Видео

А вие цивилизираните чмајте по карантини

Само гледајте како панкот е жив, во некоја вукојебина од џунгла. Со моша, со све. Ако уште некој паднеше од горе, ќе помислевме дека џунглава е на два спрата.

Њујорк се враќа во нормала

Њујоршкото метро е тамбнеил за големата и живописна слика на градот и ликовите кои во тоа урбано тенџере или уште не се стопиле или претерале со топење. Заради пандемијата, цел тој метро свет едно време беше во грч, но еве ги ликовите, повторно се враќаат на својата подземна сцена.  

Саксијата барем нема девет животи

Еен од најглупите начини да настрадаш е да ти падне саксија од зграда додека минуваш покрај неа. Но, не и најглул.

Како да рекламираш млеко?

Денес: Видеото треба да пука од оптимизам, хармонична семејна атмосфера со насмеани лица кои шират позитивна енергија а ако спомнуваш крава, ќе користиш деминутив за да звучи послатко.
Некогаш: 

Каков лик е Хари Дин Стентон!

- Колку филма имаме работено заедно, два, три? го прашува Стентон Дејвид Линч со кого муабетат на кауч. Овој му вади ливче со шест филма. - Па ние сме биле екипа!, се израдува актерот како што најдобро знае: мртов- ладен. Да беше во Скопје, Хари Дин Стентон ќе леташе голуби и ќе печеше ракија. И пак ќе беше цар. Пазете ги оние негови блиц одговори зад кои се крие едно огромно животно азно.

Убијците на џинови

Едниот е Фаф де Клерк, другиот е Челсин Колбе, и се професионални рагбисти. Имаат две заеднички работи, рагби репрезентацијата на Јужна Африка и тоа што се по метар и седумдесет во спорт каде добар дел од противничката постава се балвани над 190.

Пиштол за испукување маска

Со оглед на тоа што постојат доста луѓе кои одбиваат да носат маска, Јутјубер решил да направи пневматски пиштол со кој можеш да залепиш маска на нечие лице. А и генерално може да послужи малку да стишаш некого.

Цртан со Роган и Бур за маските

На последното гостување во подкастот на Џо Роган, Бил Бур и домаќинот имаа мала препирка околу маските. Запалија по една пура и фатија да се расправаат дали да се носат маски или не. Имаат скроз различни мислења околу тоа, ама ете, не се заклаа туку само си пуштија по неколку добри јадачки. Го анимирале тој дел од муабетот, и тоа добро.

Прав муслиман не мириса на Пино Силвестре

Група избезумени Пакистанци навалиле на млади борови садници па ги корнат со таква страст, небаре со шејтанот химселф си имаат работа. Зошто? Затоа што Исламот забранувал нивно садење. Не знаевме дека Коранот е толку ботанички детален.

Многу неприродна музика

Ги гледаш, ги слушаш, а не ти се верува ни едното ни другото, бидејќи е поразлично од сè што до сега ти се случило. Нирвана како свинг, Мајк Џексон како блуграс, Бредли Купер и Гага како полка, „Ентер сендмен“ како детска песна. И не, не секогаш ова звучи успешно.

Путин во аптека

Рускиот кајзер решава ненадејно да застане и да посети една аптека, да види како се со цените и слично. И очекувано, одма хаос, пакао, дрога (на рецепт). Сите збунка освен една бабичка која апсолутно не ја лази мува што се случува околу неа. 

Другата страна на Камала Харис

Камала Харис е сериозен кандидат за број 2 кај Демократите, како потпретседателски избор на Џо Бајден. Долги години беше јавен обвинител со железна рака и кога не се знаат деталите, човек би помислил дека нејзиното обвинителско портфолио е беспрекорно. Исто како што би помислил и за портфолиото на Вилма Рускоска, кога не би знаел дека е спремна да праќа луѓе на робија на основа на изјава на Нинџа.

Сефте Фил Колинс за браќата

TwinsthenewTrend се близнаци од Гари, не Галичник, туку Индијана. Пуштаат рок песни кои никогаш не ги чуле и онда демек ги рецензираат. На ред им доаѓа “In the Air Tonight” од Фил Колинс. И како што таа песна се слуша главно за да се дочека катарзата со бубњевите (која - како што знае секој нормален музички манијак -  се случува на 3:41 во песната), ова видео се гледа само за да се види нивната реакција на тој момент. Се избезумија! „Брат, не сум видел некој да извади ритам во трета минута од песната, брат!“

Баба Л. Џексон

Јасно е дека црната баба не е голем фан на жолтата раса, ама прејако е како сочно го хејта. Како да изговара реплики од филм на Квентин Тарантино.

Дојде време милијардери да нé штитат од научници

Сè што треба да знаете за да ја одгледате оваа емисија на Џо Роган во која доктор Бренда Соу зборува за својата нова книга во која се аргументира дека постојат два пола е дека платформата на Џек Дорси ја третира како сензитивна содржина и предупредува за тоа. Е, толку е летнато пилето наречено Твитер.

Седма сила со посебни потреби

Двајца побратими, едниот бел, другиот црн, подбраа новинарка која на белецот му настапи со глупо стереотипно прашање дали е расист. Фасцинантно е како ги гледа со телешки поглед додека ѝ држат лекција. А дента мислела дека само треба да тури доволно лак на косата па да помине уште еден регуларен новинарски ден. 

Гордон Ремзи рецензира ТикТок рецепти

Не е потребен Гордон Ремзи да ви каже дека повеќето работи кои ќе ги видите на ТикТок не се ставаат во уста. Ама, ако, нека каже. Се ужасна човекот како кога Ник Кејв би рецензирал песна од Мими Мерцедес.

Охридски сновиденија

Видео од епилогот на една градба која ги прекршила прописите за крајбрежно градење. Бидејќи знаете дека кубуриме со домашни примери на оваа тема, ова е во градот Керала во Индија.

Згужвај ми пустина

Некои го почнуваат своето дело онаму каде што многумина го завршуваат: кога ќе ја згужваат хартијата.

Песна за Аланис Морисет и ќерка

Морисет во своето портфолио има многу поконцентрирани настапи но во емотивна смисла, после десетина години, ова видео ќе им биде прајслес во фамилија.

Еминем, иншала, машала

Некој џихадист (по ново: „терорист кој ги злоупотребува религиозните мотиви“ - види овде) чиј говор, и по ритам и по емоција, комплетно звучи како песна на Еминем. Уште на крај да се дигнеше во воздух па сите задоволни.

Како се исти, разбудени и расисти

Фрапантен и застрашувачки точен е овој „скеч“ кој покажува колку двата, навидум крајно спротивставени политички кампа, во суштина се согласуваат за сè.

Кога Џој Дивижн би ја изведувале Take on Me

Веројатно фановите и на Јан Куртис и на А-ха ќе се почувствуваат навредени од овој крајно неприроден спој, ама па што. Интересно е, баш зашто е богохулно.