Забава

Жичано- удирачки инструмент

Искусни и мудри музичари секогаш ги советувале помладите да го покажуваат тоа што го умеат на нивниот инструмент, но никогаш да не вежбаат пред други луѓе. Бидејќи музиката спојува, ама вежбањето баш и не. На некои од неискусните тоа сепак не им влегува во глава. Ок, има поинаков начин да им влезе во глава.

Од рубриката „Изгубено - Бајдено“

Добро, се чудевме ние истото и кога им беше Џорџ Дуплове Буш (на Он.нет имавме рубрика „Бушалаштини“) и кога го изгласаа Трамп, ама сега, кога секојдневно гледаме во каква когнитивна кондиција им е Џо Бајден, не може а пак да не се запрашаме: Како е можно од цела онаа Америка, баш тој (уште) да им биде главниот?

Вулканизер „Бадминтон“

Оние што ги маваш на бадмингтон а кои не знаеме како се викаат, треба да се аеродинамични, така? Е, така, ама како се постигнува тоа? Компјутерски, со софистицирани машини, со ОпенАИ? Не, седи една теткица и гледа кое перце со кое друго треба да ги сменат местата. Како во тоа успева, е, тоа е правата мистерија.

По курви бевте?

Бил Бур се зезаше дека жените фабрички се љубоморни на мажите затоа што можат да бидат среќни со мали и едноставни нешта. Ѕирнете една машка дружба после која ајваните дома тешко ќе објаснат на што тоа толку заглавиле синоќа и дека не е тоа што госпожата го мисли (види наслов). Фан факт: најкласично машки гледавме до крај, за да видиме кој ќе победи.

Блиска средба на Чак Норис со тигар

Чак Норис посакал да погали некојси тигар. Само што се наведнал и почнал да го гали, ѕверот почнал непријателски да ржи. Дресерот издал упатство: „Стани многу пополека и повлечи се“. Да ви кажеме спојлер? 

Пирс Морган сака да биде црна лезбејка како Тери Гилијам

Ако ваквиот наслов ви е нејасен и не гледате никаква логика во него, единствено алиби би ви било ако штотуку сте се разбудиле од долга кома и сте се нашле во оваа ера на родови флуидности и бескрајни самоидентификации. „Ако само треба да обзнанам како се чувствувам, без никому ништо да објаснувам, зошто не можам да бидам црна лезбејка?“ праша Морган една гостинка.

Скриената супер-моќ на мажите

Мажите се, особено ако ги прашате жените, куп мани во движење или почесто, во седење или лежење. Фрлаат чорапи кајшто ќе стигнат, штотуку исчистена кујна знаат да ја избербатат за ништо, кај што јадат оставаат ронки зад себе.... Но, затоа тие имаат една тајна моќ која им овозможува да преживеат и тие и нивниот нервен систем. 

„Дошло прасе само во месара“ - морска верзија

Смислиле кул сценарио за спектакуларна снимка. Едниот се затрчува, другиот веднаш по него, снима со ГоПро. Се доаѓа до работ на една провалија и се фрла во море, од застрашувачка висина. И првиот и вториот. Само не им текнало дека долу во водата можеби има некој кој нема да знае кому попрво да му се израдува од нив двајца.

Игралишта како губилишта

Од еден обичен ден на еден ревносен инспектор за безбедност на детските игралишта. Ако пресериозно го сфатите видеото, следниот пат ќе им затворате очи на вашите деца кога минувате покрај некое такво катче. Особено што кај нас тие често имаат дополнителни замки кои можат да ги преживеат само мали нинџи.   

Среќен осми март и за сите зи, зем, зер....

Бидејќи тој и таа (he/she) се малку, битието ќе ве научи како се користат заменките зи/зем/земселф. ВНИМАНИЕ: зи/зем/земселф се разликуваат од другата колекција „зи“ кои гласат зи/зер/зерселф. Објаснува нешто и за птиците ама тоа не го најразбравме, освен дека нејзиниот кластер не само што не се од еден од двата рода, туку не се и докрај луѓе (Олади ме птичурина! - Душан Ковачевиќ). На крај вика - лесно е. Џизс.

Алкохолот те тера на поштење

Стариот се има направено дрво, цајканот го фаќа во таква состојба и ваљда му вика да не мрда, додека тој отиде по дрегерот. Ова дрвово некако проценува дека сега е моментот за да се здаде в спектакуларно бегство и тргнува со трчање. Но, за среќа, во него е алкохолот кој го враќа на правиот пат.

