Забава

Ова е пародија

Проблемот со клипот е што сме во момент кога човек на прва не може да биде сигурен дека ова е наместено, без разлика колку е тоа очигледно.

Вил Смит, камај

Шамарот на Вил Смит полета кон Крис Рок затоа што овој се зезаше со бричената глава на неговата сопруга. Па после солзи, па извинувања... На иста тема, ќелаица, се има јавно зезано самиот Смит, со еден од бендот во шоуто на Арсенио Хол, дека мора да си ја полира главата со восок секое сабајле... Зезнато со интернетот е што никогаш не заборава.

Среќата е за батки

Дел од епизодата на Саутпарк од пред две години, кога се зезаат со транс-мажи кои влегуваат во женски конкренции. Тоа што некогаш беше сатира и пародија, денес е реалност 

Кунг-фу тепачката над сите кунг-фу тепачки

Филмот е „Пијан змеј“ од 1985-та и е пикот на кое било филмско кунг-фу тепање во историјата на шкартот кинески кунг-фу филмови.

Што направивме со децата?

Што ќе направи дете кога во забавен парк ќе наиде на човек-маскота со некој омилен лик? Се разбира, ќе се затрча за да се изгушка со својот јунак. Не и дете од пандемија, тоа уште од најмали нозе се учи дека во сè наоколу се крие опасност.

Гео- политика најубаво се учи со песни и танци

Замислете во голема сала ко Борис Трајковски, да се соберат членови и симпатизери на некоја македонска партија (добро, не на Павле Трајанов, тие можат и во Лајка) и живахно да се разиграат додека политичкото раководство им нафрла партиски точки во седум-осмински такт.  Овие ја с'скаат Кина да го нападне Тајван, а и Путин, онака генерално. Питај бога, кои се. 

Кога новиот идентитет ти е да ја браниш Украина

Уште им викате на луѓе да се чуваат и да се вакцинираат? Пффф, има ново бе, а Рајан Лонг  снајперски ги трола трендовите и безмозочните ботови кои скокаат од еден на друг: оние полни со правичен гнев и желба да се дел од виралните дешавки, без желба да се дознае нешто повеќе за тоа (и онака ќе дојде нов тренд). Треба да нагласиш дека ти лично си не-бинарен, ама ситуацијата за тебе секогаш е едноставно - бинарна.

Слава на легализацијата!

Британска новинарка начекува група млади бегалци од Украина и со загрижност ги прашува како е ситуацијата таму, што се случува на теренот. Ама, наидува на соговорник кој има друго да праша: Канабисот овде легализиран ви е?

Борба со погрешен противник

Двеминутна кавга за ситуацијата во Украина на индиска телевизија. Водител и двајца гости. Водителот и еден од гостите фаќаат да се надвикуваат, третиот трпеливо молчи. Сè додека не му прекипе и реши да ги стави работите на свое место. Значи, мора да го видите крајот.

Бранко Коцкица денес за ова би лежел во Хаг

Многу спореден, а денес многу надреален, исечок од некоја си од емисиите на Бранко Коцкица. Матичниот педагог на милиони југословенски деца ги кани дечурланата на маса „да цепнемо нешто жестоко“.

Како функционира светската цесија

Елате да видите како за две минути можете да ја разберете светската должничка криза. Кој колку и кому должи и како тоа секој на секого му должи? На почетокот сте концентрирани и следите со разбирање, после работите почнуваат малку да се комплицираат и го губите есапот, ама, крајот е најјак.

НАТО: Диверзитетот е нашата сила

Злобници велат дека советник за безбедност му го покажал видеово на Путин па овој рекол: "Ок, упаѓајте". Али стварно, замислете да сте Украинец, руски тенкови баботат по вашата земја и некој добронамерник од Запад ви го праќа ова видео како мотив да издржите. Диверзитетот само што не стигнал за да ве спаси.

