во Премиер лига) се под впечаток дека можат да ѝ земат поен на Серена Вилијамс. Како што ќе забележиш од овие кутриве примероци кои успеале себе си доволно да се охрабрат за да излезат на терен против Серена, прво треба да и вратиш серва за да и земеш поен.

Детална Мајнкрафт реконструкција на Господар на прстените

Под водство на искусни супертв изори, којзнае колку играчи од светот цели 9 години ја реконструирале Средната земја од Господарот на прстените. Деталите се неверојатни.

Како растеше американската армија

Со децении официјалната воена доктрина на САД налага дека земјата треба да има доволно воена сила за да води две симултани војни против кои било други две големи воени сили. На почеток не е така.

Чувате ли кромид во хулахопки?

Кромид да ти се чувал во хулахопки, пресечена лубеница во цедалка, зелена салата и млад кромид во мокра крпа, ловорови листови да се ставаат во брашното против бубалки, доматите да се чуваат свртени надолу и уште неколку трикови како на храната да ѝ го продолжите рокот на траење во овие топли денови. Хулахопки бе?!

Најголемата вистина за интервјуата со спортисти после натпревар

Кога распрашуваш некого после 2 часа трчање немој да очекуваш дека човекот ќе има доволно кислород во мозок за да ти даде пулицеровски одговор што ќе се памти. Веројатно човекот само сака да собере душа.

Разбивање на еден Јутјуб страв

Се работи за (барем за нас) света работа - храна, и дезинформации околу неа, создадени со никаква повозвишена цел од собирање прегледи на Јутјуб или лајкови на Инстаграм. Оригиналното видео речиси и да е невозможно да не сте го виделе на социјалните мрежи и барем за момент да се имате извадено од памет. Ен Риардон е научник за храна, која дополнително ги проверува, објаснува и разбива стравовите раширени со претходното видео.