Забава

Лифт до Дедо Мраз

Кај нас ќе се качиш во лифт и единствено со што можеш да се занимаваш е да читаш за колку особи е и што да правиш ако заглави. Во еден лифт во Масачусетс е малку понаку, тој вози право до куќата на Дедо мраз. За 5-10 години ќе го има ова и кај нас, па на 20 портали ќе се читаат ПР текстови за новото „чудо од лифт“ во Ново Лисиче. 

Ладно ли е надвор, wet ass pussy?

Прогресивната #МеТоо култура успеа од радиостаници да ја исфрли песната 'Baby It's Cold Outside' (види овде). Содржела токсична мажественост. Во истото културно миље, најпопуларна станува песна од Карди Би. WAT, скратено од „Wet Ass Pussy.“ Генијално уловувајќи ја перверзијата на оваа епоха, дечко паралелно чита стихови од „лошата“ и „добрата“ песна.

„Два смо света различита“

49 годишен јапонски политичар бил на „толку и толку години“ од матурска. Таму испил неколку пива. Дотука, сè е исто како да е наш политичар. Оттука почнуваат разликите: 1) се враќал со јавен превоз, 2) додека се возел се дигнал неколкупати на тоа шипката, 3) свика прес конференција за да се извини за своето „хулиганство“.

Си биле двајца глупи активисти

Германски климатски активисти решија да изведат протестен перформанс за време на виолински концерт на Бетовен во Хамбург па си ги залепија рацете за сталакот на диригентот. Ги прееба мала цака: сталакот не беше фиксиран па ги напудија од сала сосе него.  

Нем професионализам

Кога се работи за некои наши оратори и јазични реформатори, на нивните преведувачи на јазикот на глувонемите најпаметно им е да стојат на страна и да се крстат. Ова е пример од странство, од некоја парламентарна говорница на која жената која зборува паѓа во несвест. Преведувачката - спремна и за тоа.  

Седумгодишно интервју за работа

Дечко договара интервју за работа во угледна правна фирма. Меѓутоа во уво има скриено апаратче на кое слуша седумгодишно момче кое му дава одговори на она што го прашува нивната жане од кадрово. Секој негов збор е само повторување на она што го кажува малиот. Девојката позбунета не можеше да биде.

Кец или двојка?

Разговор со стар шкотски бербер кој нуди само две фризури: фризура број 1 и фризура број 2. Има тој и „Елвис Костело фризура“ само што признава дека никогаш не видел како изгледа Елвис Костело. На оние сомничавите им вика: „Само ти седи, има да те направам ко Френк Синатра“.

Очи гледаат, мозок не верува

Ова е едно од оние видеа во кои нема да ви биде јасно кој е кој (инаку се работи за феноменално смислен настап од натпреварот Got Talent), на крајот тоа ќе се покаже па после пак одново ќе го пуштите видеото, сега знаејќи кој е кој. Финтата е што пак нема да бидете најсигурни во тоа. 

Царица на интервјуата

Она што денес го прави Зак Галифјанакис во „Between Two Ferns“, во 70-тите и 80-тите го правеше Лета Пауер Дрејк, и тоа нескриптирано. Знаеше јако да ги подзине фаците. Кога ќе го праша Курт Расел: „Жив ли е тоа татко ти?“ или кога ќе флертува со Тели Савалас или кога на Елиот Гулд ќе му плесне: „Ти ваљда себе не се сметаш за добар глумец?“ 

Ако на твојот душман не му се брза

Арон Краскал во последно време главно коментира забавни видеца кои фанови му ги праќаат. Но има и една интересна рубрика, за интернет туторијали кои не функционираат во реалноста. Еве едно, за тоа како да се спаси возач ако тој зад него фати да го гуши со јаже. 

Ок, да научиме и што е триџендер

Суштеството дента излегло „од плакар“ за да обзнани дека се чувствува како триџендер. Елем, како триаголник, имал/а/о/е три идентитети: маж, жена и нон-бајнари. Што значи дека секојдневно се чувствува како 1) маж, 2) како жена и истовремено како 3) ниедно од тие две. Чекај бе несреќо, сите три идентитети се согласиле баш околу тој кармин?

