Фасцинантна видео снимка од воено-градежен потфат на мравки. Илјадници или милиони од нив изградиле импозантен висечки мост до главната фортификација на нивниот смртен непријател - стршлените. Кој тоа го командувал, како тоа оди, господ ќе го знае. Јасно, вакво единство кај нас веднаш би се квалификувало како фашизам.
Целта на документарец за природа најчесто е да биде крајно поучен (со исклучок кога намерата му е да биде искористен за некои крајно неразумни лични агенди). А зошто па да не биде малку помалку поучен и неспоредливо позабавен, само со помош апдејтувана нарација.
Следен пат кога некоја од домашните женки (мајка, цимерка, девојка, сопруга) ќе ви каже дека од домот сте направиле свињарник, пуштете ѝ го ова видео. Да ѝ биде уште потешко. Дека дури и свиња можела подобра од вас да ѝ се падне.
Геко бил оставен во кабина и пуздер ги има направено седиштата. Па сега газдата му се насерува за сите пари. Го пцуе до немила и недрага, ама некако е јасно дека се сакаат до небо.
Мачка со инсталирана поддршка за лаење. Кога треба да брани куќа, имитира куче, кога ќе ја фатат дека се понаша трансџендер, се враќа на мјаукање. Кул.
Медо е улично куче. Живее наваму - натаму во населбата Стар Аеродром во Подгорица. Деновиве доби заслужен епитет на вистински херој кога спречи една маалска женска да биде ограбена а лопужата го натера во збег. Многумина од луѓето само би свртеле глава настрана.
Иако елените како вид имаат фатено глобално добар пи-ар, работите во Јелоустоун тргнуваат значително на подобро откако во паркот се ослободени 14 волци, кои се толку ефикасни во маскарирање елени што целата популација почнува да бега од дотогашните живеалишта и да се крие во понедостапните предели. Само по ова, започнува комплетната „ренесанса“ на паркот.
На јавни хостинг сервери постојат 15 милиони фотографии тагнати со „маче“. Овој проект се ограничува на еден милион слики од кои можеш да дознаеш во која куќа живее сопственикот само затоа што бил горд на своето маче па решил да сподели фотка од него.
Мамбл имаше проблем со својата околина затоа што сите пееја а тој сакаше да игра. За овој индивидуалец во егзистенцијална криза никогаш нема да дознаеме зошто се реши да ги напушти своите и да тргне сам, во сигурна смрт.
Јапонци исфрлуваат забавна емисија во која натпреварувачот не треба да направи ништо освен - да пипне лав. Кај нас на ТВ максимум зајак се има појавено ама кај нас па задачата на водителот е малку поинаква.
Тоа што водата е мирна и изгледа пријатно а вас ве фаќа жештина, не значи дека одма треба да рипнете во неа. Не знаеме што чудесии се оние, ама, после ова и Матка поинаку ќе ја гледате.
Волците важат за непотрeбни штетници но не е секогаш така. Во 1995 година пуштиле 14 волка во американскиот национален парк и малку по малку, животот во него воскреснал.
Да го запознаете најјакиот фраер на оваа планета. Нема среќа да е атрактивен и веднаш да им падне во очи на женските, па затоа мора да се потруди. И не го мрзи да покаже дека го бива. А го бива многу.
Движењата на јато птици (или риби) е една од најголемите мистерии на светов. Кој тука дава команда, како ова функционира, комплетно нејасно. Ние луѓето на зелено на семафор не можеме да тргнеме како што треба а тие во секунда синхронизирано менуваат правец. Како да се од друга планета. Или пак можеби ние сме од друга планета. Некоја која решила да се ослободи од својата шкарт роба.
Затоа што тероризам, немаштија, корупција, санкции, расправање со секој можен што не пишува кирилица им е малку, сега Русите треба да се справуваат и со тигри во купатило.