Забава

Море, како се разжести

Дечкото покажува како лесно фунционираат глупите бубњеви на глупото клавијатурче. И кога му тргна... рокенрол!

Ахиловата петица на бостанот

Уште не сме го тестирале методот за пукање лубеница со чачкалица ама толку пати сме прелажани од вакви финти кои само на видео изгледаат најјако на свет, што не би да се кладиме дека функционира.

Приказни од тоалетот

Грем Нортон во своето шоу никогаш не кубури со големи и звучни имиња кои знаат да извадат јаки приказни и неочекувани таленти. Двете најдобри приказни кои сме ги чуле таму се приказни од веце. 

Упорноста се исплати

Да, само што онаа изрека за убавиот и упорниот, не се однесува на клецање туку на носење жмучки.

Денот на касиерката

Како минува еден нејзин ден и што сè добива како реакција откако че го каже стандардното, добар ден, како сте? Не смета што е малку поднаместено сето ова, после спотови од кампања, сè е добредојдено.

Како се вградува 5Г во маските

Српските тоалетоиди деновиве пуштија во оптек јака вест, дека жиците во маските за ковид-19 се во функција на озлогласената 5Г мрежа. Имаме едно видео за тоа како изгледа работата во еден од тајните центри за оваа операција. Која мајка изгубила ИТ син, можеби ќе го го препознае во овој експертски хаб.

Ги викаат дечари

Таквите знаат со саати да си играат со деца и никогаш да не престане да им биде забавно. Некогаш знааат од нигде никаде да го изненадат детето со некој подарок и да му кажат: Трк кај мама да те види!

Секој башка будала

Ако треба некому да му опишете какво е времето и светот во кој живееме, ова е прилично репрезентативна снимка.

Запознајте ги новите „Inglorious Bastards“

Компилација од млади воини за социјална правда кои даваат чесен БЛМ збор дека во иднина нема да се расправаат со оние кои викаат „Сите животи се важни“.Туку дека ќе играат тупаниците. А репрезентативна колекција на ликови. Све мој до мојега.

Кражба со кауција

Може од едно-две пива на човек не му е ништо, ама пола гајба пиво стварно знае да удри човек во глава.

Бабата од влезот

Веројатно во секој влез има по некој ваков или бар со потенцијал да биде ваков. Бабата малку преуреди по влезот, испокина и испофрла тоа што ѝ пречеше, полиција дојде но тоа не значи дека правдата веднаш ќе биде задоволена.

Пер, каква фотосинтеза!

Досадно ви е, по телевизии нема што да се гледа, Нетфликс све глупи серии ви предлага во последно време? Не е до нив, до вас е. Гледајте како на овие љубопитни суштества не им е ништо досадно. Да не ја дуваме работата, ама така е. 

Саша Барон Коен ги тролал екстремните десничари

Се инфилтрирал на собиранка на околу 500 крајни десничари во Вашингтон кои се нарекуваат Олимпијци, има кажал неколку расистички и анти-семитски вицови за да ги загрее а потоа ги терал заедно да пеат како Обама, Хилари и Фаучи треба да се инјектираат со Вуханскиот вирус или да се сецкаат како што тоа го прават Саудијците. Коен уште нема потврдено, ама ќе да е тој.

Ете го видеото од вицот

На крајот, мајсторот му вика на младиот чирак: "Учи дете, инаку цел живот ќе држиш скали".

Три секунди гордост на себе

Дечко проаѓа покрај комбе кое полека се движи по надолница и сфаќа дека зад воланот нема никој. Некако успева да го сопре и да продолжи по патот за да го види крајот на своето добро дело.

Срце, дете и лопата

Малиот верува дека ја има сфатено физиката на лопатата. Лопатата му покажува дека треба уште вежбање.

Свири ми ја Супер Марио, тивко, полека

Минување едно ниво на Супер Марио, отсвирено на клавијатури во реално време, од а до ш, си сички екстри. Беспрекорно.

Американци бараат Канада да ги окупира

Во САД мора да биде вратена демократијата. А ако САД знаат нешто, тоа е дека кога на некоја земја ѝ треба демократија, тогаш таа земја треба да биде окупирана.  Одлична заебанција на Тревор Ноа и неговата екипа од Дејли шоу.

Дејв Шапел сака да позборува за сè што се случува

По сите протести и немири низ САД по убиството на Џорџ Флојд, Дејв Шапел решава да го каже својот дел од муабетот и тоа во форма на вондреден стендап за Нетфликс, под наслов „8:46“, што го симболизира времето колку полицаецот му клечи на врат на Флојд.

Граѓанско образование

Не сте свесни колку писма на читатели немаме објавено само затоа нè нервира инсистирањето да се остане анонимен кога се зборува за сосема нормални проблеми и укажувања. Еве поинаков пример, од Австралија. Излегуваш, гледаш дека премиерот дава изјава на новинари пред твоја куќа и им подвикнуваш: Тргнете се од таму, тазе ми е тревата!

Џанго на улиците на Чикаго

Украл полициски коњ и еве го по улиците на градот Чикаго, прави финти на општо и гласно одушевување на женската публика која обожава херои од своите маала. Ах, да може да го види ова Радован

Погрешно слушнати стихови

„Погледом га сасеко ко маче“, „Свирао је Дејвид Боуви и пао са Марса“, "и са пјесмом умјесто мјаука" се само неколку текстуални багови кои во моментов ни текнуваат, чуени од луѓе во наша близина (нејќете да знаете кои, све угледни фаци). Питер Кеј ќе додаде уште дузина. Проблемот е што кога еднаш ќе слушнеш како некој стих звучи погрешно, секој следен пат го слушаш само така.

Сестри Вачовски, спиете ли мирно?

На богослужба на романската православна црква се појави глич во Матриксот. Свети Нео не го оправа.

Омотот се прочита, книгата стоо

Слично на оној наш локалец кој за холокаустот требаше да каже дека е еврејска трагедија па кажа дека е еврејска традиција, овој дечко проба да потсети на мудроста да не се суди за книгата по нејзиниот омот. За по неколку обиди, да заврши со евергрин наравоучение од Хомер Симпсон.