Забава

Попрво кај Васко Ефтов ќе дојдеш до збор

Мосахид од Катар има концепт (на Јутјуб, на Инстаграм) кој е глуп да поглуп не може да биде. Ама толку добро го има навежбано и толку добро го прави што е пишурија. Идејата е да постави прашање и после да ги прекинува. До бескрај. Таман ќе почне да му се одговара, Мосахид, со совршен тајминг, го сецка со истото или друго прашање. Притоа весељак е човекот, не е некој трујач. Само да видите како пиздат луѓе. 

Гламурот на зелениот чаршаф

Забораваме колку се напреднати визуелните ефекти и компјутерски генерираните слики во филмската индустрија па понекогаш им завидуваме на глумците на прекрасните пејсажи или раскошните ентериери во кои снимаат филмови. А тие седат на табуретки пред зелен чаршаф. Ни дворци виделе, ни море примирисале.

Местото од кое Бајден глумеше дека е претседател

Советничката на Доналд Трамп, Алина Хаба, ја открива лажната Овална канцеларија од кадешто Џо Бајден се преправаше дека е претседател. Собата е како ТВ студио и е опремена со телепромптер (идиот) поставен директно пред него за да прочита тоа што му го напишале и помало биро од кое ќе си игра дека е прв човек на САД.

Џејсон Статам ќе се удавел во Бугарија

Снимале на бугарско пристаниште. Тој требал да вози камион и решил еднаш да се проба како ќе му оди, но, кочниците откажале и тој и камионетот се збуцале во водата (фатено на видео). Џејсон објаснува колку е тешко да се извадиш од кабина додека водата влегува внатре а Џими Фалон го прашува, се гледаше ли нешто во водата? На Статам му остана само да го го потсети како се вика бугарското море.   

Осмомартовски феминизам од Бил Бур

По повод Меѓународниот ден на жената, Луис СиКеј потсети на едно од добрите парчиња на Бил Бур за неправдите на патријархатот поради кои мажите се повеќе платени од жените за истата работа. Секаде, па и во спортот. Во случајов во WNBA, тоест женската кошарка во Америка. Наравоучение: само вие гледајте Прекардашијанки и слични, па чудете се другиве што се мачат што не се добро платени. 

Добро ја извозе

Една од страничните вештини која треба да ја поседува стендап комичар и секој што во живо има работа со публика е да истера муабет со тн хеклери, оние што се уфрлаат во неговата точка. Знаат тоа да бидат непријатни провокации но има и поинакви. Девојка од публиката го прашува дали е сингл. Тој ѝ вика, не сум јас дечко за тебе. Таа му враќа, и онака не си мој тип.... Така ли? Одиме до крај.  

Јавното резилење некогаш ги освестува луѓето

Врз кантри пејачката Ингрид Андрес лани беше истурен гневот на јавноста и социјалните мрежи откако на еден важен безбол натпревар, пред полн стадион, ја испеја националната химна лошо, да полошо не може да биде. Брзо призна дека пеела ќора пијана а после резилот отишла на повеќемесечна рехабилитација и одвикнување од алкохол. Да се потсетиме на тој ушобол.

Коцкарска „дојава“

Комарот е еден од најтешките пороци и облици на зависност. Еден тежок случај кој изгуби и фамилија и имање, ни викаше дека му е криво што наместо за коцка, не се фатил за дрога бидејќи од ова второво некогаш се умира па се спасуваат барем блиските. Понекогаш коцкарите ги чеша затоа што се убедени дека имаат чувство, интуиција, помош од горните инстанци....   

Балканци на разделба

Како што жолто светло на семафор кај нас не значи исто како во остатокот на светот, да почнеш да кочиш туку скроз обратно (за да стигнеш не само ти, туку уште бар две-три коли позади), така и кога си на гости, муабетот „Ајде да се прибираме, доцна е“ или „Види колку саат дошло, утре сме на работа“ не значи дека баш стварно планираш да станеш во скоро време. А и на станато не е сè готово.

Бил Мареј, дефиниција за лежерност

Беше кај Џо Роган. Домаќинот можеби се надеваше дека ќе почнат со „јас тебе војводо, ти мене сердаре,“ ама не испадна така. Испадна само „јас тебе војводо“. Роган му кажа на Мареј дека е негов доживотен фан а овој му призна дека никогаш немал слушнато за неговиот поткаст. И дека сите од екипата му изгледаат како да дигаат тегови. На крај го праша, а вие и го снимате ова?   

Шведска наспроти Балкан

Швеѓанец (стендап комичар) бил на овие наши простори и не може да се изначуди на гостопримството на луѓето. Вика, имаат само 500 евра плата (во Шведска просечна плата е околу 3.000 евра) а ќе те примат дома и ќе ти отворат и срце и фрижидер и сè што имаат. Во Шведска избезумено ќе те гледаат низ шпионката на влезната врата пред да НЕ ти отворат.

Фрeнк Запа во три збора

Тој што ќе го викнеше Френк Запа во емисија потајно надевајќи се дека можеби ќе го збуни и овој ќе остане без зборови, секогаш се имаше зезнато. Не само што Запа за сè имаше одговор, туку имаше одговор кој најмалку се очекуваше. Го прашуваат: „Постојат ли некои рок стихови кои не би сакал неговите деца да ги слушнат“. Постојат.

