Забава

Малку треба за комшиска драма

Дечко кој шета по маало забележува дека еден од комшиите стално го снима кога проаѓа покрај неговата куќа. Решава и тој да го снима. Снима едниот, снима другиот.  Првиов, оној што снима од дома, решава пријатно да го изненади комшијата. Не се разбраа. Приказната завршува со уплав и бежанија.

Јапонија, земја на луѓе

Ни најмалку немаме намера сами да се посипуваме со пепел или да навестуваме некаква инфериорност на нашите луѓе. Сигурно и кај нас ќе се најдат такви што ќе му помогнат на човек кому му се случила некоја беља (на пример падне па му се истури сè од раце) ама вака беа размислување и инстинктивно да притрчаат во помош толку многу луѓе, алал вера. 

Кои сте вие и долго ли свирите?

Жена ова ги прашува никој друг туку Браjaн Mej, Џими Пејџ, Ерик Клептон и Џеф Бек! Не е чудно што не знае кои се овие гитарски чинари а уште помалку „колку долго“ со тоа се занимаваат, бидејќи нејзиното „долго“ беше различно од она што е долго за останатите смртници. Кралицата Елизабета, која круната ја носеше 70 години, повеќе отколку што се стари овие „клинци“.

Селена Гомез изгуби 800.000 луѓе на Инстаграм

Популарната пејачка и глумица со мексиканско потекло, Селена Гомез неодамна имаше емотивен бродолом на Инстаграм, нормално, со вклучена камера (иначе не се важи), за да се види како таа плаче до небо за судбината на оние кои Трамп ќе ги депортира немаат документи. Брзо го избриша видеото откако виде дека постигнува контра ефект бидејќи многумина не паднаа на таа пренагласена патетика. Не доволно брзо бидејќи во меѓувреме ja отследиле 808.500 лица. 

Доналд Трол

Доналд Трамп на една поранешна средба со ужасно важен и чувствителен гео-политички соговорник и потенцијален нуклеарен непријател. Делот од средбата кој е отворен за новинарски екипи и за сликање па Трамп им вика на фотографите да гледаат тој и соговорникот да испаднат „убави и тенки“. А потоа камерата открива кој е тој другиот што треба испадне тенок.

Кога нема да го познаеш Вилем Дефо

„Контент креатор“ кој запира луѓе по улиците на Њујорк и ги прашува оние безвезни прашања кои обично ги поставуваат на интервјуа за работа: „Каде се гледаш себе за пет години?“, налетува на Вилем Дефо и го прашува од што живее. Кај нас некои од познатите јако би се навредиле и надуле да ги прашаат така. Ама денес 69 годишниот Носферату одамна е кул и приземен фраер.

Гага пијачка или бакшиш?

Прилично досетлив начин да се понуди бесплатна пијачка или да се натовари фин бакшиш од оние кои пробуваат да го победат системот. А системот се состои од лимон во чаша вода на кој треба да оставиш монета и ако таа остане горе, добиваш гага штуц пиво. Ама обично паѓа па барот собира по 80 евра секој ден. Не сакаме да помислиме што сè нема да им текна на луѓе кај нас за да победат.

Поле за културни позајмици меѓу народите

Будалаштината наречена „културна апропријација“ (како нешто лошо) започна уште кога го критикуваа Елвис Присли зошто фраерски мрда со колкови кога тоа е црнечки „потег“. Концептот доживеа гротескни размери последниве години, во меурот на разбудените. Дечко белец облекува мексиканска облека и наидува на бран критики од прогресивните. Со истата облека оди кај Мексиканците, му викаат, супер си бе дечко.  

Ашер да се јави на вулканизер

По повод едно дамнешно финале на Супербол, Џими Фалон и неговиот бенд од шоуто, одличните The Roots, собраа познати фаци да ја отпеат „We are the Champions“ од Квин. Кристина Агилера, Аријана Гранде, Ашер... Особено Ашер. Помислил дека во монтажата баш тој ќе биде центриран во средината на екранот и така и се понашал. И глејте како глупо изгледа.   

Првата разделба од која боли душата

За разделбите, што привремени што трајни, се напишани безброј песни, поеми, книги, направени се филмови, претстави, насликани се дела.... А и без уметноста, секој ја почувствувал таа грутка во себе, кога се разделува од родители, пријатели, татковини.... За сè има првпат. За пинцуров, ова е тоа. И да го заборави настанот, душата ќе му ја памeти празнината. 

Како Џордан ги реши хејтерите

На почетокот на неговата глобално растечка популарност, предавањата на Џордан Питерсон беа жестоко кочени од групи млади о(без)свестени лица кои пробуваа да го блокираат, да не му се дозволи „да труе“, па доаѓаа бучни и лајави, со транспаренти и јаки пароли. Како Питерсон ги преееба? Просто. Почна да ги закажува предавањата рано сабајле. Јер „револуционерите“ сакаат да поспијат.

На феминистките ова нема да им се допадне

Од кај Роган: гугалјте ги најбогатите жени на светот. Од каде им се парите? Не им се од бизниси, кариери, стартапи. Најбогатите жени на светот успеале да се омажат и после разведат од некои ликови. Добро, во тоа елитно женско друштво постои една која беше најбогата од сите и сама работеше на своето богатство. Се вика Елизабeт Холмс и сега е зад решетки пошто тоа беше тешка измама.

