Видео

Рецепт за рецепти

И да создадете навистина квалитетен Јутјуб канал за храна, тешко е да се пробиете од оние кои играат мрежно и на големо, таканаречените контент фарми.  Некои имаат преку 100 канали и на нив ги ротираат горе-долу истите рецепти. Со такви финти прибираат и преку 2,5 милијарди видео прегледи. Ен Рирдон, која и самата има канал за храна, објаснува како функционира шемата.    

Х како Холивуд, х како хероин

Искрен муабет со еден зависник во Холивуд кој се навлекол на хероин затоа што пеинкилерите станале скапи. Бездомник е но бистар и разборит дечко. Јасно му е зошто ја загубил работата, девојката, кучето и мачето. Но дека уште не го напуштила паметта е доказ и тоа дека кога би можел да бира желба, би сакал да му се врати кучето и мачето.   

Фатен ли си бе во рацете?

Дечко искачува карпа без да користи раце. Само стопала и колена. Нема никаква потреба од тоа, ама ај.

Прв училишен час во Франција

Француските ученици радосно го дочекаа први септември, почетокот на школската година и враќањето во нормала.

Жена, мајка, мачител

Зошто нема родова еднаквост меѓу оние што испрашуваат и мачат затвореници? Дали тоа општеството ги програмира жените да не помислуваат на тој деловен предизвик за кој се подеднакво способни како и мажите? Дали се потребни субвенции за да се дојде до балансирана застапеност? Рајан Лонг (брз на мисла и на јазик) трола случајни минувачи.

Бил Бур, сам против сите

Овој настап е познат како „Инцидентот во Фили“ и е еден од клучните моменти во кариерата на Бур, еден од нај-нај-најдобрите стенд-ап комичари на сите времиња. Излегува пред публиката во Филаделфија која е блазирана, размазена, сите зборат меѓу себе... Така ли? Бур, кој и онака има проблеми со менаџирање на својот гнев, решава цел настап да го посвети на пржење на публиката, нивниот град, држава и сè - ама сè! - што им е најмило. Нема нешто кое не им го насра. И попат им одбројува уште колку минути има да го слушаат. Легендарни 13 минути.

Погоди ја песната

Ја знаеш, само во исто време не е таа што ја мислиш и е таа што ја мислиш. Како? Така, сите се исти ама треба некој да ти покаже дека се исти.

Лосанџелескиот Зуко

Како што на времето како кој гневен идиот во протести ја кршеше прочуената скопска семкара, така во Лос Анџелес, штом слушнат дека полиција пак некаде пукала, веднаш се ограбува Кул Кикс. Продаваат патики.

Чичко Роџер со клизачи на Џејми Оливер

Чичкото е измислен лик зад кој стои автентичен комичар Малезиец со автентично искуство со азиска храна. Џејми Оливер од друга страна е еден од главните столбови на една од најголемите гурмански перверзии во историјата - добар британски готвач. Ако сакаш да се увериш колку Џејми и компанија не ги бива за која било храна од готвач вон островот, само покажи по дома како прават баклава или гледај италијански готвачи како реагираат на нивни рецепти за паста и слично. На исто мислење е и Чичко Роџер за рецептот на Џејми за ориз со јајце.

Комшија вс. упорно маалско дете

Кога дете на велосипед секој ден непокането ти вози по плочник пред гаража да ти имало и друго решение освен викање, полевање со вода, расправање со родител, куче и слично. И на општо изненадување и овој метод да ти функционирал без разлика што не успева да го избрка детето еднаш засекогаш.

Шемс мај бич ап

Ако во иста коалиција можат да влегуваат шуто и рогато (копирајт: З.З.), тогаш зошто во иста песна да не можат да влезат Шемса и Продиџи?

Руски реалити алкохолизам

Руско реално шоу во кое нема сценарио а 24/7 се следи животот на пет луѓе (тројца машки и две женски) кои живеат изолирано од цивилизацијата а на располагање имаат неограничен алкохол. Нејасно е како Русите на времето стигнаа до Берлин, пошто овие имаат едни три дрвени скали кои редовно им се покажуваат како кобни.

