Забава

Демонтажа на „експерт“

Дечкото звучи уверливо давајќи совети за правилно хранење и грешки при јадењето. Главно, да не се пие вода пред и после, за да не се разблажува стомачната киселина која треба да ја свари храната. Се повикува на објава на „официјална медицинска страница“ па преку водата доаѓа до бактерии кои го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар. Ништо од тоа нема врска.

Кога психијатрите се искрени

На дамнешна конвенција на американски психолози, новинар ги начекува со прашање кое го доживуваат како многу забавно: Колку пациенти имате излечено? Одговорите им се барем искрени и се движат од нула до еден. Еден од анкетираните психијатри е особено директен. Вика, не мислам дек кој било ОД НАС може да биде излечен од било што. Да беа „лајфкоучови“, ќе тврдеа дека имаат 100% успех.

(Б)анално прашање на денот

Некоја западна верзија на Проводаџија. Таа признава дека е малку чудна личност но тој ѝ се чини дека може тоа да го поднесе. А потоа девојката му кажува за себе три работи: а) дека е поранешна дадилка, б) дека понекогаш пишува поезија и в) дека понекогаш снима анално порно. Пазете го сега неговото прашање. 

Шалтерско проклетство

Го ребрачат дечкото. За нас, кои кмишиме по секакви шалтери цел живот, нема потреба од тоа. Животот доволно нè ребрачел. Она кога редот на другиот шалтер, по Марфиев закон, оди побрзо од твојот. Во некои дуќани кај што има еден долг па се двои на две каси, тоа пензионерите те тераат да се произнесеш кај ќе чекаш уште 10 метри пред да ви се раздвојат патиштата. Е не, ќе кмиши таа во неизвесност.

Извози ми еден тост

Роберт Форстеман е олимписки велосипедист, од оние во сала, со бутини како балвани  (74 сантиметри), светски шампион, 95 кила. Спроти него, тостер на кој му требаат 700 вати за да згрее лепче. Да требаше вака да правиме тостови, секое сабајле ќе сркавме попара.

Зошто маж игнорира кога жена му звоца?

Доктор Саша Тешиќ вади една теорија која ни звучи верно. Жените подобро слушаат од мажите (имаат поголем фреквентен опсег), но кај мажите, еволуцијата има развиено една друга корисна карактеристика: бидејќи звуците од околината кои се повторуваат обично не се сигнал за опасност, мажите можат да ги филтрираат звуците па оние репететитивните да ги исклучат. Хихи, стварно!   

Да загинеш е лесно, математиката е тешка

Фино спакувана порака од Малезиецот Чеонг за сите оние кои се бусаат во гради и се колнат дека се спремни да загинат за својата земја и татковината. ОК, можеби е така и тоа е з почит. Но, ако веќе се спремни на таква жртва, зошто не се спремни да учат математика, или барем да се описменат асално? За истата таа татковина.

Дечко, не е смешно

Некакво шефче во продавница брка една вработена, младо девојче, тука, на лице место, баш брутално и нечовечки. - Што направив погрешно? - Да не ти е гајле што направи погрешно. - Да знам па да се поправам. - Не можеш да се поправиш, избркана си.... Таман да фатиме мајки и шајки по него (многу нè нервира курчење над вработени и келнери), наоѓаме второ видео.   

Да беше вака, уште ќе бевме четврто

Обично не пекаме да се вратиме во младоста, ама некогаш на човек па и криво му е што тие кревки години ги минал на оние неудобни и тврди дрвени столчиња какви што царуваат во нашите училишта. Е, кој го прави тоа различно? Нормално, Кинезите. Тие знаат дека и на децата, без разлика што не се натепале чорба со лук, им треба дремка. Елате да убиеме едно око пред голем одмор.

Власи и Галичани се растурикуќи за Холанѓаните

Ако некому позајмиш пари или платиш нешто за него, преку апликација му праќаш „тики“ за да го потсетиш и да ти плати. Дотука добро. Женава изела две банани кај некого ДОМА. Бам - тики! За едно евро! Во ресторан со пријателка заедно ја платиле сметката, ама пријателката платила за она мало кесенце мајонез. Бам - тики! Да се раздужат 20 центи за мајонезот. Какви скаперници! После, имале. Како бе да немаат?

Лили ма, мала слабост и одма цвикаш

Поголемиот дел од интернет заедницата искрено ја жалеше Онлифанс девојката Лили Филипс, кога го виде интервјуто со неа, веднаш по завршување на нејзиниот самоиницијативен потфат да се рокне со 100 мажи. Беше расплакана и збунета а луѓето лути што порно индустријата така злоупотребува човечки души. Но, Лили се опорави побрзо од ерекцијата на дечките кои учествуваа во рекордната стотка. Сега Лили ќе оди на илјадарка!

Макрон го пратија на киропрактичар

Како и секое бахато сељачиште, Трамп знае (и сака!) на секаков начин да ја демонстрира својата надмоќ. Памтите како го избутка оној Црногорецот за да се натрти во прв ред. Една од омилените алатки на неговиот грубијански говор на телото му е ракувањето. Кога ќе го зграпчи некого за рака, знае да го цимне кон себе за да го залула и него и неговата самодоверба. Сега има и нова финта за покажување доминантност. Ја вежбаше на Макрон.