Владимир Зеленски, лидер и пијанист

Алал вера она западнине служби како перфектно профилираат политичари сојузници во трети земји. Кај нас знаете кого го црпнаа да ја одработи задачата, во оваа прилика да ги запознаеме талентите на Зеленски, човек кој ја води Украина нападната од Русија.

Баба како знае да те закопа, ни поп не може

Во некоја поетаблирана средина како Гранд и слични кога не те бива ќе ти го галат егото со детали од типот гласот горе, па долу, па оди повежбај, па имаш / немаш трилер и сè што треба само за да не те обескуражат во кариерата што сакаш да ја тераш. Кај баба дома нема вакво тинтрање.

Кога ќе претераш со Џордан Питерсон

Технички, не се тоа напрефинетите имитатори кои сте ги виделе, ама овие двајца дебили генијално ги кинат манирите на Питерсон и доловуваат како изгледа муабет на луѓе кои малку претерале со гледање клипови од канадскиот клинички психолог кој им е ноќна мора на разбудените.

Кога ќе ја откриеш тајната на татко ти

Тинејџер нашол песна која татко му ја напишал и снимил пред 43 години, но никогаш не ја објавил. Ја пушта во кола, снима видео и го закачува на ТикТок. Бам - милионски прегледи! Ене ги сега кај Кимел и други медиуми -ѕвезди и двајцата! А опако добро фанкче. 

Да не биде џабе искачањето

Изгледа има луѓе кои не сакаат да излезат и тоа да помине туку-така, без спомени. Па по секоја цена смислуваат нешто по кое ќе го паметат тоа искачање. На пример:

Поздрави од срцето на енергетските промени

Ан Катрин од Хамбург си купила нов електричен автомобил. Ископувачите на кобалт потребен за батерии од Конго, не може да се изнарадуваат. Опасно добра сатира за опачината на прогресот.

Свету, прилагоди се на мене

Почнува со „Мамо, мамо, учителката не ме сака.“ Завршува така што ќе биде во публика на стенд-ап комедија, ќе стане и ќе му каже на комичарот што не е за смеење. Одлична опсервација на дечкото.

„Don't Look Up“ на своја кожа

Видовме како е тоа на филм кога комета ќе тргне накај нашата планета. Но како е тоа да се доживее „во живо“? Сериозно организиран и одлично изведен пренк во кој жртвите одеднаш се наоѓаат во исто таква ситуација.

Семеен хепиенд на калифорниски начин

Им кажал на родителите дека во последно време по малку е романтично заинтересиран за девојки. Овие се шокирале од тоа пошто во последните години тој бил геј, па нон-бајнари, па транс... Спомнале затруднување ама тек тука се закомплицирале работите (ќе чуете!), за на крај старите да се помират со онаа најбејзик желба: „Абе сине, да имаш еден кров над глава...“  

Ќе станеш Мел Гибсон за да се дрвиш со вакви

Превозбуден Мексиканец го начекува Мел Гибсон како си пумпа гума на бензиска. „Зошто си сам?“ Гибсон му вика: „Не знам, зошто си ти сам?“ “Затоа што не сум познат“, одговара глупиот па вика дека има среќа што налетал на таков човек. „Не знам баш тоа, што ако те опљачкам?“ Нормално, клипанот се смее и на тоа.  Фанови се глупи луѓе, генерално.

Дизни за нови генерации снегулки

Каналот Дизни јуниор има нова серија кратки анимирани филмчиња "Rise Up, Sing Out" со која „се праќаат оптимистички и позитивни пораки за расите, културата и славењето различности“. Во оваа епизода, Дизни се зафаќа со детската тема - микро-агресијата.

Фам фатал

За светот да те гледа како што ти сакаш да те гледа, треба да ја проектираш таа слика од себе. Првиот чекор е да имаш самодоверба. Ако сакаш да те гледаат како секси, тогаш прво треба да веруваш дека си секси. Оваа девојка нема проблем со тоа. Таа си има проблем со друго.