Чаирски лекции од Глазгов

Кевин Бриџис (многу ни прави ќеиф со маалскиот шмек) објаснува неколку правила до кои треба да се држи нормален човек кој се вози со автобус во неговиот град. Може да фаќа сеир ако патник и шоферот почнат да се ценкаат околу картата, ама ако стане озбилно, негово е да сврти поглед, да се загледа во некоја рандом точка на подот и да си дозволи да биде одведен на некое „среќно место.“

Противотров за разбуденaтa токсичност

Колку треба да си арогантен па да веруваш дека заслужуваш да проживееш така што никој нема каже нешто со кое ти не се согласуваш или не ти се допаѓа?  Сакам да престанат да викаат „оваа заебанција е навредлива.“ Сакам да почнат да викаат „Оваа заебанција МЕНЕ ми е навредлива“.

Се молат Монти Пајтон веќе да не даваат идеи

Денес за „непочитување на ова право“ се губат работни места, се уништуваат кариери, се наебува од линч на бесните правдољубиви твитер толпи... А сè започна кога во „Житието на Брајан“, Стенли посака да биде Лорета. Оти, што е следно, пред комисија за заштита од дискриминација да нè тужака некое „Друштво за заштита на витезите што викаат 'НИ'“?

Наравоучение од многудетни родители

Многу родители цвикаат за правење второ дете, пошто имат уплав од повторување на сето она потресување кое го преживеале за првото. А родителските стандардни најнормално си паѓаат во репризните изданија. Какви се разликите кога го бањаш првороденото дете од она како го бањаш третото или четвртото? Нема поточно од ова!

Како во црква се фаќа запалење плуќа

Имаме два верски видео примера. Едниот во кој свештеник претерува со крстената вода. Другиот во кој поп претерува со огнената вода. Не знаеш во кој господ попрво да се крстиш.

Кога Кит Ричардс ти чува грб

Концерт на Стонси. Додека Мик Џегер анимира публика, не забележува дека некој позади него успеал да го надитри обезбедувањето и да се качи на сцената па трча накај нив се непознати намери. За среќа, мамлазот го приметува Кит Ричардс, а тој на сцена никогаш не доаѓа голорак.

Брзо му било пишано

Нејќел да плати казна за брзо возење со образложение дека сè што прави тој, прави брзо. Јаде брзо, спие брзо, чита брзо, оди брзо.... Судијата, некој чешит човек, му рекол: „Ај сега да видиме колку брзо можеш да одлежиш 6 месеци затвор“. Најведриот дел од видеото ќе го видите сами. 

И вака се бранат правдини

Додека сме принудени да се занимаваме со Бугарите и со нивните глупи офанзиви да нè убедуваат кои сме и што сме, забораваме дека во животот постојат и други прашања за кои е благородно човек да се бори. На пример, кога ќе ти наточат пиво на подмолен начин. Односно, ќе ти го избугарат штуцот или криглата.

Тато ме нарече демократ!

Постојат разни начини да се скршат нежните детски чувства и да се навреди едно младо, чисто и искрено суштество. На пример, да не му купиш играчка, да го тераш да јаде брокула, да не му исполниш ветување дека ќе го носиш некаде, да му кажеш дека не постои Дедо мраз... Додаваме уште еден јак удар.

Сакаме да запознаете еден 35 годишен белец

Ако може да се бира род како ќе текне, зошто да не може да се бира и боја на кожа, поточно припадност на раса? Ете го него, од нигде никаде, еден ден се почувствувал како белец. Стручно кажано, има транс-расен идентитет. Мајка му, нормална, вика, и јас сакам еден ден да се рабудам и да речам, јас сум Ријана, ама, не оди тоа така.

Милка Бабовиќ на време си замина

На отворање на првенство во уметничко лизгање, Финска реши да биде претставена од трансџендер, тоест „родово неутрална жена“ (што и да е тоа). Во име на „еднаквоста и диверзитетот“ да покажеле дека на мразот има место за сите. До 43 години бил Марку-Пека, сега е Мина- Марија и има 59 години. Да видите само каков балван е тоа.

Дечкото со три нозе

Пен и Телер се прославија демаскирајќи магионачарски трикови и илузионистички точки, покажувајќи колку е лесно мозокот да се измами за да верува во она што го гледа. Кога тие двајца некого ќе проследат со аплауз, значи озбилна е работата.

Пискотници се слушаат од Ајова

Aјова има најниска стапка на разводи. Кој ги чува тие бракови во Ајова? Гласни жени и послушни мажи. Првиве имаат и натпревар, натпревар во тоа која од нив најдобро (најстрашно) го повикува својот маж. А ги има - прав хорор. Снимка од натпреварот објаснува и зошто Ајова истовремено има една од највисоките стапки на конзумирање алкохол.