 

Не дека ни фалат, само да се потсетиме

Од времето на „нека цветаат илјада родови“ и „јас сум жртва и не знате како ми е.“ Девојката (се извинуваме ако грешиме) му вика на соговорникот  дека тоа што го рекол (што и да рекол) е мизогинија. Да, можеби било мизогинија, не знаеме. Овој ја прашува што за тебе е мизогинија? Најнормално, Оваа почнува да плаче и да сака да си оди.  

Кираџии од пеколот

Врз основа на нивни и други сведоштва за тоа како изгледало првото станче во кои Ролинг Стонси биле под кирија, им го реконструирале просторот и направиле „спомен соба“ во чест на хаосот во кој живееле четворицата Стоунси во Челзи во 1962 година. Да не беа талентирани, упорни и успешни, овие ќе умреа од некоја инфекција. 

Не паркирај - правам утоп

Овдешните варијанти за предупредување на оние кои со колата мислат да ти блокираат влез во двор гласат, „не паркирај - бушам гуми“, „не паркирај - викам пајак“, „не паркирај - фрлам клетви...“ Ок, фини се тоа пораки, ако веруваш дека си имаш работа со разбрани и пред сè писмени луѓе. Некој смислил малку подобро решение: автоматизирано прскање со вода.

Да се потсетиме на Бордејн, царот

Еден од фраерите кои многу недостасуваат на оваа планета. Сцена со неговиот пријател, шпанскиот готвач Хозе Андрес, пробуваат некои ферментирани сирења и Хозе му вика дека тој што го јаде тоа сирење, никогаш не се разболува бидејќи во себе има многу пеницилин. Тони Бордејн закуцува: Фино, може ќе ми го исчисти сифилисот. Цар.

Кошмарот на Зеленски

Ѕирнете еден кратко видевце кое влегува во жанрот „Вештачката интелигенција ви претставува“. Украинскиот претседател е заробен во некаков подрум во кој се појавуваат неговите архи-непријатели, Путин, Лавров, Маск, Трамп... За среќа, Зеленски само го сонува тоа. За несреќа, и јавето не е нешто подобро туку се покажува како дупли кошмар.

Мик Џегер: 10 работи кои ги научив за половина век рокенрол

Број 10: На концерт никој не сака да слушa нeшто од твојот последен албум. Број 8: Пред да ѝ викнеш на толпата: „Здраво Сиетл!!!“, биди сигурен дека си во Сиетл (Цане Партибрејкерс би рекол: „Краљево, Ваљево, исти курац“.). Број 4: Добар начин да се зезаш е на секој десетти автограм да се потпишуваш како Дејв Голдблат. Број 2: You Can't Always Get What You Want....

ВИ видео чудесии

Дека допрва ќе се изнагледаме чудесии со вештачката интелигенција, тоа е јасно.  Освен ако не нè победи баш преку ноќ па ни забрани да се чудиме. Во секој случај, интересно е да се следи како тоа си брка работа, додека ние сме заглавени во истите дилеми (дали дома на боранија за ручек или да се оди во кафана). Две видевца од актуелната, прилично уверлива моќ на вештачката интелигенција.   

Малку треба за комшиска драма

Дечко кој шета по маало забележува дека еден од комшиите стално го снима кога проаѓа покрај неговата куќа. Решава и тој да го снима. Снима едниот, снима другиот.  Првиов, оној што снима од дома, решава пријатно да го изненади комшијата. Не се разбраа. Приказната завршува со уплав и бежанија.

Јапонија, земја на луѓе

Ни најмалку немаме намера сами да се посипуваме со пепел или да навестуваме некаква инфериорност на нашите луѓе. Сигурно и кај нас ќе се најдат такви што ќе му помогнат на човек кому му се случила некоја беља (на пример падне па му се истури сè од раце) ама вака беа размислување и инстинктивно да притрчаат во помош толку многу луѓе, алал вера. 

Кои сте вие и долго ли свирите?

Жена ова ги прашува никој друг туку Браjaн Mej, Џими Пејџ, Ерик Клептон и Џеф Бек! Не е чудно што не знае кои се овие гитарски чинари а уште помалку „колку долго“ со тоа се занимаваат, бидејќи нејзиното „долго“ беше различно од она што е долго за останатите смртници. Кралицата Елизабета, која круната ја носеше 70 години, повеќе отколку што се стари овие „клинци“.

Селена Гомез изгуби 800.000 луѓе на Инстаграм

Популарната пејачка и глумица со мексиканско потекло, Селена Гомез неодамна имаше емотивен бродолом на Инстаграм, нормално, со вклучена камера (иначе не се важи), за да се види како таа плаче до небо за судбината на оние кои Трамп ќе ги депортира немаат документи. Брзо го избриша видеото откако виде дека постигнува контра ефект бидејќи многумина не паднаа на таа пренагласена патетика. Не доволно брзо бидејќи во меѓувреме ja отследиле 808.500 лица. 

Доналд Трол

Доналд Трамп на една поранешна средба со ужасно важен и чувствителен гео-политички соговорник и потенцијален нуклеарен непријател. Делот од средбата кој е отворен за новинарски екипи и за сликање па Трамп им вика на фотографите да гледаат тој и соговорникот да испаднат „убави и тенки“. А потоа камерата открива кој е тој другиот што треба испадне тенок.