Видео

Со пиштол се плашат неженети

Како да познаеш човек кого жена му го пратила во продавница со зборовите: Само глеј да заборавиш да купиш нешто од тоа што ти нарачав!

Реклама на Гринпис им дојде малку премногу на британските цензори

Божиќната реклама која е соработка меѓу Гринпис и синџирот супермакети Исланд, е забранета во Британија по основа дека содржината и е премногу политичка. Рекламата е цртан со девојче и мајмунче, во кој ова второво се жали дека човекот му ја има уништено целата џунгла во име на производство на повеќе палмино масло и шампони.

Важноста на интерпункцијата во преамбулите

Додека кај нас се редат благоглаголиви вуцибатини кои заради полесно голтање на капитулацијата со Грција објаснуваат дека промените на уставот се козметички, небитни, само допрецизираат некои работи и слично, постојат цивилизирани држави во кои овие текстови се сметаат за врвни филиграни. На пример, клучната реченица во американската Декларација за независност, била отпечатена во две верзии. Еднаш со точка, другпат со цртичка/тире. Огромна разлика. 

Трамп против Си-ен-ен

Нема тука многу за кого да навиваш. Вообичаено секојдневно шакетање во Белата куќа, во случајов во врска со мигрантскиот карван од централна Америка. Боите на телевизијата ги брани Џим Акоста, а за Трамп игра Доналд. Од политичка тема брзо се доаѓа до: „Вие сте груб, ужасен човек.“

Кој тоа научи да се облекува?

Се покажало тоа како потешка задача отколку што се мислело, бидејќи се работи за речиси безброј нестандардни облици на облека која треба да се натне на себе. Сепак, со помош на Deep Reinforcement Learning, после неброени часови обиди и грешки, вештачката интелигенција успеала во она во што ние успеваме и кога сме најглупи - сабајле. 

Еволуцијата на гитарата, без гитара

Дузина опасни гитарски песни, отсвирени без ронка гитара. Само клавијатуруи, тапани и бас.

Пост структурализам, лесна работа

Иако шансите да налетате на овој збор се реално мали (ако сте нормален човек), сепак, можете да го начекате во некоја од оние уметничко - филозофски дискусии кои ги водат учени луѓе чија работа е толку досадна што мора да користат големи зборови за да ја направат поинтересна. Најјасно на свет, објаснува премудриот Хенри Јангмен.

Проста делба

Трабант, една од најмоќните автомобилски справи на светот, кога е доведен во беља, се однесува како гуштер.

И лук јал и лук мирисал

Некој овде да отвори фурна со вакви, само од пензионери може да живее ко бог.

Девојка со туретов синдром и неверојатна смисла за хумор околу својот проблем

18-годишната девојка пред камерата на својата мајка покажува како за луѓе со нејзина дијагноза изгледа справувањето со јајца. Што се однесува на туретовиот синдром нејзиниот став е „со него се справувам фокусирајќи се на смешната и позитивната страна, а исто така и со споделување на моите искуства со другите“.

Баба Наталија, пијано

Фасцинантна е не само возраста (84 години) и умешноста на тие години да се свири така, туку и фактот дека она што го свири Наталија Треилинг на улица во Мелбурн е она што во тој момент го создава. Композиција која не била свирена никогаш порано и никогаш после тоа.

БДП трка

Интересен графички приказ на споредбеното движење на 10-те најголеми БДП-и во светот, од 1960 година до лани. Можеби следењето на првото место е досадно (Американците), ама затоа пазете ги она Кинезите како финишираат.

Поуки за западни демократии

Болсонаро не е бразилскиот Трамп, како што тоа често прелесно се врзува. Не е тој од новиот алт-десен бран во САД и Европа. Тој е опасен старомоден екстремен десничар за кого гласаат обични Бразилци, сиромаштија, црнци па дури и ЛГБТ. Луѓе кои до вчера гласаа за левицата. Небањатите. Сите очајници кои сфаќаат дека стандардната политичка елита пет пари не дава за нивните проблеми.

Кој ги видел 80-тите години, знае што е слобода и блискост со Запад

Слободата и блискоста со Западот какви што во Југославија постоеја во 80-тите години на минатиот век остануваат недостижен идеал дури и кога се живее и работи во земја членка на ЕУ и НАТО. Според Миљенко Јерговиќ, овдешните елити знаат да започнат нови војни но не и да излезат од нив.

Спринтерскиот ритам на маратонецот

На учесниците на „Чикаго маратон 2018“, организаторите им поставија подвижна лента која се движи со ритамот на рекодно истрчаната маратонска должина на Елиуд Кипчоге. Самите да почувствуваат со кое темпо 33 годишниот Кениец трчаше цели два часа во Берлин. Неверојатно.е колку е тој различна машина од сите други човечки сусптества.

Мераци на забавено

Кога „Барака“ би била составена исклучиво од насилни експлозии, уништувања и сечења, тогаш веројатно вака би изгледал документарецот.

Со еден збор: Индија

Видеото не е ништо посебно но ситуацијата е уникатна и смирувачка за вашите секојдневни проблеми. Замисли, лебот го вадиш од нешто во кое основно средство за работа ти е змија. И некој ти ја краде на улица. А ти ја краде мајмун! Кому после да се исплачеш?

Сам себе се сервисирал

Имаме чуено за хирурзи кои се помалку вични од царов.

Ич не е смешно

Си биле две жени. Оделе по улица и си кажувале виц...

Боемска рапсодија во 42 стила

Можеби дечкото не го скинал баш секој глас идеално ама стиловите се погодени. Плус 42 се, да му се невиди, тоа треба да ти текне ем после да се изработи.

Апарат за размена на бонбони

Компанија за слатки смислиле згодна реклама. Направиле автомат во кој се оставаат сите несакани бонбони кои се добиени за Хеловин и за возврат се добиваат нивни благца. Ќе треба ваква за костени и портокали, кај и да е, ќе дојде Коледе.

Мобилните го возвраќаат ударот

Целата штетност од смартфоните, без разлика дали медицинска или општествена, се некако успеваме да ја накалемиме на уредите притоа триумфално давајќи си комплетна колективна амнестија сами на себе, дека не можеме ништо да направиме во врска со тоа што се случува. Од телефонска перспектива работите стојат поинаку.

Три поенти за децата

1. Треба да се изложени на реалниот свет и неговите предизвици, со сите присутни гадости. Кога се обидувате да ги заштите од непријатности, конфликти, навреди, задевања, истовремено спречувате тие да развијат механизам за справување со сето тоа. Стануваат слаби и кршливи 2. Тоа што некој ќе се смета за навреден и реагира емотивно, не значи дека е во право. 3. Постојаното барање „добри“ и „лоши“ луѓе е дел од истата тактика на црно-бело гледање на работите.

Љубиша Ристиќ брутално за Македонија

„Што ќе биде со Македонија е прашањето над сите прашања,“ тврди театарскиот режисер и контроверзен левичар Љубиша Ристиќ. Според него, сите други проблеми се локални, единственото големо европско прашање е Македонија. Чујте го, па по некој ден ќе читкаме „анализи“ како објавувањето на ова видео на Оффнет е суптилен потег на Кремљ во Македонија да се инсталираат агенти-спијачи кои уште ги контролира Мира Марковиќ. Или така нешто.