Забава

Си биле две сестри, либералки

Не знаеме дали во случајов круша под круша паднала, ама јасно е дека едната круша паднала веднаш до другата. Можат да се сретнат по мрежи како либерални активистки полни со прогресивни хаштагови, а во реалноста тоа изгледа вака.

Ете, и него го запросија

Геј двојка решава да ја апгрејдира својата врска на традиционален начин, со клекнување и нудење прстен. Видеото може да се гледа како а) мотивационо (штом него има кој да го го запроси, ќе се најде и за мене) или б) демотивационо (еј, него го запросија, ја уште ништо). За да знаете што е спорно со запросениот, пуштете звук.

Нашиот брат по математика

Треј Гауди објаснува дека ја изгубил вербата во математиката кога му рекле дека три по нула е - нула. „Како може да имаш нешто трипати а на крај да немаш ништо? Кај се изгуби тоа три? Тоа никако не ми влегуваше во глава“ се исповеда Гауди кој не треба многу да го мислите- подоцна стана федерален јавен обвинител и политичар.

Генерациски разлики

За разликите меѓу генерациите можат да се пишуваат долги есеи и томови анализи и истражувања. А може да се скоцка и едно луцидно видео од дваесетина секунди и некои работи да станат многу појасни.

Добра берберница е институција

Еден од најголемите порази што модерниот живот го нанесе општо на животот е што почна да се закажува шишање во берберница. Навидум целосно неважна работа, меѓутоа седењето во берберница и чекањето ред, е суштински столб на чакалење на секој маж (веројатно исто е и за жени во фризерница) и на квалитетен и содржински маалски живот.

Кога не учите од историја, учете од цртани

Лекцијава е од далечната 1937 година и е анимирана, за да можат наравоучението да го разберат и деца и наивни Снежани.

Ако не му е срам на Борис, нема зошто на тебе да ти е срам да играш

Без разлика на целиот туѓ срам што ќе го видите во видеото, тоа не е причината за скандалот што Борис Џонсон го јаде деновиве. Клипот е од некоја божиќна забава од пред десетина години, а се појави деновиве откако британскиот премиер беше фатен како ги прекршува анти-ковид правилата заради новогодишна забава.

Детална, перфектно точна, еволуција на ковид правилата 2020 - 2022

Наше е да кажеме дека до сега веројатно и немало вака прецизно сумирање на пандемијата. Нивно е да си признаат дека баш вака еволуираше држењето на секаквите власти овие две години.

Како Бугари нарачувале од Џеф Безос?

Браќата уште на времето си ги познавале своите поштари: а) дека се апаши и б) дека не знаат да читаат англиски. Па онда знаеле да пратат флопи диск во кој биле пикнати пари за нарачката која ја сакаат. Ете што ти запамтил Безос. Денес им е полесно, денес нарачките преку Бучко ги праќаат.

Неапол не ти ќути

Човекот се јавува во првите моменти од новата 2022 година, само за да ни каже и покаже дека во неговиот Неапол, петарди, огномет и пиротехника годинава биле стриктно забранети.

Двајт не воскреснува лесно

На Двајт Шрут му прават ремет со Матрикс. Црни мачки, луѓе близнаци,пораки на компјутер,  агенти... Доаѓа до Дорфеус, брат на Морфеус (Део и Дринити фаќаат сеир) но само за да се открие природниот баг кој го има во Двајт (и во многу од нас): склоноста да се одбере другото апче.  

Не ти јаде она таква кокошка

Она слатко пупаче не е истурено напред затоа што таа била рамнодушна кон храната. Не, не, таа има јасни и гласни ставови: кокошка не се јаде само со два-три зачина. Не можеш ти неа да ја прелажеш.

Бисери во руската кал

Една (прекрасна) руска лујка кој очигледно има две главни љубови: Мајкл Џексон и Џеки Чен. Во следниот настап ги спојува двата лика во една точка. Точка од која некогаш боли глава. А некогаш рамо.

Кога ќе прочиташ дека и женско треба да ставиш во емисија

Некаков руски пренос од хокеј и тројца водители, двајца мажи и една Ана Семеновја, поранешна Мисс Татарстан. Секој со свој дел од стручната анализа.

Водич за политички коректен Божиќ

Бидете сигурни дека сите ваши родители се правилно нумерирани, наместо Снешко направете Снешка, или уште подобро, оставете снежното лице само да одлучи за себе, од сликовници се препорачува Петар Пансексуал и Алиса во Џендерленд, имајте на ум дека некои од вашите украси се навредливи за заедницата на елени а Дедо мраз мораше да биде канселиран од еден куп причини.

Како Аквамен се слика со туѓи девојки?

За очекување е на Џејсон Момоа да му приоѓаат девојки и да бараат да се сликаат со него. Ама тоа после некое време станува досадно. Поинтересно е кога и дечко им е ставен во контекст.

Погледнете го овој кадар

Педантно планирање и нула простор за грешки: троминутно видео во еден кадар, снимено од дрон. Каде сè не се пикна. Кај нас ќе ти го оборат со шамар на првата прилика.

Најјаката фрустрација на Хитлер

Шуќур дочекавме преработка на легендарно виралната сцена од Der Untergang, онааа со Хитлер во бункерот, која не е поврзана со дневнополитички настани или ликови. Во оваа верзија, Хитлер пизди затоа што не може да ја убоде бојата на тонот кој го вади Стиви Реј Вон. Па браос.

Мис Универзум 2021 е право маче

Водителот Стив Харли разбрал дека новата Мис Универзум, 21 годишната Индијка Харназ Санду, била вешта во имитирање животни, па на сцена ѝ предложи да слушнат нешто од тоа. И онда оваа фати да мјаука (сосе шепите, боже ме прости).

Сквид гејм - вистинска

5.000 спонзорски долари во новчаници од по еден долар, фрлени на хокеарски терен за десет наставника кои ентузијастички ги трпаат под маица, па кој повеќе собере за својот клас. Зошто просто да не им ги дадат на сметка коа може да биде тоа  гладијаторски организирано? Затоа што има луѓе без памет. 

Една е мајка

Играч на англиски милионер заглавува на прашањето од што се прави шливовица (лесно е на македонски да се сетиш). Решава да повика пријател. „Сега ти треба некој јак пијач“, го советува водителот. Овој ја повикува мајка му.

Драма во два чина, за две нозе и четири тркала

Нашата планета се движи со брзина од околу 1.700 километри на час. Ние тоа не го чувствуваме, бидејќи сме дел од целиот тој забревтан комплет. Сè додека сме трезни. Кога човек е (многу) пијан, тој како физичко тело се осамостојува од комплетот и функционира како посебен објект, што доведува до големи недоразбирања меѓу него и планетата. Таа продолжува да пичи, тој не успева да ја стигне. 

Бил Бур за Блек Фрајдеј

Ме фаќа жал за Американците, кога гледам како се газат на Блек Фрајдеј. Зошто би си го правел тоа некој себе си? Зошто не можеш да си признаеш дека нешто не можеш да добиеш по регуларна цена? Дојди утредента и одбери си што ти треба, ко господин човек.

Али Џи на Харвард

Еден стар (2004) поздравен говор на Саша Барон Коен како Али Џи на завршените студенти на Харвард. Најјаки се оние на кои не им е смешно или пак им е баш незгодно. „Со парите дадени за ваше школување, вашите татковци можеле да си купат Лексус, ама тие решиле да инвестираат во иднината на своите деца. Дали се тие нормални?“