Малме му ебам кој прв почна

Идиот анти-муслиман го пали Коранот во Малме. Па после неколку стотици идиоти муслимани почнуваат да палат по Малме. Тоа е денешната реална верзија на некогашната заебанција „Шведска, немири, здраво.“

Какво време, таков изум

На самиот почеток на 80-тите години, Сони извади вокмен. 90-тите години ни донесоа World Wide Web. Првата деценија од новиот милениум нè израдува со Ајфон, Киндл и Википедија а втората декада со Тесла, Убер, дронови и 3Д печатачи. Но, тука не запира нашата среќа. Во следната деценија, влегуваме со ова:

Ко бубрег во лој, ко диња во Јапонија

Пошто се од друга планета, Јапонците имаат фетиш на работи на кои ние не помислуваме дека може да се тоа. На пример, на дињи. Додека ние ги третираме како нешто што дифолтно ни следува на лето, тие таму ги растат кakо бебиња, ги продаваат по 200 долари парче а за понекоја Мис диња знаат да одвојат и 45.000 долари. Оди на тие дињи мавни им чврга, демек да видиш дали се зрели, тој газдата има со катана да те сече.

Што викаш дека е фрката?

На ова не се помага додека не каже јасно и гласно што е проблемот.  За да разбере дека тинејџерите некогаш стварно е тешко човек да ги разбере.

Шефе, што треба денес да сработам?

Што и да имате да завршите денес на работа, да не сте помислиле на кукање. Пошто гарант не треба да му извадите заб на тигар.

Порно ѕвезди: Дечки, вака не можеме да ви помогнеме

Порно ѕвездите имаат мал проблем со она што го читаат како коментари под нивните видеа на порно платформите. Немаат проблем со„ова ќе ти правам, она ќе ти правам“ туку со фактот што никој од тие силни мажјаци не остава контакт информации. Па да се види дали стварно тоа така ќе оди.

Касандра беше похардкор

Тревор Ноа го рецензира последниот ден на Демократската конвенција на која го одбраа Бајден за свој коњ во трката со Трамп. Пошто е анти-Трамп, Ноа не го мава Бајден за ниедна битна ствар (Украина, синот...) но, ај тоа на страна. Гледајте колку кринџ се тие нивни конвенции. Партиските ривали го воспеваат, се раскажуваат анегдоти за него, се вадат пријатели од детство, се наоѓаат деца кои Бајден ги научил да зборуваат, бабички на кои им зборел пола саат... И после Путин градел култ што се сликал гол на коњ.

Колку мртов беше Бајден во 1988 година

Политиката не е умешност на можното туку уметност на заборавањето. Кога денес ќе видите каква импозантна политичко-културна коалиција застанува зад Џо Бајден, ќе помислите дека e најден вистинскиот Прометеј кој ќе ја донесе светлината среде Трамповиот мрак. А оно човекот пред уште пред 30 години го фаќаa дека лаже, краде, плагира и има академски просек како Катица Јанева. Уште вошки му немаaт најдено.

Погрешната слава на Мелбурн

За оние што го користат летечкиот симулатор на Микрософт, место за аџилак им е Мелбурн, односно неговото преградие Фокнер. Таму, сосема нејасно и мистериозно, среде ниските стамбени куќи и згради се издига еден монструм од облакодер. Некому тоа изгледа како тајна порака, како загатка, како упад на Халф Лајф двојката. А се работи за тајпинг ерор.

Каква приказна, каква приказна!

Нашиот драг Дик Мејџор ни ја нафрли, во меил на кој му турил сабџект: „LE LEEEEEEEEEEEEEEEE“. Ја сослушавме приказната на Џани Русо и ви тврдиме дека нема поадекватен сабџект од овој на Дик. Ја посветуваме оваа епизода на Русо на ситната боранија по Скопје и другите македонски паланки кои глуматаат јаки момци, мафијаши, заебани ликови, газди, пичкесиматерине.

Ако се фатат двајца мажи кои се чувствуваат како жени, дали се лезбејки?

„Здраво, јас сум Ариел, геј женска која ја обожава ЛГБТ културата. Ајде да зборуваме за љубов, секс, родови и нормално, за згодни женски“. Ова ѝ беше уводното претставување на денес 34 годишната Ариел Скарсела која во меѓувреме стана популарна либерана Јутјуберка. Неколку години подоцна, објавува дека напушта културолошката левица чиј „разбуден“ дел е толку неподносливо забеган што е невозможно да се има слободна мисла. Слушнете какви сè небулози виреат под тој чадор.

Кендис Овенс версус феминистка

- Кажи ми пример за машка токсичност?
- Кога ги прекинуваат жените во зборување.
- Па ти пред малку мене ме прекинуваше.
- Тоа е друго...