Кина: Играчници - не, е-спорт хотели - да

Во модерна Кина, нов тип на хотели суштински го менува начинот на кој младите го минуваат слободното време. Понудата комбинира виртуелно играње со физичко сместување. Кина моментално има над 21.000 е-спортски хотели кои опслужуваат гејминг заедница проценета на 490 милиони играчи. Само за сместување лани бил остварен приход од 2,7 милијарди долари.

Рамбо уште еднаш го убоде

Како некој што интуитивно го разбира духот на времето, Рамбо го забележува она што и истражувањата го потврдуваат (Види во „Вистината нема шанси со лагата“). Епилог: од појавата на интернетот (википедии, библиотеки, научни архиви, што сакаш...), всушност зголемен е бројот на рамноземјаши. И уште нешто: социјалните мрежи им ја спуштаат рачната на фрустрираните и притоа нема кој да ги закочи. Како во кафана, на пример.

Останавме ние без Ротко во дневна

Хонгкошка аукција на делото „Без наслов (жолто и сино)“ на Марк Ротко (Маркус Јаковлевич Роткович, 1903 - 1970), американски апстрактен сликар роден во Латвија. Трето најскапо продаденото дело на еден западен уметник на азискиот пазар. Ќе сфатите зошто сликата се вика „жолто и сино“ и уште повеќе, зошто било тешко да ѝ се смисли каков било наслов. Ротко сигурно викал, јас сум бре уметник, не сум копирајтер.

Економските штетници наречени велосипедисти

Користењето велосипед значи бавна економска смрт на оваа планета. Велосипедистот е некој кој не купува автомобил, не позајмува пари за да го има, не плаќа полиса за оситгурување, не плаќа за гориво и сервис, не дава денар за паркинг, не се дебелее а здравите луѓе се смрт за фармацевтската економија.... Но, почекајте до крај на оваа тирада, тие не се најлошите. Има едни бетер и од нив!

The Dude постои (и стварно живее во Л.А.)

Радио емисија во која по барање на извисената страна, им се јавуваат на оние кои биле на еден дејт, ама потоа никогаш пак не се јавиле. Му се јавуваат на дечко и налетуваат на уште полабав тип од Џеф Бриџис во Биг Лебовски. Зошто не се јавил? Затоа што девојката била преактивна за негов вкус. Што поконкретно? Му предложила да тркнат до продавница. Пешки!

Како да избегнеш средно седиште во авион?

Со паѓањето на цените на авионскиот превоз, стандардите на таквото патување паднаа на ниво на „превоз на аргати“, од пинцурски седишта па до услуга. Последен пат кога прашавме што вино имаат, стјуардеса на Визер ни кажа дека имаат “ПРОЦЕСО“! (ваљда имаа Просеко, ама не фала, се префрливме на пиво). Дечково нашол хак како да се избегне убедливо најлошата варијанта, да седиш на средина.

Пачата како супер храна

Не јаделе пача зашто не им се свиѓала како изгледа (оти па брокулата една лепотица што е...). Но, ако не може да ги освои со убаво, можеби ќе ги освои со здраво. Колаген за нежна кожа, здрави зглобови и свиленкаста коса. Извор на протеини неопходни за обнова на мускулите и јакнење на имунитетот. Ниска калориска вредност, помага при варење, има минерали и витамини.... Ете, ни до ракијата не стигнавме а веќе ја засакавте.

(Згодните) женски за Трамп

Посериозните аспекти на женското гласање на последниве американски избори ги покривме во статијата „Демократите се шокираа што жените не гласаат со нивните гениталии“. Да одиме малку на тролање: „Број еден тренд на ТикТок во моментов е кога згодни, по-Трамп женски ги тролаат левичарските орки кои гласаа за Камала“.

Дајте ваму една Нобелова

Официјалната номинација за Нобелова награда на овој генијален изум ја пријавуваме под наслов: „Иновативна употреба на комерцијален ласер (light amplification by stimulated emission of radiation) за драстично проширување на неговата апликативна вредност, во случаи кога е неопходно рамномерно и пред сè праведно распоредување животворни течности“.  Што, не е јасно??

Книги за во ЈСП

„Како да ја сокриеш својата ерекција од Господ?“, „101 начин за продолжување на пенисот кои можат да се прават секаде“, „1.000 места кои треба да се посетат пред да те ликвидира ИСИС,“ „Задоволството да се произведува дрога“, „Зошто жените заслужуваат помалку“... се дел од лажните наслови на книги кои заебантиве ги читааат во метро. Генијално. Кај нас би било доволно шокантно во јавен превоз да читаш и нормална книга.

Госпожава „за малку“ ќе ги затвореше сите кладилници

Купила таа шише шампањ, некој ја прашал што е специјалниот повод, таа му рекла дека вечерта ќе ја прославува победата на новата претседателка на САД. Овој претпазливо ѝ рекол дека ќе биде неизвесно, на што таа надмено му рекла дека е политички аналитичар па ваљда подобро знае од него. Сега знаете, и двајцата утнале, само што таа утнала како што само „политички аналитичар“ знае да утне.

Бурекот во мене

Сигурно ви се случило некогаш да се натепате мрсен бурек уште рано-рано сабајле па брзо потоа да се покаете пошто осеќате како таа топка тесто запиња некаде по стомакот и цревата. Тоа може да се опишува секако, но убедени сме дека го имаме најдобриот опис за тоа што всушност се случува во таквите моменти. Видео илустрација, музичка илустрација - перфектно!