Видео

5 нијанси објаснување

Ајнштајн викаше дека ако не можеш некому едноставно да му објасниш некоја работа, тогаш и ти не ја разбираш баш најдобро. Ова е интересен концепт: како една иста идеја да се објасни на пет нивоа на комплицираност. Од петгодишно дете па нагоре.

Ние и Улан Батор, збратимени во градите

Улан Батор дели ист проблем со неколку македонски градови. Не бре, Мирко Субвенција не пушта и кај нив музика. За воздухот се работи. Нас нè дотепа фактот што откако го изгледавме ова драматично видео (дечиња по болници, градите им свират како дупнати хармоники), ѓаволот нè натера да провериме како тоа стоиме споредбено со Улан Батор. Тетовчани, запејте: „Во гради имаме ПМ за три светови“.

Меѓугенерациски дијалог

Разговараат дедо и неговата млада внука. Таа зборува по ново, тој зборува по старо. Кај него тоа оди пократко.

Добро е да се има магионичар во друштво

Поточно, добро е да се имаат двајца магионичари во друштво. Тој вториот за мезе.

Кој ја зезна музиката

Френк Запа тврдеше дека за музиката подобри беа старите дебели директори на музички куќи кои држеа пура во уста и ништо не разбираа отколку оние кои подоцна дојдоа на нивно место, млади и паметни хипстерски директори кои знаат сè.

Диктаторско катче

„Туркменстанскиот претседател дига златен стап а објективната публика (членови на неговиот кабинет) знаат тоа да го поздрават со искрен и срдечен аплауз“. Секое дополнително инфо само ќе ја уништи магијата на вој видео клип.

Единствената причина зошто постои интернетот

Не беше интернетот замислен за бизнис и правење блесави милијарди долари, или поврзување на човештвото и унапредување на квалитетот на животот. Интернетот е само за вакви клипови.

Не постои нешто што може да е гума за сите сезони

Лето и вака и така ќе се пројде, дури и без да стапнеш во кола, проблемот е кога ќе дојде есен / зима а ти уште си опремен со заблудата наречена гуми за сите сезони. За да ви е појасно што збориме, споредба на два идентични автомобила, еден со зимски еден со гуми за сите сезони, и нивното однесување на хокеарско игралиште. Гледај и слушај.

Админот на твитерот на Канје

Ова не е вистина, само за жал на некој недолжен дечко или девојка ова не е ни многу далеку од вистина. А вреди и заради бисери од типот „јас прво се бришам па одам по нужда“.

Што прават моќните луѓе на Путин

71 годишниот Јуриј Петров и 35 годишниот Олег Буков се дел од парламентарната ергела на Владимир Путин, кремот на руската политичка елита која треба да се справи со предизвиците на овој немирен свет. Еве ги двајцата таму кај што се најпотребни, на седница на Думата. Со тоа што од стариот (и ненаигран) Јуриј ќе го видите само прстот.

Најдобрата мапа е онаа која се користи

Поедноставени и стилизирани мапи за подземните метро системи се прифатени во многу светски градови. Но, кога Њујорк решава да го следи тој пример, наидува на отпор од своите луѓе. Њујорчани инсистираат да ја користат „најлошата“, наместо онаа која се сметала за „перфектно“ дизајнирана.

0.062 милји под морето

Тоа на нашки е точно 101 метар. Дечкото зема (голтна) воздух неколку пати и со пераји тргна удолу, на длабочина на која поради притисокот, човечките бели дробови се собираат колку пепељара.

Стариот пак се здрвил

Жан Клод Јункер. Еден од моќните лидери кои ја предводат моќната Европа. Држи прес конференција за потребата да се има моќна европска армија. Само што облекол различни кондури, една црна, другата кафеава.

Татко е повеќе од зборови, татко е дела

Инаетот на 2-годишна ќерка стои на патот на попладневното одлогирање на таткото од дневните задолженија. И на двајцата им е јасно дека ова нема да се реши со зборови, само што ќерката не е свесна за границите на сопствениот инает.

Стигна софтвер за спикери

Метју Амроливала е спикер на Би Би Си. Од јазици зборува само англиски. Ама додајте му малку софтвер и ете го Метју как течно зборува шпански, мандариснки или хинду.

Никогаш не се откажувајте

Ѕирнете едно освежувачко мотивационо видео со поента да одите до крај, дури и кога мислите дека трката е изгубена. Ова „да одите до крај“ важи и за гледањето на видеото.

Кој штеди, има. Ама...

Додека неговите другарчиња си тераат безгрижно детство со сладоледи, грицки и играчки, малиот решава сите парички да ги заштедува во својата касичка за еден ден да го оствари својот сон. Бруталниот крај на приказната станува разбирлив кога ќе видите за што е рекламата.

Кога синовите ќе пораснат

Ќе пораснат доволно да посакаат да си ги одмерат силите во бокс, ама недоволно да сфатат дека бокс не е за во дневна. Другото кај нив е све ок, да не речеме џам.

Трибјутот на Марвел за Стен Ли

Неколку директори од Марвел со по неколку реченици за човекот што успеа да создаде американска митологија, и неколку реченици од самиот Стен Ли.

Стен Ли шеба двајца колеги

Двајца цртачи на стрипови, баеги помлади, добиваат задача од Стен Ли во живо да создадат и нацртаат супер-херој за 20-на минути, и по пат да го објаснат својот процес. Во реалност добиваат серија мрчење од мајсторот.

Човекот како ќорсокак на еволуцијата

Мајмуни и луѓе пред иста задача: како да се извади бадемче од една долга пластична цевка. Луѓе пробуваат со прст, со дување, со корнење. Практично се неупотребливи додека не им дадеш да видат на Јутјуб како тоа го прави мајмунот. Експериментот завршува со генијална порака: „Ајде да зборуваме за образованието“

Што правевте вие на 7-ми ноември?

Ок, не го знаеме тоа ни за нас, ама знаеме некако за Расел Бирк. 21 годишниниот сурфер од Австралија бил близу португалските брегови каде фати да јава еден импресивен бран од 30-40 метра. Едвај го спасија.

Манифест на Демократите, според Џордан Питерсон

Питерсон седнал и напишал концепт за излез од кризата во која се заглавени Демократите. Не за дневно-политички смисалици туку за сериозни вредносни поместувања. Граѓанинот повторно да биде суверена индивидуа а не припадник на идентитетски множества што опшптеството го води кон трибализам, да се рехабилитира слободата на говорот, да се обноват врските со работничката класа. Но, како прво, да се извинат. Затоа што наместо да преземат одговорност за заслужениот пораз, ги демонизираа оние кои поштено и демократски ги победија. 

Шприцерот е ладен ко Реган

Роналд Реган во 1987 година е во Берлин, каде што се наоѓа по повод еден јубилеј на градот. Им се обраќа на американските војници од тамошната авио база. Среде говорот, еден од славеничките балони пука, што се слуша како истрел. Важно: ова му се случува на човек кој претходно има преживеано атентат во кој беше ранет. Пазете му ја реакцијата.