Забава

Преоѓање на Рубиконот

Wishful thinking: Македонци -  Сакате ли војна? Албанци -  Сакате ли војна? Тргнува најлудиот и... доаѓа Американецот. Алтернативно: од една страна радикални христијани, од друга вахабисти. Тргнува најлудиот и... доаѓаат оние од Комаја.

Џурасик реалност

Малиов има одлични инстинкти за преживување. Најверојатно обожава да си игра со диносауруси, ама додека не се живи. Пратете реакција.

Размислувајте во сите правци

Како да извојувате победа на 50 метри долга пливачка патека? Совет од Јапонија: не размислувајте хоризонтално.

Прекардашијан

Снимка со три пензионерки кои опуштено и раздрагано го гледаат секс видеото со Ким Кардашијан. Не сте свесни колку се дражесни.

Третата фаза

Постојат три фази на пијанство: 1. пијан 2. дрво (камен, гипс, ќумур, зелка...) пијан и 3) руски пијан. Ги прескокнуваме првите две.

Два света

Мoжеби е точно дека возрасните и бебињата зборуваат со различни јазици а меѓу нив постои весела провалија од суштинско недоразбирање.

Евровизиски дијалог

Жива и весела дискусија меѓу нашите двајца главни евровизиски полиглоти. Знаете кои двајца, не се правете Енглези. 

Од Африканецот

Како и за сè останато, Холивуд има соодветен стереотип и за Африканците (како луѓе што живеат во Африка, наспроти црнци што живеат во САД). И сето ова ним не им се допаѓа.

Брза на јазикот

ВИСТИНА е дека некои девојки треба да отворат уста за да видите дека можат да бидат змии. ЛАГА е дека додека го гледате клипов, нема барем еднаш да пробате колку може вашиот јазик.

Виндоуз во живо

Како би изгледале нашите животи кога би биле потпрени на оперативниот систем на Бил Гејтс?

Калимеро е машко

Никогаш не се залетувај по автобуси и девојки. За автобусите, другпат.

Заразно преправање

Тоа што дечкото се преправа дека умирa од смеење нема да ве спаси да не се заразите. Ако е се во ред со вас. Ставајте на рингтон или аларм, нема шанси да не ви биде подобро.

Кога ќе налетате на работа

Силни сте, цврсти, сте научиле да покажете и рогови ако треба. Но, еден ден сфаќате дека се наоѓате на погрешната страна на животот. На спротивната е сè што посакувате: забава, пријатели, љубов, секс, слобода. Се затрчувате и... наидува вашата работа.

Свадбени танци и ора

Не, не баш. Оваа компилација од стотина весели свадбени кореографии е кога ќе дојде време за музика "за младите". Пајдушко и онака сите знаеме.

Златни јајца

Така се вика квизот а целта му е ја тестира човековата лакомост или подготвеност да му верува на противникот. Овде имаме една тотално луда завршница.

Зен на денот: два вида жени

Дневникот на Радио Телевизија Србија не се занимава само со дневна политика. Истражувачкиот дух на новинарите ги води кон луѓе кои продреле во некои универзални вистини.

Дрогаш еден масен

Неименуван коментаторски талент од Црна Гора врши пренос од концерт на Стоунси, со посебен осврт на тактиката на еден - од дрога пролупан - посетител. При што и коментаторов звучи како да е на хемија.

Модата е слепа

Ете. Можно е да се види како манекенка паѓа од пистата (два пати) а да не се помисли веднаш: Глупача една, не знае да оди! Али, oнда, кој ѓавол па  прифатила да носи таква "мода"? Енивеј, манекенка паѓа од писта. Два пати.  

Тестираме емпатија

Чудна е тоа работа: способни сме да сочувствуваме со некој кој има телесен хендикеп, ама додека не утврдиме дека истовремено е и глуп. А нефер е тоа, биинг глуп е особено за жалење.

Му се може

ТВ вклучување на еден човек по име Кевин Систром во кое тој ја изразува својата весела природа. Што треба да знаете за да го разберете неговото урнебесно расположение? Дека Систром е еден од основачите на Инстаграм за кој Фејсбук ќе изброи една милијарда долари. Е, мнооогу смееешно, мнооогу смееешно....

Гледај пред себе

Нема толку глуп сеир кој не може едно ведро смеење на крај да го оправда. Овојпат, едно учукување во кола, сосема безопасно. Наравоучение: секогаш гледај напред!

Вести од иднината

Една мала секвенца од Саутпарк, чисто да ѕирнеме како ќе изгледа односот држава-поединец во догледно време. Срање.

Долга е раката на Русинот

Во Русија е смислен ултра софистициран и ефикасен систем против кражби на гранапчиња и трафики. Бонус од изумот: не можеш да фатиш грип од продавачот.

Лупење јајца

Животно заинтересирани да заштедиме драгоцени мигови во пост - велигденскиот период на масовно лупење јајца, за помош се обративме до Господин Господин Интернет. Што научивме?