Забава

Како звучи армијата на Мали?

Пум-пум, папара-папара, пињау- пињау.... Во недостаток од муниција, војници на армијата на Мали, на воена вежба се принудени да се служат со звуци од сопствено производство, како деца во маало. Кој кажа дека војската мора да звучи страшно?

Бронзена благодарница

Ова може да биде идеален подарок во две насоки. Може лидерот да им го подарува на своите полтрони за да го обожуваат, галат и бацуваат, а може и полтроните да му подарат на саканиот лидер траен спомен од нивниот најдрагоцен дел. Неџат, Паралитико, у реду е, не треба фала за идејата.

Шапиро, што се пуваш со висина?

Бен Шапиро е пукан зајак и знае дека на неговите предавања по универзитетските кампуси кои последниве години се инкубатори за прогресивни бролјери, може да очекува секакви прашања. Ама баш секакви.

Големата „најт шоу“ рокада

Фалон во Њујорк го чека Вил Фарел во емисија. Кимел во Лос Анџелес го чека Рајан Рејнолдс во емисија. Фарел живее во Лос Анџелес, Рејнолдс во Њујорк. И на едниот и на другиот не му се патува преку цела Америка за да биде на „најт шоу“, па секој си оди кај локалниот во емисија.

Не сите мисици се малтретирани еднакво

Совет за девојки: ако решите да станувате мисс, гледајте тоа да не е Мисс на Финска затоа што ќе треба да правите вакви интерјвуа.

Филмска геометрија

Фасцинантно е колку несвесно а непогрешливо прецизно ги примаме и доживуваме невербалните, визуелни пораки во еден филм. Што кога е нешто тркалезно, што кога е триаголнесто и што сè може да се долови доколку биде ставено во рамка. Фасцинантно.

Семејството Кабс

Ги знаете ли? Три деца имаат ама ѕвезда е најмалата, Мали, која го збунува татко ѝ со нејзината опседнатост со музика и желба за пеење и играње. А Мали знае свашта, од латино до Том Џонс. Плус мултилингвална: освен што перфектно пее шпански и португалски, учи француски, јазикот тви (од Гана, од мајка ѝ) и лингала (конгоански, од татко ѝ). Ама, убер алес, музика за сите пари!

Девојката со немирна дијафрагма

Убаво е кога блиските ти ги знаат маните само што не е исклучено дека тие ќе сакаат да те цимаат баш таму. Девојката добива инстант нагон за повраќање штом некој во близина симулира такви звуци. А во близина е маж ѝ кој добро го знае тоа и ја ремети кај стигне.  

Програмер на интервју за работа

Секој што некогаш пробал да вработи „сениор“ програмер знае колку ова е точно. Секој сениор програмер што се вработил знае дека ова го има само во другата ИТ компанија. Хајлајт „немам потреба од тим билдинг, можам и сам да се напијам.“

Логиката на вакцините

Одговори на струката на прашања од теоретичари на завера. Замислениот дијалог започнува со прашањето, што кога некој ќе заболи од ковид после примена прва доза вакцина.  Но, тоа е само почеток.

Интелектуална кавга во Русија

Што им е заедничко на двајца Руси од кои едниот на 24 години одбранил кандидатска дисертација  за академија на науки а другиот е потполковник на министерството за внатрешни работи? Нормално, тоа што и двајцата сакаат да се напијат.

Ретро на метро

На звуците од Чикитита од АББА (нејасно зошто) ова видео може на постарите да има послужи како едукативен пауер поинт за помладите во нивна околина, да се запознаат со дизајнот и гаџетите на некои минати времиња. Вокмен, клик-клак, динамо од точак, Брут, оние за отворање конзерви со вртење... Или барем ќе си најдат нешто за кое ќе си речат: „Стварно бе, кај ми е ова?“

Бил Бур му го продолжува животот на Конан

Џими Фелон знае да изнервира со неговото нон-стоп смеење за кои многумина се прашуваат колку е искрено (тоа го влече уште од СНЛ кога упропастуваше сцени со предвремено церекање). Конан го нема тој проблем и добро се контролира. Освен кога гостин му е Бил Бур. Пазете го како се распаѓа кога Бур ќе влезе во лудило.

Дечкото е лепенка

„Признавам, не беше тоа баш најмудар потег,“ им кажа подоцна на новинарите еден климатски активист од Лондон кој сака да алармира на ситуацијата и да им обрне внимание на властите дека треба да се вложува во подобра изолација на домовите за да се заштеди енергија. Сето тоа, со супер-лепaк залепen за асфалт.

Жени, сериозно ова вака?

Женско одржување во 57 чекори. А ти следен пат кога ќе бидеш горд што барем си ставил дезодоранс под мишка (или некој друг минимум на лична човечка хигиена) нека ти текне на клипов.

Срце ми је виолина

Кога Балканец ќе го погоди песна, на човек може да му дојде желба да излезе од кафана. Кога песна ќе го погоди црнец, на жена ѝ доаѓа да излезе од кола. Од кола во движење.

Маалска бежанија

Мачка бега од куче, маж бега од жена, арамија бега од полиција. Бразил во еден кадар.

Најдолгата гушка

Мајка (Елизабет Бенет, Арканзас) на синот кој се враќа од школо му ја кажува веста дека не мора да биде со маска, откако родители го добиле случајот со школото околу задолжителноста на маските. Пазете ја таа реакција.

Мустаќот на Салвадор Дали

Колку да се потсетиме каква „шведска маса“ од талент, шарм и самодоверба беше Салвадор Дали, од едно кратко интервју за BBC од 1955 година. Се разговара за битен детал од тогашната арт сцена - мустаќот на Дали.

Летерман го тролаше Дурант

Стариот му упадна на прес-конференција и го праша:
- Зошто те викаат КД?
- Затоа што се викам Кевин со К а се презивам Дурант со Д, најученички одговори КД. Дури кај прашањето за Пеликаните се опушти и сфати дека стариот се зеза.

Знаете ли што се егосексуалци?

На радостите на новата сексуална едукација им нема крај крај. Егосексуалци да ти биле оние кои  немаат ништо против сексот, ама не би да бидат дел од тоа.  Ехеј, колку такви познаваме, не од што сакаат, туку од што мораат...

Го однесоа детето, ковид имаше

Сцена од ланската специјалка на Саут Парк. Почнува кога Картман го приведуваат во школо а завршува со карантин за цело одделение затоа што имале контакт со соученик (Токен) кој беше однесен во болница. Заради ковид.

Сè за тија пусти сториња

За да се добие што поефектен материјал од себе за на интернет, тоа опседнатите знаат да направат секакви кретенизми (се пентарат па кршат глави, рецимо) и да злоупотребат секој ближен да им помогне во офанзивата за лајкови. Чекајте да го видите резултатот овде.  

Цис маж и за што тој термин служи?

Норм Мекдоналд му објаснува на Стефан Мерчант (на Џервејс другарот) дека цис маж е оној кој се родил како маж и се чувствува како маж. Овој збунет, го прашува а зошто воопшто постои таков термин? „Тоа ти е начин да се маргинализира нормален човек,“ закуцува Норм.