Животни

Твое десно

Видео снимка од лице в лице ситуација со возрасен машки лав. Со сигурност оваа фаца на лавот значи: Можеби треба да престанеш да зјапаш во мене и да погледнеш десно.

Витештво кое преживеало

Тепачка за територија меѓу две мечки, и тоа жестока, каква што и само може да биде меѓу два вакви капиталци. Но, пазете, нема тука желба да се уништи и дотолчи противникот, да се згази и да не му текне да стане, како што има во оние човечки тепачи во кафези, како на избори или на политички ТВ дебати. Просто, одмерување на силите. Некој ќе се повлече и тоа е тоа. Има човекот уште многу да учи од „дивите“ ѕверови.

Песови кои играат мрежно

Три кучиња имаат задача да натераат 5 гуски да пројдат низ обрач па потоа под девојче кое прави мост. Како ли се постигнува ваква дресура?

И кравата е човек

За да биде среќно, секое живо суштество има три фундаментални потреби: за храна, за вода и за гушкање.

Садизам со комарец

Време е за мала одмазда на крвопијците. Само треба да најдете некој од оние кои ги убедиле дека не постои друг пат па упорно бодат во празно, тешејќи се дека се блиску до целта.

Жнеење на последното парче

Се фуфкаа од белјите во комшилукот ама се туткаа и си викаа дека нема да дојде кај нив. Белјите звучеа сè поблиску ама тие си викаа, можеби ако уште малку се збиеме, нема баш да нè потрефат. Се стуткаа уште еднаш и се правеа дека не го слушаат звукот на машинеријата која расчистува терен околу дивите племиња.

Со лав само на руски можеш да се разбереш

Се вика Олег Алексеевич и нема појак од него. Лавица има грабнато јакна од некој турист и си игра со неа. Пошто не му ја пушта јакната ( а ја бапна и со папуча по глава), Олег му вика на еден лав да биде другар и да помогне. Го разбра бе!.

Не требаше да го видиме ова

Во редакција си се лажеме дека е некоја намештаљка, анимација, такво нешто. Пошто ако прифатиме дека е вистина, ние во Атлантски океан (кајшто живее гадов) ние нога веќе не ставаме. Ѕирнете за да сфатите како ни се одмили една од омилените пцовки (со опроштење, „у уста те пунам“) за која досега верувавме дека е универзално употреблива.

Гризли без препреки

Ако некогаш сте помислиле дека сте побрзи од мечка, да ве пишманиме додека не сте решиле да се пробате - не сте. Ниту побрзо пливате, ниту побрзо се качувате по дрвја. Ништо не сте „по“ од мечка.

Реплика на реплика

Она кога во дебатна емисија ќе фатат да се инаетат кој да го каже последниот збор на некоја тема? Е, тоа.

Школски автобус, за кучиња

Дури после ова децата нема да сакаат да ви одат пешки до школо.

Школски автобус, за кучиња

Дури после ова децата нема да сакаат да ви одат пешки до школо.

Змијо македонска, ич не уважавам те

Викаат дека на Црногорците омилено животно им е змијата бидејќи „ем лежи, ем оди“. Оваа ќе да е наша, македонска, пошто „ем лежи ем врз себе гази“.

Жена и маж на шопинг

Попрецизен опис на тие два различни пристапа нема да најдете.

Надежта за секс последна умира

Една машка жаба (жаб?) цели 10 години живее во присилен целибат пошто го рачунале за последниот жив примерок од неговиот вид. Но, луѓе покренуваат акција, се враќаат во длабоките шуми во Боливија кај што овој бил најден, буричкаат по тоа реките и му наоѓаат женка! Нашле две, само што едната е мала, ама затоа другата е иделна за парење. Ги викаат Ромео и Јулија. Јулија моментално е во карантин за да не донесе некој трипер а Ромео се остри. 10 години! Можете ли да замислите колку допрва ќе му се ококорат тоа очите?

Кучешка магија

Супер штосен промотивен спот за шелтер за вдомување кучиња. Магионичар им прави трикчиња па човек може да си одбере кучешки табиет кој му одговара според реакцијата на трикот.

Змијата митбастер

За змиите се верува дека во суштина се мирни животни кои никогаш не напаѓаат освен ако не се уплашат или се почувствуваат загрозени. И си седиш така во полициска станица во Тајланд....

Нинџа на гелендер

Не мрда, а се приближува. Секој кадар смрзната, секој пат поблиска. Така се движат нинџите.

Не биди сам против хиените

Мала животна поука од документарецот на Би Би Си. Кралот упаѓа во територија која гадовите ја сметаат за своја. А Џони за гадовите вика:„много их је и страшно галаме“.

Ако си вол, паметно е да си голем

Иако се дружи со носители на телешко месо кои ќе завршат на трпеза, еден австралиски вол ќе си го продолжи животот благодарејќи на својата големина. Се вика Никерс, има седум години, висок е 194 сантиметри а тежок 1.400 килограми. Просто, не може да биде транспортиран до кланица а и таму не може да помине на стандардната лента на смртта. Цврц!

Со еден збор: Индија

Видеото не е ништо посебно но ситуацијата е уникатна и смирувачка за вашите секојдневни проблеми. Замисли, лебот го вадиш од нешто во кое основно средство за работа ти е змија. И некој ти ја краде на улица. А ти ја краде мајмун! Кому после да се исплачеш?

Мечкин ПР

Затворената средина во која живеат, конкуренцијата и желбата за малку внимание и храна, ги натерало овие мечки регуларно да прават мајмуни од себе. Секоја асоцијација на "Балканот и ЕУ" е... сосема разбирлива.

Во Јапонија имаат некои други животни

Кај нас кучето прави „ав, ав“, мачето „мјау, мјау“, пајакот не прави никако... Во Јапонија некои животни им звучат сосема поинаку. Ковертирајте го однапред својот потег: Што мислите, како на Јапонец му звучи прасе?

Четвороножните браќа Далтони

Три кучиња за кои не е сигурно дека имаат некакво педигре, ама затоа е сигурно дека се од исто легло.