Видео

Сомелиер тестира евтино црно вино

Андре Мак како експерт во ова границата на евтино вино ја става на макс. 15 долари, 760 денари, за шише, и тој успева да најде некои примероци што му се допаѓаат. За разлика од него, ние тука на граница од 3 долари за шише успеваме да најдеме примероци што ни се допаѓаат.

Како Русите отвораа нова поморска рута во арктичкиот мраз

„Кристоф де Маржери“ е 299-метарски носач на природен гас кој помогнат од нуклеарниот кршач на мраз „50 лет победи“, стана првиот комерцијален брод во историјата што преку Северното море има стигнато од кинески Јангсу до сибирското пристаниште и рафинерија за природен гас, Сабета.

Епските битки на денешнината

Целата онаа фертутма со Гејмстоп и берзата, фондовите и Редиторите, опишана на начин на кој станува јасно чии и колкави се влоговите и каква крв до колена може да биде сето тоа.

Марс, тачдаун

НАСА го објави видеото од камерата на Персеверенс. Чисто за да видиме како изгледа слетување на Марс. Како изгледа кога некој ќе падне од Марс, гледаме секој ден од македонските институции.

Како да познаеш дека си за на бајачка?

Катната гаража имала 7 ката. Места колку сакаш. Погледнете какво место таа одбрала.

Мирисот на победата

Кога ќе ти кажат дека успешно си поминал некој предизвик а веднаш ти станува јасно дека во маало нема да те слават како што некогаш си се надевал.

Шмизлите на Советскиот сојуз

Импресивно дигитализирање на стар видео материјал, снимен 1929 година, главно во Одеса. 60fps, 4K.

Фанки Шпато и Џези Вега

На овој сајт учтиво ги одбиваме оние кои ни праќаат кавери на песни за евентуално објавување, објаснувајќи им дека ние би да промовираме авторска музика и дека ако почнеме со преработки, бргу ќе ни нагрнат оние со свои „видувања“ на Тоше, „Wind of Change“ и други тезгарошки зицери. Ама па, некои се стварно добри и во нив има повеќе авторство од некои авторски.

Како работи тој мозок, побогу?

Се вика Хери Мек, фристајл рапер кој важи за Моцарт на импровизациите. Фрапира луѓе по интернет кога му кажуваат рандом зборови а тој не само што ги вметнува тие зборови во стиховите „во од“ туку и следи што прават соговорниците. Вилици паѓаат колку е добар!

Ќе го скине ли Фејсбук видеото со Закерберг?

Среде најави дека Фејсбук ќе ги симнува сите содржини кои шират сомнежи околу вакцините, на Закерберг му ископаа изјава дека и тој бил од таквите. „Ја делам со вас претпазливоста околу тоа (вакцината), бидејќи едноставно не ги знаеме долгорочните нус-појави од модификувањето на човечката РНК и ДНК“, има кажал Закерберг на колегите од Фејсбук на еден онлајн состанок.

Оди бе дечко лечи се

Малку-малку, па човек на интернет ќе налета на некој кој ја има истата (добро, слична) алатка како него ама затоа со неа чуда прави. Нe, oвојпат не зборуваме за Роко Зифреди.

Јапонски кафански марифети

Карактеристично за јапонската кујна е што во неа речиси и да не постои нешто што може да се штрбне како фора или техника и да се препише на домашен терен. Обично тоа што го прават е комплетно следство на искуства што визуелни, што гастрономски, и сè заедно тешко повторливо.

Како се трола книжарница

Дечкото вика дека научил фотошоп само за да го прави ова: купува сликовница, скенира, дигитално го вади главниот јунак, ги враќа сликите (без главниот јунак) и потоа ја враќа книгата во книжарница. Чисто да се ремети она едно дете на кое ќе му биде купена баш таа сликовница.  

За колевката на брусените шахти

Краток документарец „Патување низ Југославија“ во кој за „нашата земја“ ќе го слушнете ова: „Најјужната југословенска република, Македонија, е колевка на прастара цивилизација. Секој камен на Македонија е сведок на античките времиња но и на подоцнежните култури кои се судирале и се менувале на овие простори....“ Ама па затоа сега сме во ЕУ, откако членството на НАТО ни донесе инвестициска лавина....

Очајнички прибежишта на рокерите

„Ни појако кинење ни попогрешно место за тоа“, вика Иван Апостолски за настапот на Миодраг Бабаљ Мио на шоуто „Никогаш не е доцна“. Точно један кроз један.

Норвежани нејќат Вил Ферел да се секира

Норвежани ја видоа Супербол рекламата на Џенерал Моторс со Вил Ферел во главна улога и решија на Американците да им покажат уште колку (електрични) фурни леб имаат да јадат за да ја стигнат, пфф, Норвешка. Јако, јако тролање.

10 години од најтрагичната и најскапа нарачка на пица

Во 2011-та дечко прави он-лајн нарачка за пица во Доминос, која според негова проценка го чини разумни 917 илјади долари. Нарачката во оригинална сума е неполни 18 долари, меѓутоа тој како показна вежба решава да ја плати во биткоин, па по тогашен курс му излегува 19,12 биткоини. Пред некој ден криптовалутата ја мина границата од 48.000 долари за биткоин.

Сите ние имаме глупа работа

Сите освен оваа одбрана чета јунаци. Иако нивната работна задача звучи напорно и опасно - борба против снежните лавини, богати! - тоа се сведува на пукање по околните ридови од топчиња од Втората светска војна! Со стратешка цел да прават мали лавини а не да се собере многу снег па да навали цело тоа говно надолу. И бидејќи непријателот често не може да го видат јасно, бекриите пукааат од ѓутуре. Па да ти ебам и факултет и све!

Објаснување на денот

На таткото му паѓа задача на своите две мали ќерки да им објасни во каква незгодна ситуација се наоѓаат тој и мајка им. Ако не сте го гледале филмот, сè што ќе ви кажеме повеќе, ќе биде спојлер на поентата.

Адвокатот на мацолот

Онлајн судење кое се одвива на ЗУМ. Еден од адвокатите има ставено филтер кој очигледно не знае како да го извади. Па нема посмешно. Замислете му ја правата фаца кога се гледа како на судијата цакано му трепка со очињата!

Мала животна лекција

Некогаш не е страшно кога ќе паднеш. Пострашно е кога ќе помислиш дека треба да продолжиш од истото она место од кое си паднал.

Wow, no cow!

„Ова е или најглупата реклама која ја видовме на Супербол 2021 или пак е најдобрата реклама која ја видовме на Супербол 2021“, пиша Базфид, признавајќи дека не можaт да ја решaт дилемата. Само потсетување, 30- секунди реклама на Супербол годинава кошташе 5,5 милиони долари. Kомпанија која прави „млеко“ од овес го вади ова:   

Како да направиш песна на АЦ/ДЦ за 30 секунди

Многу важна забелешка пред гледање на видеото: тоа што дечките се во право, не значи дека се во право.

Преварант на денот

Доберман е едно паметно, лојално, силно, приврзано и пред сè покварено куче. Алал.