Забава

Се 'оградуваме' од оваа љубов

Ерика ЛаБри стана позната кога пред некоја година се венчаше со Ајфеловата кула. Сега има нова романтична врска, со дрвена ограда. И не само романтично туку и физички е привлечена од неа. „Во моментов , многу физички работи се случуваат меѓу нас,“ вели Ерика. Нормално дека физички бе, сестро слатка, кога седиш на неа.

Како со CNN?

Онака како што со нив се справи Кери Лејк, некогашна новинарка a денес кандидат за гувернерка на Аризона. Ја начекаа за интервју и оваа ги изремети дека со задоволство би зборувала... за CNN+. Стримингот кој рикна за само месец дена.

Грчец трие раце

Американскиот сенатор Џон Кенеди за енергетската криза и цената на горивата. „Какво време дојде, поевтино е кокаин да купиш.“

Нема нешто што српска кафана нема видено

Ова да треба за снимање да го договориш десет дена ќе се влечеш, те газдата на тракторот, те газдата на кафаната, па дали било безбедно, па девојката не сакала да се качи, па стара машина, па не палела, па нов теписон во ресторанот...

Ок сте, и тие не го видoа од прва

Точно дека секаде можат да те опељушат и ограбат ама си викаш дека можеби си барем малку раат додека гледаш низ прозор во воз кој преминува мост. Но што ако некој да ти дојде од позади додека зјапаш? Не, на погрешна страна мислите.

Та не е саде Амбер Херд

Некој ја снимал оваа двојка на аеродром, составена од една девојка која на секој чекор прави драми и сцени и еден дечко кој се брани со молчење. Тој не е Џони Деп ама затоа таа е офтика. Спиеш ли мирно, Камила Ваксез?

Со вакви вистиномери, трудно

Сатиричниот вебсајт Бабилон Би извади заебантско видео со труден Кен (оној на Барби) и соодветен текст дека се работи за инклузивност и дека доста трудните дечки биле изопштени. Ај тоа, туку Ројтерс фати да го факт-чекира видеото и генијално утврди дека - не е точно. Замислете денес да ги имавме Монти Пајтон. Ќе читавме „вистиномери“ дека реално не постојат витези што викаат „Ни“.   

Знаат ли тие да одат во колона?

Кај нас во прво одделение, пошто нема оценки туку описно рецензирање, една од вештините е „знае да оди во колона“ (?!). Пазете, ние сме задоволни ако нашите првачиња знаат да одат во колона, тоест ако не тргнуваат во рикверц или не застрануваат па да треба да бита праќани на вулканизер, за да им се стави оловце. Со какви вештини располагаат деца од кинеска градинка?

Интервју со невработен програмер почетник

Еден од најдражестите периоди во развојот на секој програмер, некаде меѓу главен во друштво за компјутери и првата плата за програмирање, и една од најискрените (и најамбициозни) негови форми пред да ја изгуби програмерската невиност.

Највисоката фамилија на светот

Скот, Криси, Савана, Моли и Адам Трап просечно се високи 203.29 сантиметри (Адам е 221,7). Си ги кажуваат маките да најдат облека и бочно да се симнуваат по скали направени за мали стопала. И се грбават на кујна со стандардна висина, наместо да си направат прописна.

 

Кај го напика тоа бе, дете?

Арон Краскал не може да се издоначуди, а богами ни ние. Една млада, тенка Азијатка, јаде некои огромни краставици, јаде дузина варени XXL јајца, срка една преполна здела супа со тоа нивното фиде. Што јаде, бута бре! Пазете го него колку е искрено фрапиран од оваа стварно неверојатна сцена.  

Се врти вашиот по женски?

Тоа вртење по некоја друга додека одиш со својата е една од оние ситуации по кои обично следува дрвење, пошто жени тоа непотребно го драматизираат а притоа покажуваат и верско непознавање (што је лепо и богу је драго). Кога за тоа ќе се пожалат на поискусни другарки, тие обично ги тешат: „Уште е млад бе, ќе му помине тоа“. Да, а?

