Забава

Ајде да рикаме

Ниедна туѓа беља не е доволно смешна ако не е придружена со рикање кое ќе ве зарази. А оваа е.

За многу години дијазепамот

Новогодишна тв програма, водителите ја канат публиката во студиото да се придружи кон одбројувањето, за еуфоријата да биде општа и неиздржлиива. Аха, ок. Оние партиски мишеви кои кататонично кмишат позади лидерот кога дава изјава знале да бидат поентузијастични.

А бе овие во меѓувреме живееле!

2016-та видена низ окцето на ГоПро, апаратчето што на вегетативните форми на човечка егзистенција им даде увид во светот на оние што во меѓувреме живеат.

Џабе и Тито да си

Секогаш ќе се најде некоја Јованка да ти ја вади душата на памукче. Јебеш му матер ако репликите не биле баш вакви. Памтите од документарецот Хјустон како го пребацуваа со јажиња од брод на брод? Еве зошто.

Јапонски професионалец

Сцена од модна фотосесија во Јапонија. Ај што и самото позирање е прилично ретардирано (се префрлаат од една на друга нога ко роботи што шмелцаат), туку овој црепов не мрда ни кога ќе остане по гаќи. Што има да му ја мислиш, си знае државата...

#ПорнХорхе

Бидејќи Македонија нема нешто особена среќа со своите претседатели (а некогаш и тие со неа), можеби треба го побараме идниот во друга професионална структура. Порноѕвезди прашани што би правеле кога би биле главни во својата земја. Цурите покренаа озбилни прашања, најискрена меѓу нив сепак е Џорџа Џонс.

Во станот на ерген, вторпат

Кога ќе станеш славен, макар и случајно, редно е да ја искористиш приликата. А ако си станат славен како непоправлив ерген, тоа значи и машината за алишта да ти е непоправлива.

Останете во кревет

Ако на сон или јаве ги разгледувате опциите за канцелариската работа која ве очекува, дозволете да ви помогнеме да ја донесете правилната одлука.

7 заебани минути со Џери Луис

Холивуд репортер закажале 10 интервјуа со витални 90-годишници што сè уште работат. Девет интервјуа поминале мазно, на десетото налетуваат на него. Џери Луис снимаше лесни слапстик-комедии, ама интервју со него е права драма. Престар е и пре не му чуе: концентриран, краток, дрзок, циничен, нерасположен и терсене, да потерсене не може да биде.

Ѓуро: Како се камуфлира прдеж

Ѓуро започна нов серијал наречен "Живот за почетници" и повторно е бескрајно шармантен. Кашлицата ("ни приближно"), луфтирањето и Дип Парпл ни се видоа најјаки.

Ова е од вистински филм

Доброто овде е само тоа што и на сцена од македонски филм, со години не сме го имале ова "ме уби туѓ срам" чувство.

Колку родителите се поглупи? Многу.

Исто прашање, поставено до родители и деца. Дури откако ги  слушнаа одговорите на своите помали, на стариве им текна дека може и така.

Ова треба да постои само на филмови

Баба и дедо со италијанско потекло како извадени од холивудски стереотип, не можат да се разберат со внуката - да не шета навечер сама.

Екстерното на Лено

Легендарна анкета на Џеј Лено (за вакви работи кај нас цар беше Реџеп Пампур, бог да го прости), во кој се сумира капиталот од човечки ресурси формиран од образовниот и општествен систем. Кога ќе завршат сите реформи кај нас, може и ние вака ќе си знаеме.

Шпицот во Токио

Освен јапонската смиреност и упорност, ова видео открива и една модна пикантерија: мангупите носат шпиц кондури со црни шпицови за да не им се познае дека ги тискала врата од метро.

Бил Бур за Black Friday

Ден кога Американците најмногу го растажуваат. Зошто луѓето си го прават тоа? Што не се помират со фактот дека не можат да имаат нешто по регуларна цена?

На што човек попрво да мисли

Во автомобил си и на едната страна ти се шетаат лав и лавица. ОК, вртиш глава на другата страна.

Да, не се нормални

Јапонски ѕвезди ги собираат во студио под објаснување дека ќе интервјуираат поранешен измамник како дел од документарец за криминал. Кратко време по започнување на интервјуто, соговорниците се убиени од снајперски оган.

Другата страна на твојата нервоза

Што па има ти да очекуваш кој било да биде фин со тебе или па да ти биде насмеан?

Малиот чија иднина е јасна

Некои цел живот ќе го бараат својот позив, на некои тоа им е јасно уште на 5 години. А наши деца ќе играат Мајнкрафт и кога ќе пораснат, ќе се чудат што други ги ќаруваат женските.

Во станот на ерген

Да имаше жена, ова ќе беше проблем кој треба веднаш да го реши. Без жена, нема никаков проблем. Напротив, ете прилика да се удри на песна.

Блазе си му на оној кој рано ќе полуди

Едниот има 17 жени, другиот има една жена. Што мислите, кому му е смешно?

Џон Оливер: Како стигнавме до тука

Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.

Ноќните програми, еден ден по победата на Трамп

Веројатно единствена група на луѓе на кои им беше подеднакво тешко како и на Хилари да ја признаат победата на Трамп, беа водителите на ноќни шоуа низ САД. Сепак тие се помирија со тоа што се случи, кој колку може. Конан, Колбер, Би, Ноа...