Видео

Рамбо и Порфириј

Убав, питом муабет меѓу двајца луѓе кои доаѓаат од навидум различни краеви на вселената. Владиката кој стана поглавар на СПЦ и Рамбо кој секогаш беше Амадеус.

13 минути Филаделфија

Изгледа како апокалиптична сцена од некој филм со зомбија но се работи за авенијата Кенсингтон во Филаделфија, место каде што лутаат изгубени души, тешки зависници, заборавени луѓе со сериозни ментални проблеми... Политичката класа на градот не се занимава со ова. Тоа е просто, така. А пазете, Кенсингтон е тек трето маало по стапка на криминал. Значи имаат две полоши од ова.   

Полиглот на поинаков начин

Дечкото вика дека е Чех ама во неговиот изговор ќе наидете на маџарски, индијски, фински, латвијски и какви сè не други нијанси. Небитно за што е видеото, просто уживајте во таа разиграна дикција и ЛЕД поетика.

Корисен водич за алкохол

Роуан Аткинсон помага да запамтите колку пијачки алкохол се таман неделно. 21 за мажи и 14 за жени. 14 е на пример, колку бројот на прстите на човек со три раце кој изгубил еден прст во трагичен инцидент,.

Егзорцизам со ферментиранa риба

На некој на интернет пак му текна да проба пред камера да јаде од тоа одвратната смрдена шведска риба, и ако сè мине како што може да се очекува ова е на добар пат да стане најдобриот челенџ што ги зафатил младиве по социјалните мрежи. Како што треба да се сфати од насловот, видеото не е баш најлесно за гледање. Бонус поени за татково што инсистира децата да му станат интернет славни.

Подобро ти ова на другар, отколку тој на тебе

Стратешки позиционирана виршла и пар ножици се сè што треба едно машко да го разбудите за на момент да ја доживее својата најголема ноќна мора.

Како Мегин ја виде Меган

Не го, и нема да го гледаме интервјуто на Хари и Меган за Опра ама дали војвотката стварно се споредила со Малата Сирена и дали стварно принцот се пожалил дека го оставиле без пари па останал само со наследството од мајка му, а тоа се некои 15-16 милиони долари?

Четворица Корејци како една Марија

Се викаат 에델 라인클랑 и ќе ви ја изведат песната 기도. А спомнатата Марија има кажано дека ова е една од најдобрите верзии на нејзината песна кои ги има слушнато.

Пешак на авто-пилот

Не е вест кога комбе ќе удри пешак, вест е кога пешак ќе удри комбе. А можеби и не е, ама па имаме видео од тоа. Наравоучение: Кога пишуваш СМС, чукни си ја главата.

Едноставно упатство за праќање меил од 1984

Најосвестувачкиот факт во видеово доаѓа кога ќе тргнеш да пресметаш колку време е минато од 1984-та, па ти излегува дека не е речиси 30, туку се речиси 40 години, па после сè целиот овој воодушевувачки наивен муабет околу мејлот некако бледее во споредба.

Ламборгини за сите пари

Да разубавуваш Ламборгини се чини како ерес еднаков на идејата на летна манџа да ѝ ставаш јајце но баш тоа му е ќеиф на Шиничи Морокоши од Токио кој има изградено империја од правање кастом Ламборгинија (customised e заеднички збор во македонскиот и јапонскиот јазик). Ги зема и ги прави џиџани, со штрасови, светки и сè што дополнително вришти, за кога ќе те сопре полицаец, да не те праша за возачка и регистрација туку дали може да се слика со него.

Како изгледа етичко масовно ловење туна

Зошто етичко? Затоа што не е на оние бродови-фабрики и нема стотици метри мрежи во кои ќе заглават ајкули, желки, делфини и што и да е друго што ќе им се најде по пат.

Автомобилска лента, Германија вс. Русија

Важно човекот заврши работа и ова лепи пасент, па поуката не треба да биде „е затоа плаќаш 30.000 евра повеќе“, туку „а и вака можело?“, ама вие како сакате.

Што и може пристаниште на јахта од 90 милиони долари?

Па не многу, ама сепак тоа не е битка што јахтата сака да ја води, посебно не нејзиниот сопственик. Ова е суперјахтата Го од 90 милиони долари, а карши нејзе е пристаниште на Сент Мартин. Во официјалната верзија пренесена од медиумите, кривицата е на компјутерот што ја управува јахтата.

Додека не дошол Стојанче

Ај се кладиме дека нема да погодите за што е реклама во која група азијати, се држат за раце и во драматични ситуации меѓусебе се бодрат за да издржат. Ние сме малку лајави па не можеме а да не ви дадеме хинт: Стојанче вакви со глава ги крши.  

„Ролка и сако“ досега немале вакви сојузници

Од денешната доза на „кој ѓавол ми требаше да го видам и слушна ова“, издвојуваме:

Мајсторе, задња

Терапевтска епизода од алтернативна медицина за болки во предната страна на телото, нивно ненадејно исчезнување и појавување на сосема друго место. Како што ќе видите, после сеансата, најбитно е да направите опуштен карате потег со рацете.

Офсајд, како крикетот?

Далдисани по фудбал, ракомет и баскет, нашиве дечки од Офсајд некогаш пропуштаат исклучително интересни спортски видеа. На пример, доаѓањето на женската крикет репрезентација на Австралија.

Исповед на поранешен симпатизер што го објаснува крахот на Трамп

Ова видео е и ќе остане во историјата како клучен запис кој на идните генерации најсовршено ќе им го долови поразот на Трамп на изборите 2020 и како основите на теоријата на интерсекционалност им ги отворија очите на гласачите на Трамп од срцето на работничка Америка, да согледаат дека постојано се лажени од некогашниот претседател.

Се сретнале Синан Сакиќ и Крафтверк...

Математички гледано, два плуса не можат да дадат минус. Етички гледано, две добра не можат да дадат зло. Музички гледано, сè е можно.

Под душекот сте?

Да беа наши полицајци, ќе излезеа од собата со заклучок: Го нема! Да беше наш новинар, прашањето ќе му беше: Господине, под душекот сте?

Лекции од милијардер

Чамат Палиапитија е поранешен вработен во сендвичарите на Бургер кинг, кој денес животот го минува како милијардер, и ова никако не треба да биде сфатено дека тоа е стандардната траса што го чека секој што некогаш работел/работи во сендвичара. Иако има пари за давање (нема да ви даде), Палиапитија има и некои лекции од својот живот кои радо сака да ги сподели.

Додека не го исшмирглале и овој споменик

„Тука“ денес е во паркот во Козле кај кулите во близина на некогашна Алумина. „Бугарската фашистичка полиција“ и денес е бугарската фашистичка полиција, а и ќе остане.

За сите ќе биде полесно ако се договориме дека ова е наместено

Девојка застанува на сред улица и обвинува двајца момци во џип дека ја следат цело време и им кажува дека ќе викне полиција доколку не ја остават на раат. Момците пак имаат алиби за своето однесување.