Како ја покажа инекцијата, како да ќе ја дрмне на екс. И ја дрмна на екс! Како на архиепископ што двапати му кажуваат господин, овој му доаѓа Ваксер Ваксер на денот. После имунизацијата, виден е како со чачкалица во уста, чека ракија и варено јајце во првата биртија до пунктот.
Кога ќе видат дека камера ги снима додека прават беља (овде конкретно се корне банкомат), обично инстантно се покајуваат, веднат глава и фаќаат џенем. Не овој.
Се вика Џекс и ќе ви објасни како по ново треба да се изговараат личните заменки. Наместо „тој“, „таа“ и „тие“, кои се старински и со нив можеш да навредиш некого, треба да се каже, рецимо, “ди“. Пример: „Ди (се мисли на Џекс) држи јако лош мустаќ“.
Барем една од нивниве девојки мора да си мисли, знам дека ми рече дека ќе биде со другарите, ама нешто ми зборува дека ме вара со друга. А него, еве го.
Надобудна новинарка го прашува Тарантино зошто ѝ дал мал број реплики на Марго Роби а е добра глумица. Пошто ваљда „разбудени“ новинари треба да кажат на кој глумец колку реплики му следуваат.
Таа го прашува својот италијански вереник (во неговото меесто) дали може да нарача ананас во пицата. Тој ѝ ги објаснува концеквенците на тој непромислен потег.
Знаете кој е цар на проточната фристајл рап мисла, така? Е па, Маршал Поуп од Алабама е на другиот крај на таа скала. Ако на царот стиховитe и римите му доааѓат преку оптика, Маршал е на дајал-ап.
Трите девојки/другарки им се позади, а тие тројца одат напред, крчат пат, го освојуваат градот, јаки се, им се може. И почекајте, не е само првиот глуп.
Пред години (иха, седум минале) објавивме за идејата на Тим Кук секој корисник на Ајтјунс да добие бесплатен примерок од албум на U2. Дечково, со Лед Цепелин маица, е толку напнат на таа тема што ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите хејтери на Боно и екипата.
Тинејџерки се зезаат па со заврзани очи пробуваат во себе да го разбудат третото око и да осетат кога и на каде да го избегнат шишето кока кола кое се клати напред-назаад, врзано за коноп. Нивното џедајско сетило понекогаш прави бравурозни утки.
Настрана нашето вечно неразбирање на идејата да дадеш пари за да дигаш нешто тешко (оди растоварај камион, ебате, ем на отворено, ем некоја парица ќе падне), видеово ни е смех заради универзалното алиби за смех: затоа што му се случува на некој друг.
Со задоволство ќе ве запознаеме со овој дражесен бенд, формиран во ерата на карантинот. Колт (таткото, на гитара) и Обри (мајката, снима) имаат три деца и вишокот пандемиско време го користат на најубав можен начин - вежбајќи песни. Убедливо најголема ѕвезда е малата. Чист дестилат од ведрини и радости.
Дечкото признава дека е можно дека за ова размислува премногу. Ама е можно и дека не размислува доволно. Секој да си размисли (за себе, немојте на меил за тоа).
Задачата е да се процени интелигенцијата на другите во групата. Eдна од нив, Марија, вербално многу вешто, рационално и убедливо образложи зошто го смета Тајлер за најглуп. А потоа доаѓа вистинското рангирање.
Погледнете колку и кринџ и монтипајтоновски изгледа ова Г7 видео. Како да не помислите дека некои од оние стварно моќните, уствари се имаат кладено (за симболична цена од еден долар) дека ќе ги натераат сите јавно познати големи фаци еден ден да се поздравуваат со лакти, како некои глупи?