Животни

Се знае „за кога“

Има една анегдота од тоа работните акции по Југославија дека Македонците редовно заебувале една тогаш стандардна парола. На прашањето поставено на српски („За кога?“) наместо исправното „За Тито!“, одговорале по нашки, па здружено извикувале „За сега!“

Зоолошки радости

Многу е поедноставно да му се радуваш на снегот кога ги немаш стандардните инфраструктурни проблеми и кога не е проработена кенкавата страна во тебе. Едноставно убаво ти е што сè е во снег.

Неудобно ви е некако?

Решете се од тоа чувство како јастог. Тој успева да расте само благодарејќи на тоа чувство на нелагодност и притеснетост. Да имаше јастогот доктор, ќе му дадea валиум. И никогаш немаше да порасне.

Маалска планета Земја

Како би звучела сцена од Бибисиевата Planet Earth 2 кога нејзиниот наратор Дејвид Атенбороу би бил некој што поради уличниот речник никогаш не би можел да добие благородничка титула.

Зборете ми за другарство

Космички хепиенд на приказнава е двајцата да бидат заедно посвоени.

Човекот и соколот

Во онаа поговорка "И волкот сит и овците на број" мора да постои и некоја жртва која ни ја кријат.

Избегај им и после гледај ги од високо

Вие меѓу отровните коментатори по социјалните мрежи, Вие излезени во градот полн со локални јебачи и спонзоруши, Вие меѓу партиските ловци по приврзеници или непријатели.... Кој филм и да си го направите во глава, наравоучението е исто (види наслов). Би Би Си, претплатата да ти се позлати.

Најневеројатната документарна снимка во историјата на документарците

Кога го најавија вториот серијал од Планета Земја, општото расположение беше: нема нешто подобро да состават од кецот, ама барем ќе има нови снимки со тој квалитет (кој и онака е нечовечки висок). Наспроти вака неамбициозните очекувања, двојката од Планета Земја изгледа е следното ниво во документарците за природата.

Таму крави, овде волови

Лежат по улица, дозволуваат да газат преку нив и - среќни се. Македонија до Индија!

Животните кои веќе ги нема

Ретки филмски снимки (и подолг список) со животни кои се веќе истребени. Се чини дека човекот може сè живо на светов да истреби, освен стоката во своите редови. Ако не ви се верува, пројдете 15 минути читајќи некоја фејсбук кавга.  

Не е вест кога куче лае на човек

Вест е кога човек лае на куче. Добро, не е вест, видео е. После кое некогаш ќе се зезнете и ќе се пробате со дога.

Кој го тоа направи?

Лесно се води истрага кога имаш осомничени со грижа на совест. Со џукели на две нозе истово би одело многу потешко.

Колку е жешко во Саудиска Арабија?

Видеото личи на наш човек кога се враќа дома од работа.

Како луѓето се чувствуваат насабајле?

Како волци! Гладни и орни, спремни за нов ден, за нов лов, за нова потрага по возбуда... Имаме видео.

Во ниедна градинка не успеало ова

Дузина кучиња, чекаат мирно да бидат викнати по име за да тргнат на јадење.

Генијален начин за спас на пчелите

Ајнштајн своевремено предупреди: "Ако планетата ги изгуби пчелите, луѓето ќе изумрат во следните 4 години". А натаму оди работата, главно заради  уништувачкиот ефект на паразитот Вароа против кој човекот досега неуспешно проба разни хемикалии и киселини. Но, се чини, сме му доакале на гадот, на прилично чист и елегантен начин: да му направиме потопло отколку што му е ќеиф.

За бубачките што 17 години беа под земја

Инсективе (Cicada) еднаш во 17 години излегуваат од под земја, живеат меѓу две и шест седмици на површина и умираат. За да не си губат време за глупости, Џон Оливер им направи мини апдејт за тоа што го пропуштиле овие 17 години. Последен пат беа излезени во 1999-та.

Кога лавицата ти памти

Лавицата се вика Сирга, човекот се вика Валентин. Пред неколку години Валентин ја има најдено Сирга истоштена и на неколку часа пред умирање. И става ифузија која е мешавина од крем, млеко, јајца и витамини. Двајцата одамна се немаат видено.

Не е само каменот што од блиску доаѓа

Ако денов ви е тргнат на лошо, пуштете си го видеото, тек да видите дека секогаш може полошо.

Упатство: Како се игра со куче?

Новинар на Вол Стрит Журнал прави интервју со познатиот шепкач на кучиња Цезар Милан. Значи, имаш новинар, топка и куче. Што прави новинарот? Му ја фрла во муцка на кучето! Може па мисли дека е куче - одбојкар. 

Најдобриот Мајк Пауел на човекот

Нацу е од Португалија и е член на атлетскиот тим кој се натпреварува во дисциплини како што се скок во далечина, вертикално искачување и слободни скокови. Нацу е четвороножец и колегите го гледаат како Мајк Пауел.

Не е ајкулата сом

Кит ајкулата може да прекрши човек ко грисина. Ама затоа е доволно интелигентна да остане кротка ако види дека човекот е дојден да ѝ помогне. Пробајте најдобронамерно да му помогнете на глуп човек на социјални мрежи, да ја почувствувате разликата.

Па немогуќе!

А ние мислевме дека ги познаваме односите на силите во животинскиот свет. Да не знае веќе човек на кого може да му се курчи.