Бонбони од чварки

Не, насловот не е метафора или игра на зборови. Се работи за прави правцати бонбони од чварки/џимиринки. Ова би требало да го има во секој дом, канцеларија, по нотари... и нормално, да се фрлаат на венчавки!

И Бил Бур знае да се смее

Бил Бур остануе врв на денешната комедија, благодарејќи на тоа како умешно ја транзитираше својата позиција, од гневен тип напизден на сè, на некој кој денес има жена и дете, ама уште има што да каже. Дека редовно го смее Конан, сме покажале. Овде имате едно нивно дружење во кое и Бур знае да тргне на смеење. За Конан да не правиме муабет. 

Да видите од каков талент изгуби Доктор Оз

Телевизискиот доктор и продавач на шашми, доктор Оз (Мехмет Ченгиз Оз) ја изгуби трката за место во Сенатот како претставник на Пенсилванија. Изгуби од Џон Фетерман, човек кој пред пет месеци преживеа мозочен удар. Ќе видите сами до каде стигнало опоравувањето, што поразот на Оз го прави уште поголем резил.

A таман ќе помислиш дека не може да се поглупи

Само што разбрала дека косата расте од - главата! Во нејзиниот досегашен академски живот верувала дека таа расте од крајот на влакната, но оваа еурека ја збунува: ако косата расте од скалпот, дали тоа значи дека во главата имаме коса? Не секирај се, девојче, немаш ти ништо таму.

Каква надреална сцена

Во некоја бразилска припиздина, тип со мачета брка пар полицајци кои бегајќи пукаат кон него. Или упорно го утнуваат или го пукаат со памукчиња, нејасно. Сеедно, цајканскиот резил го прекинува случаен минувач кој го спуца идиотот со кокос во глава. 

Верувајте ѝ на гравитацијата

Дечко секој ден на објективен начин ја решава дилемата дали да го зачисти станот, да вежба, да чита книга или пак - да се напие пиво. И секој ден му успева „да му се падне“ ова последново. Гледајте како, учете и спроведувајте по дома. 

Стариот жестоко зашмелца

Во својот говор во Флорида, Џо Бајден кажа дека (1) Зборувал со човекот кој го пронашол инсулинот, иако Фредерик Бантинг умре во 1941-ва, една година пред Бајден да се роди, (2) Ураганот Иан го нарече Иван (3) Го преполовил јавниот дoлг а тој е рекордни 31 трилион долари.... И тоа не е сè.

Ова беше трол, не оние по твитери

Да потсетиме на жената која пред едно пет години се појави на сосема сериозна полициска прес-конференција и почна да преведува на јазикот на глувонемите. Нормално, без да има абер од таа работа. Оние кои го познаваат знаковниот јазик, викаат дека на моменти мавта со рацете како да ја пее Џингл белс. 

Да знаете, „мама и тато“ се „хетеросексизам“

Кај доктор Фил се зборува за канселирани (читај забранети) зборови и се бараат предлози за нови. „Мама и тато се навредливи“, вели жена од публиката. Лезбејка е, имала ќерка и секогаш кога малата некаде ќе прочитала „мама и тато“, се збунувала. Па стварно не е фер.   

Блуперси од „Between Two Ferns“

После неповторливиот Али Џи, „Меѓу два папрата“ е шоу во кое сме ги слушнале некои од најлудите прашања и потпрашања кои можат да се смислат за интервју. Ова е збирка моменти кога Зак Галифjанакис или неговиот гостин не издржале да не отидат во смеење. 

Замислете Америка да беше диктаторска земја

Саша Барон Коен во „Диктатор“ има употребена една генијална финта како на Американци да им ја долови реалноста. Вистински интелектуален аикидо.

Нејзино е

Млади дечко и девојка се сакаат. Едно време раскинуваат. Нешто подоцна, таа дознава дека е бремена. Повеќе од доволна причина да се смират и повторно да бидат заедно. За заедно да го дочекаат бебето. Остатокот од оваа љубовна романса ќе го видите сами.  

Мрамор, труп и телешко

Не знаеме дали дечкото е измамен или е само глуп. Тој веројатно очекувал да му дадат парче јунешко/телешко  кое во наша месара се вика „шарено“ а на запад има статус на фетиш па го викаат „мермерно“. Завршил со месо во марамица. Сепак мора да е глуп, пошто ја фрли.