Заев и Џорџ Буш, тие се тие

Вован и Лексус, пранкерите кои го возеа Заев дека зборува со украинскиот претседател Порошенко, за утре, 19 мај, најавуваат нов видео-заеб, овојпат со 43-от претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, човекот за кого на Он.нет имавме посебна рубрика „Бушалаштини“. Како наоѓаат да удрат сè на генијалци?

Џони Деп, ако го изгуби спорот

Ако сте од „тимот Амбер“ (има ли воопшто такви?) фаќајте сеир како ќе преживува Џони ако го изгуби судскиот случај против неа (тој ја тужи за 50 милиони, таа контра за 100). Ако сте од негова и верувате дека поротата ќе сконта колку е она фејк, тогаш лабаво: пазете како овој цар маестрално го има скинато манирот на Џек Спероу.

Помош за (некои) луѓе од Украина

На некој добронамерник од Запад му текнало дека украинскиот народ е во невоља и дека е човечки на тие луѓе да им се помогне. Ама па, од друга страна му е јасно дека тој (и фирмата од која вади леб) не може на сите да им помогне. Еве го неговото „out of box“ размислување. 

Специјална руска операција „Асфалт“

Во Ростов на Дон работници ангажирани од градот асфалтирале преку ноќ и меѓу другото, удриле еден слој и на активна трамвајска линија. Нека има. Ене го возачот на трамвајот, излегол надвор и се чуди кој пат да го фати.

Обама - Трамп, стилски компарации

Обајцата зборуваат на слична тема, елиминирање на државен непријател во друга земја (кога го прави тоа некој друг, тие тоа го нарекуваат државен тероризам). И додека Барак Обама ги чита внимателно одбраните зборови составени од неговите служби, Доналд Трамп тоа го прави најмаалски, како да раскажува филм со Брус Ли.

Бајден пак пројави багови

Зашмелца на „клептократија“, фати да реди рандом бројки ко да вади топчиња од томбола а кога ќе спомне Бетмен, луѓето позади не можат да се воздржат да не се насмеат. Мала компилација од скорешни гафови на лидерот на слободниот свет чиј мозок пак фати да кочи. Греота. И тој и ние.

Џони Деп на тема од Металика

Делот од интернетот кој не е окупиран со Украина или купуванката на Твитер, најверојатно ја следи стотици милиони долари тешката парница меѓу Џони Деп и Амбер Херд и нивната ултра токсична врска. Најбизарен детал е оној дека после кавга во која ѝ рекол дека ќе ја остави, лударата му се посрала во кревет. Не морале, ама, го опеале тоа.

Кралеви на ритамот

На почетокот звучат како двајца абдали, ама, дајте им шанса. Со тек на времето така прецизно синхронизирано го развиваат своето чудо со зезнати и неправилни ритми, што сфаќаш дека всушност се махери. 

Да не ти се случи белја на интернет

Девојката решава да сними видевце за на интернет, се исправа и си ја ѕвизнува половината на крветот позади неа, притоа испуштајќи краток звук на доживеана болка. Сосема доволно интернетот да ја фати во машина.

Маскота задолжена за Бајден

Само што почна да оди надвор од скриптата и да мумла нешто „од глава“ за Авганистан и Пакистан, на американскиот претседател му дојде надлежна маскота и ефикасно го пренасочи во друг правец. Прес секретарот? Шефот на кабинетот? Или па луѓето од неговиот круг се менуваат кои дента да бидат маскирани а кои во цивилка?

Малиот Принц

Локална телевизија од Минесота од своите архиви исџкопала апла раритена снимка од 1970-та година. Принц пред камера, на само 11 години. Принц уште мал бил цар па им дава поддршка на учителите кои штрајкуваат за поголеми плати. 

Како на реднек му звучи рапот

Со капче, со гоат-ка, на дечкото нема нешто што му се бендисува во таа музика. Од текстот кој не го разбира, па до преголемата облека под која може да се скрие фрижидер. А симпа е, скроз.