Демонтажа на „експерт“

Дечкото звучи уверливо давајќи совети за правилно хранење и грешки при јадењето. Главно, да не се пие вода пред и после, за да не се разблажува стомачната киселина која треба да ја свари храната. Се повикува на објава на „официјална медицинска страница“ па преку водата доаѓа до бактерии кои го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар. Ништо од тоа нема врска.

Кога психијатрите се искрени

На дамнешна конвенција на американски психолози, новинар ги начекува со прашање кое го доживуваат како многу забавно: Колку пациенти имате излечено? Одговорите им се барем искрени и се движат од нула до еден. Еден од анкетираните психијатри е особено директен. Вика, не мислам дек кој било ОД НАС може да биде излечен од било што. Да беа „лајфкоучови“, ќе тврдеа дека имаат 100% успех.

(Б)анално прашање на денот

Некоја западна верзија на Проводаџија. Таа признава дека е малку чудна личност но тој ѝ се чини дека може тоа да го поднесе. А потоа девојката му кажува за себе три работи: а) дека е поранешна дадилка, б) дека понекогаш пишува поезија и в) дека понекогаш снима анално порно. Пазете го сега неговото прашање. 

Шалтерско проклетство

Го ребрачат дечкото. За нас, кои кмишиме по секакви шалтери цел живот, нема потреба од тоа. Животот доволно нè ребрачел. Она кога редот на другиот шалтер, по Марфиев закон, оди побрзо од твојот. Во некои дуќани кај што има еден долг па се двои на две каси, тоа пензионерите те тераат да се произнесеш кај ќе чекаш уште 10 метри пред да ви се раздвојат патиштата. Е не, ќе кмиши таа во неизвесност.

Извози ми еден тост

Роберт Форстеман е олимписки велосипедист, од оние во сала, со бутини како балвани  (74 сантиметри), светски шампион, 95 кила. Спроти него, тостер на кој му требаат 700 вати за да згрее лепче. Да требаше вака да правиме тостови, секое сабајле ќе сркавме попара.

Зошто маж игнорира кога жена му звоца?

Доктор Саша Тешиќ вади една теорија која ни звучи верно. Жените подобро слушаат од мажите (имаат поголем фреквентен опсег), но кај мажите, еволуцијата има развиено една друга корисна карактеристика: бидејќи звуците од околината кои се повторуваат обично не се сигнал за опасност, мажите можат да ги филтрираат звуците па оние репететитивните да ги исклучат. Хихи, стварно!   

Да загинеш е лесно, математиката е тешка

Фино спакувана порака од Малезиецот Чеонг за сите оние кои се бусаат во гради и се колнат дека се спремни да загинат за својата земја и татковината. ОК, можеби е така и тоа е з почит. Но, ако веќе се спремни на таква жртва, зошто не се спремни да учат математика, или барем да се описменат асално? За истата таа татковина.

Дечко, не е смешно

Некакво шефче во продавница брка една вработена, младо девојче, тука, на лице место, баш брутално и нечовечки. - Што направив погрешно? - Да не ти е гајле што направи погрешно. - Да знам па да се поправам. - Не можеш да се поправиш, избркана си.... Таман да фатиме мајки и шајки по него (многу нè нервира курчење над вработени и келнери), наоѓаме второ видео.   

Да беше вака, уште ќе бевме четврто

Обично не пекаме да се вратиме во младоста, ама некогаш на човек па и криво му е што тие кревки години ги минал на оние неудобни и тврди дрвени столчиња какви што царуваат во нашите училишта. Е, кој го прави тоа различно? Нормално, Кинезите. Тие знаат дека и на децата, без разлика што не се натепале чорба со лук, им треба дремка. Елате да убиеме едно око пред голем одмор.

Власи и Галичани се растурикуќи за Холанѓаните

Ако некому позајмиш пари или платиш нешто за него, преку апликација му праќаш „тики“ за да го потсетиш и да ти плати. Дотука добро. Женава изела две банани кај некого ДОМА. Бам - тики! За едно евро! Во ресторан со пријателка заедно ја платиле сметката, ама пријателката платила за она мало кесенце мајонез. Бам - тики! Да се раздужат 20 центи за мајонезот. Какви скаперници! После, имале. Како бе да немаат?

Лили ма, мала слабост и одма цвикаш

Поголемиот дел од интернет заедницата искрено ја жалеше Онлифанс девојката Лили Филипс, кога го виде интервјуто со неа, веднаш по завршување на нејзиниот самоиницијативен потфат да се рокне со 100 мажи. Беше расплакана и збунета а луѓето лути што порно индустријата така злоупотребува човечки души. Но, Лили се опорави побрзо од ерекцијата на дечките кои учествуваа во рекордната стотка. Сега Лили ќе оди на илјадарка!

Макрон го пратија на киропрактичар

Како и секое бахато сељачиште, Трамп знае (и сака!) на секаков начин да ја демонстрира својата надмоќ. Памтите како го избутка оној Црногорецот за да се натрти во прв ред. Една од омилените алатки на неговиот грубијански говор на телото му е ракувањето. Кога ќе го зграпчи некого за рака, знае да го цимне кон себе за да го залула и него и неговата самодоверба. Сега има и нова финта за покажување доминантност. Ја вежбаше на Макрон.