Кога гледате туѓи кавги некогаш не ви треба звук за да погодите што е темата. Да речеме, од ова видео, точно ви е јасно кој негов дел нејзе најмногу ѝ згрешил.
Она што беа Карл Малоун и Џон Стоктон во кошарката, овие двајца се во градежната оператива. Совршени пасови со - цемент. Едниот додава со лопата, другиот фаќа со мистрија.
Животните испуштаат гласови за да комуницираат со блиските. Ќе се препознаат, ќе врзат два реда муабет, ќе продолжат со живеачката. Оваа коза се најде со Ашер, точно во тон, со исто вибрато. Треба заедно да се појават на Идол.
Во трејлерите за неделава Абрахам Линколн е во зомби варијанта, Џони Кеш го најавува вестернот на Тарантино, Кроу и Џекмен се ликови од книгата на Иго, акционен филм со велосипеди низ Менхетен и опуштање со Мерил Стрип, Томи Ли Џоунс и Стив Карел.
Во некој паралелен универзум сценариото за Војна на ѕвездите му текнува на некој сценарист на теленовели, наместо на Џорџ Лукас. Не баш истото сценарио, ова има повеќе страст, романса и слични мирудии од кои се прави шпанска серија.
Приказната е следна: Филмот влегува во последна фаза, уште неколку ситници и работата е готова. Од непознати причини некој пишува /rm -rf * на еден од Линукс серверите на кој се чува целиот цртан. Еве што се случува понатаму:
Точно не ни е јасно зошто ама малиов ја има веројатно најдолгата шифра за Фејсбук. Есеј богати! Кога ќе порасне и ќе го прашаат, ти на што ја потроши младоста, ќе каже - на логирање.
Една вентрилоквистка, еден доброволец од публика и една маска. Тоа е сè што треба да пореметите јавен идентитет на еден човек (запазете само како му се разликува говорот на телото од она "што го зборува"). Пишурија која неодоливо потсетува на настапите на некои македонски портпароли.
Џими Кимел го има најјакото обезбедување на свет. Решил да ја реметат жената така што секој дента ќе и прави "да пукне". А таа - неприкосновена господарка на дружељубивоста! Или можеби е со нерегулиран престој па си вика: Ќути жено, може овде е така.
Знаеме дека животот ја имитира уметноста ама мораше ли на нашиве животи да им се паднат баш Симпсонови? Во Спрингфилд доаѓа скулптурата на Давид од Микеланџело. Загрижените мајки (Марџ им е потпарол) оценуваат дека ремек делото е максимално вулгарно и дека треба да му се облечат фармерки. D'oh!
Пренапалени активисти (за која било кауза) знаат да бидат најдосадните тролови на планетава. Не опасни, не одвратни, туку баш така, досадни. Затоа што она што прво им го убива каузата (национална, сексуална, асексуална) е смислата за хумор.
На 31 март 2012-та година, едни од најдобрите гласовни таленти на планетата Земја се собраа за да ја оживеат трилогијата Star Wars. Саат и и дваесет минути, тотално уживање во една фантастична радио драма.
Иако поштуеме добра тепачка (нема ништо подобро од добар нокаут, освен можеби Тифани Томсон), главно на сајтов не ги објавуваме, да не се напнуваме непотребно. Правилото важи - сè додека на наидеме на ваков удар! Прецизен како ласер и неминовен како божја казна! Бам!!! Топаловиќи би рекле: Убиј ѓубре!
Уште едно јавно запросување на кое и најголемите мрчатори (=оние кои поседуваат универзална дефиниција КАКВО ТРЕБА ДА БИДЕ запросувањето) тешко ќе му најдат мана. Шармантно, амбициозно и весело! Да сум жена, вака би сакал да ме запросат. Само со друга песна, да ги видам сите можни блиски како ми глумат спот на Марјан Стојановски.
Сте го гледале The Men Who Stare at Goats? А мора, ако за ништо друго тогаш заради Џорџ Клуни и сцената со "sparkle eye technique". Туку, вака некако почнале јунаците на филмот?
Оланд ја заврши полесната задача, да го победи оној гмаз Саркози. Сега му претстои потешката - да учи протоколарни процедури. Му се падна строга ама праведна учителка, Ангела душо, Ангела Меркел.
Автентична снимка од една мала сообраќајна незгода од Баку. За среќа, нема повредени. Од извори блиски до азербејџанското МВР дознаваме дека добриот камионџија стопирал извесна претставничка на Еуросонг која брзала на проба. Ја качил во кабината а таа по некое време почнала на чист англиски да му дава инструкции каде да вози.
Британците не ја изгубиле изгубила смислата за хумор. Сцена од нивниот Парламент, кога пратеник по грешка му седнува во скут на колега. И почнува лавина од сеири. Кај нас седнувањето во скут е стандардна партиска дисциплина.
Баталете пилатес, кросфит и други безвезарии. Оваа вештина постои од 1974-та година, нејзин родоначелник е Тони Меккабе а сè што ви е потребно од опрема е во близина да имате или некоја кокошка или некој маж.
Ова малку страшно ама можеби има вистина, луѓето го покажуваат своето одвратно лице само кога не ги гледаш. Чек, ви се гледаат ли и вам накази или нас дилерот нè почастил?
Некаква момачка забава, тој треба да рипне со банџи од огромна висина. Го носат до "бездната" сo врзани очи. Можете ли да замислите колку бил збунка кога шлапнува?
Да, пред едно 4 години го имаме објавено ова и секогаш кога ќе налетаме на него, пак пали како и првиот пат. Или ние сме дунстери или ова е тотален евергрин.
За едно вакво парче потребни се 1) само четири Ајфони 2) еден тон труд и талентираност. Претпоставена реакција од мк креативец: Ах, каде да најдам 4 ајфони во оваа држава без никаква стратегија и сенс за младите креативци а спонзорите се без даночни олеснувања...."