Забава

Кога Масимо ќе се напуши

Масимо Савиќ, изненадувачки ведар и незапирливо насмеан, на теми бесење, плачење и слични радосни топици. Од сега, онаа негова „Сјај у тами“, ќе си ја потпевнуваме како што треба: „Сјај у трави“. 

Изворот на српските јогини

По повод видеото „Радо Србин во јогини оди“, читател ни дојавува од каде тие регионални замлати најверојатно ја земале идејата (а многу веројатно е дека е вистина, бидејќи денес најдобро умрежени се лудите). Еве ги собрани, ќе кажат дека имаат рак или Паркинсон, и сите паѓаат во несвест од смеење. И ок, разбираме ние дека е фино да се има позитивен став кон бељите, ама како ќе ти помогне ако со сила се смееш на нешто? 

Тешко за несвест

Ова отсекогаш ни било мистериозно, тоа што некои луѓе имаат потреба да одат до некое посебно место за да дигаат нешто тешко ( и главно плаќаат за тоа, а дома им стојат креденци и троседи за џабе). Ама, да дигаш толку тешко за да се онесвестиш, тоа ќе мора некој посебно да ни го објасни. 

„Руски токмак“

„Руски токмак“ е цивилна, ненасилна и бенигна верзија на „руски рулет“, иако не звучи така. Руси си играат со токмак и тоа да е бенигно? Ама, така е.

Нема нешто да видиме а да не си расипеме раат

Ова е една едноставна механичка генијалност за сортирање овошја ама „Еве на!“ ако по истиот принцип не функционира и сортирањето партиски кадри: колку поголем шупак си, толку посигурно влегуваш во корпите кои поскапо ќе се продадат.

Портретите на Доријан Греј, во живо

Ја знаете таа приказна (од книгата на Оскар Вајлд, од филмовите) за човекот кој ја продава душата на ѓаволот заради желбата да се остане млад и убав, па тој живот живее додека портретот старее наместо него (спојлер: таа лакомост никогаш не завршува на арно). Ова, за среќа, престанува на време.

Женска, нешто си ми познат

Допрва ќе ни се мати паметот кога некои опции за видео едитирање ќе станат секојдневни и ќе ги има во секој телефон. Видете го овој мешап од Стив Бушеми и Џенифер Лоренс.

Крив правец

Можно е нему и порано да му станало јасно дека како што тргнал, тоа нема добро да заврши, ама сипомислил, ај, ќе ми текне нешто на крај. И да, му текна.

Компресорска фризура

Ни чешлање, ни фенирање, ни бутур. Си се издува со еден потег и се среди.

Британски бог на криглите

Аматерите ќе кажат: во пиењето важно е да имаш мерка и однапред да ограничиш колку ќе испиеш. Како што ќе покаже Британецов оваа филозофија има еден сериозно голем пропуст.

Пајдушко 2.0

Го научиле да игра оро и еве го, плете. Заради веродостојност, во следна фаза треба да поработат на тоа да му се потат рачињата.

Победа на денот

Приказната е дека девојката го варала па тој ѝ го испратил следново видео.

Можеби еднаш се живее ама вирално сто пати се умира

Како што звукот на клик-клак периодично се враќа на скопските улици, така виралните видеа си наоѓаат нови муштерии. Гледаме, деновиве по нет повторно се тркала едно видео во кое дете гине кога трик на неговиот поголем брат завршува лошо. И пак ц'цкање како и тогаш: абре деца, оти така, од играчка плачка, греота, не џабе старите викаат....

Долга е папучата на мама

Колку пати претходно ќерката пробувала да избега од дома кога мајка ѝ успеала до волку да се навежба?

Гордон Ремзи јаде лути крилца

Супер, супер забавна емисија. Се јадат крилца со различна лутина (на 120.000 сковили почнува зачестено „шит!“ и „факинг хел!“) и патем се коментираат новите фенси јадења, хејтерите, Ремзи ја открива мешавината на својата плескавица, си го мачка газот со лимон... Најголемата грешка ја прави на крај, кога оди да се измоча, со оние прсти со кои ги фаќаше лутите крилца. 

Ставаат дрога во пијачките

Конечно најдовме видео доказ за тоа тврдење со кое родителите ги плашат своите деца од Драчево до Ѓорче. И навистина имате за што да се секирате, ако вашето дете стигне подалеку во животот. На пример, во бразилски затвор.

Дом завиен во бело

Хеликоптерска снимка од еден планинарски дом во Австрија. На Алпите, на 2.136 метри надморска височина. Зимно време.

Кој јазик е бре ова?

Ќе го науиме и везден ќе си кркориме на него. Со македонскиов и онака сè помалку се рабираме со луѓе.

Отаде пикантното

Десетина јунаци со азбестни јазици и титаниумски шкембиња, на натпревар во јадење лути пиперки. Почнуваат со скромни 3.000 сковили (единица за лутина) за двајца од нив да стигнат до пеколни 1,5 милиони сковили. Би било фер награда за нив да е бидè со течен азот.

Дигната глава, рампа не ја лечи

Жена се соочува со препрека на патот. Почнува да размислува „out of the box“. И се разбира, наоѓа решение како да ја надмине пречката, и притоа да не мора да наведне глава.

Џабе ја спасуваме планетава за идните генерации

Двајца 17-годишни тинејџери добиваат великодушни 4 минути да завртат еден број на стар аналоген телефон со бројчаник на вртење. Спојлер: нема да успеат! Беспомошно се соочуваат со невидени мистерии: до каде оди петката, а до каде нулата, и како тоа слушалката не е само за рестарт?

Го расплакаа, кутро девојче

Ѝ го намалиле џепарацот под 2.500 долари а наместо колата што ја сака, планираат да ѝ купат Мерцедес Ц класа! И на крај безмилосно ја дотепаа со идејата нешто да работи. Мајка на 15 годишна тинејџерка, дојдена по помош, едно 10 години предоцна.

Кога на мајка ќе ѝ кажеш дека си атеист

„Не веруваш во Господ??? Е па, нема да добиеш ништо за Божиќ!!“ Хмм, ни Имануел Кант не би можел да смисли подобар аргумент. И на крај ѝ вика „Добро“ а таа, како ѝ секоја мајка, му враќа „Не, не е добро!“

Капитален улов

Мислевме дека финтата е нешто во тоа љубопитното куче, дали ќе го јаде или не. А после кучето го тргнаа ама се отвори мрежата.