Забава

Како стартува бебе

Бебе кое се буди е како шалт табла од кола кога се става контакт клуч па се проверуваат функциите на моторот. Незадоволство - има, гадење - работи, одбивање - присутно, смеење - чекирано.

За освојувачите на Трон

Ако една од ставките на вашиот "Bucket list" е некако да се зближите со Шарлиз Терон, редно е да научите како правилно се изговара нејзиното име и да навикнете на дијалектот на кој таа наутро ќе ви шепоти на перница мека бела.

Угандин за глава

Откако ќе видите како во некои делови на Африка се решава главоболката, има да ги гушнете своите омилени таблети и сосе златце да ги пиете. Запазете го само тој звук!

Радоста се учи

Можете да не ни верувате ама ние стварно познаваме близначки кои вака се радуваат. И тоа го имаат научено само гледајќи го татко им, кога ќе седне на маса а ќе му кажат дека шприцерот е изладен.

Најхипер реализам

Го чекав на она прекршеното кај парчето десно-горе, ама и тоа го нацрта! Си немал ѓаволот апарат, си ги цртал картите....

Еволуцијата на Луи СиКеј

Од нула до сега раскажано од Луи (ненамерно), со многу клипови од времето кога бил суруш, па додека да дојде број 1 и сето тоа со многу спомнување на Џорџ Карлин.

YU рок митологија

Легендата вели дека Јура Стублиќ од Филм запознал жена од Кина. После една интензивна заедничка медитација, Рол Овер Јура ги отворил своите застаклени очи и прашал: "Кој е најлесен начин да одвоиш жолчка oд белка?" Таа му покажала а Јура седнал и го запишал стихот: "ти си жена која тајну зна".

Одмаздата најдобро се сервира розево

Наравоучение бр1: никогаш не буричкај по туѓи Фејсбук профили. Наравоучение бр.1: ОСОБЕНО НЕ по профилот на постариот брат, бидејќи тој знае да врати офф нет. Хајлајц: кога тинејџерот признава дека го мрзи да враќа во првобитна состојба.

Погледи со задни намери

Ова е еднa од најнефер позициите кои може да и се доверат на една камера. Цел град го изнагледа, а ние мораме во нив да блееме.

Одвежбано во виорот

За да го постигнат овој степен на слобода на движењата, на четворицава момци им бил потребен воздушен тунел и безброј часови вежбање. На Русин му е потребно литар вотка.

Бесрамниот Луис

Цели 55 минути безобразно, навредливо и најважно од се ултра забавно "обраќање" на моментално најпоганата уста на американскиот стенд ап, Луис Сикеј. Па, кој сака, бујрум.

На илузијата и се кратки прозорците

Конечно една илузија која нема да се задоволи со тоа да ни докаже дека окото ни е чкарт, мозокот ни е глуп а врската меѓу нив дајал-ап. Оваа е со објаснување + материјали за да ја направите.

Рамазан или Бетмен?

Што правиш кога си муслиман и верник и истовремено фан на Бетмен, а премиерата на новиот филм се поклопува со првата ноќ на Размазан? За оваа и другите дилеми околу филмови, видеоигри и стрипови за време на Рамазанските пости, во филмот - пазете добар наслов - First Knight of Ramadan. 

Не, ја не можам мразој да гледам!

Уште еден доказ дека Кинезите ќе го покорат светот а сите ние ќе ги служиме како робови. Но сикирики, барем мраз за пијачките нема да мора да им носиме.

Абе оди книга фати

Од старт треба да ти е сомнително ако 8-годишно дете се појавило на сред уличен натпревар во брејкденс и уште им се чатали на големите. Малиов е ѕвер.

Татко на годината

"Изгледаш како да си му украл панталони на џуџе!", е дел од супер реметот кој еден татко пред камера му го прави на својот син тинејџер фаќајќи го како сака да излезе надвор со оние ужасно тесни и ниски фармерки кои се носат на половина газ. И после го тера да чучне. Остатокот од семејството си живее регуларно.

Следниот Ајфон

Луис Ц.К. за тоа колку е глупо цело време да се гео-тагирате каде се наоѓате, и уште колку е поглупо тоа што мислите дека е феноменално што некоја компанија ви дозволува сите ваши лични работи да ги чувате кај нив.

Година на акциони херои

Видеото треба да е микс од филмовите на 2012-та (што излегле и допрва што треба да се појават), ама изгледа тие што го правеле гледаат само акицони филмови.

Да бе!

Ги знаете оние "ПРЕД" и "ПОТОА" фотки кои покажуваат фрапантни разлики кои ги прави некој производ или сервис за слабеење и обликување на телото. Финтата била проста: ротирајте ги "пред" и "потоа"! Со други зборови, прво ги сликаат кога се најфит а потоа ги улежуваат.

Да, сите се исти

Има нешто во женските што ги поврзува, што ги прави единствени, што ги спојува и што претставува едно од нивните клучни обележја - нивниот однос кон камерата.

Запознајте ја Грција

Со суштината на економската "криза" (никогаш не му верувај на Грк кој вика дека е шворц) и со пар детали од грчката култура ќе не запознае Јанис Папас, еден од најуспешните грчки комичари. Мустаќ, бројаница, папуча и бела чорапа. Сето тоа е доказ дека дечкото е упатен во темата.

И таткото е човек

Еве зошто некои скопски татковци молат бога единствената ваква забава за нивните деца во градов да остане она јадно вовче во Луна Парк.

Синоќа се направивме утоп

Одиме до еден фин њујоршки бар: шанк, лесно облечени женски, шипка, пијачки, пикадо.... Добра страна: никогаш нема да ви замириса соседна мишка. Лоша страна: не се пуши.