Забава

Немало попоштени лопови од овие двајца

Двајца скејтери уиграно крадат продавница (едниот го зазборува преодавачот, другиот трпа работи во ранец), кога во истото место доаѓа посериозен апаш, вооружен со пушка. Прводојдените без зборови ќе се согласат дека тоа не е фер, ќе го совладаат воружениот, ќе го поклопат со рафт, ќе ја остават неговата пушка на каса и ќе фатат штрафта. Господа.

Не се ценкај поисточно од Бугарија

Секој што добацил барем до Истанбул ако не и понатаму на исток, знае дека ценкањето таму ќе ви заврши со огромна радост и гордост на себе каква тоа цена сте успеале да исценкате, сè додека на првиот ќош, за истата работа не ви биде понудена штотуку исценканата цена како - почетна. Безброј финти имаат тие - мама си тракале - трговци.

Трансмисионата моќ на нервозниот Кинез

Дури сега ни станува јасно зошто меѓу Кинезите толку лесно се шират разно-разни вирусишта и зошто нивната држава често е принудена да воведува радикални карантини во кои луѓето ќе бидат јасно одвоени едни од други. Накратко, затоа што не се тепаат ко луѓе. 

Ни германската полиција не е тоа што беше

Пишурија сцени од демонстрациите во Луцерат, каде еко-активисти протестираат против копање јаглен (Грета Тунберг им е морална поддршка). Пандурите заглавија во една таква кал, да ти е жал да ги гледаш. Вакви сцени на извлекување заробени соборци, во Нормандија и Данкирк се немаат видено.    

Најстрашното видео што копирајтер ќе го види денес

Рајан Рејнолдс (и агенцијата што му брка работа) за фирмите што ги поседува (Минт, Авиејшн џин...) има пракса да ги лови актуелните трендови и со нив да склопи некоја прилично допадлива реклама, за не многу пари. Трендот што сега го фати е вештачката интелигенција на ЧатГПТ, и ако ова стварно е точно време е копирајтери под итно да одат да упишат курс за бербери или да научат местење гипс картон.

Работник на месецот

Може газдата ќе даде некои покачување, можеби си вика вработениов лабаво местејќи една шипка во дуќанот која набргу ќе му падне точно на стопало на газдата. Ок, ништо страшно, знае тој и вторпат на ист начин да ја намести шипката.

Фекален Џексон Пoлок

Актерот Грег Дејвис порано бил наставник и дечкото е еден од најзабавните раскажувачи на анегдоти кои сe имаат појавено во шоуто на Грем Нортон. Задолжително слушнете ја приказната кога мамурен, по грешка облекол гаќи од мајка му и таков отишол на настава. Рајан Гослинг се преврте од смеење.

Оној еден што мора да се издвои

Туристичка тура со чамец кој проаѓа под мовче па луѓето во него треба само да се наведнат. Не и тој. Тој се качи на мостот со финта дека ќе се врати во чамецот таман кога ќе дојде на другиот крај на мостот. Потфатот ќе изгледаше успешен, ако видеото траеше некоја секунда пократко. 

Ова ли ќе ги слушам до крајот на животот?

Добра заебанција. На дечко му ставаат апарат за слушање. Добра вест: за првпат може да си го сlушне сопствениот глас. Лоша вест: за првпат може да го слушне гласот на неговата девојка.

Малата е позната

Има една наша водителка која упорно повторува дека нема ништо лошо во тоа да се смета за инфлуенсерка, пошто имала „инфлуенс“ (нека проба да собере луѓе да исчистат снег пред зграда, да види колкумина ќе „инфлуенсне“). Еве една нејзина посестрима, ама на стероиди.

Кога спортски новинар ќе ставиш на временска прогноза

Навикнат на топло во студио, дечкото признава дека се чувствува сè помизерен од новата работна задача. „Како се чувствуваш таму надвор?“, го прашуваат од студио додека тој стои на меќава и треба да даде извештај. „Исто тако и пред осум минути кога последен пат ме праша истото“.

Енис ги виде Тихи и Прле

„Роберт Де Ниро и Ал Пачино нека се живи и здрави, ама јас сум растен на Отпишаните“, вели сараевскиот глумец Енис Бешлагиќ и раскажува случка кога дошол на снимање на Ивкова слава па во гардеробата се соблекол по гаќи.

Голем е Алах

Многу јака финта и навистина може да ви упали некого да убедите која е правата адреса за вашите финансиски молитви. Со оглед на тоа што уште се носат маски по продавици, ништо нема да биде сомнително. Само ви треба уште онаква бесконтактна кредитна картичка. Да се проба!

Лифт до Дедо Мраз

Кај нас ќе се качиш во лифт и единствено со што можеш да се занимаваш е да читаш за колку особи е и што да правиш ако заглави. Во еден лифт во Масачусетс е малку понаку, тој вози право до куќата на Дедо мраз. За 5-10 години ќе го има ова и кај нас, па на 20 портали ќе се читаат ПР текстови за новото „чудо од лифт“ во Ново Лисиче. 

Ладно ли е надвор, wet ass pussy?

Прогресивната #МеТоо култура успеа од радиостаници да ја исфрли песната 'Baby It's Cold Outside' (види овде). Содржела токсична мажественост. Во истото културно миље, најпопуларна станува песна од Карди Би. WAT, скратено од „Wet Ass Pussy.“ Генијално уловувајќи ја перверзијата на оваа епоха, дечко паралелно чита стихови од „лошата“ и „добрата“ песна.

„Два смо света различита“

49 годишен јапонски политичар бил на „толку и толку години“ од матурска. Таму испил неколку пива. Дотука, сè е исто како да е наш политичар. Оттука почнуваат разликите: 1) се враќал со јавен превоз, 2) додека се возел се дигнал неколкупати на тоа шипката, 3) свика прес конференција за да се извини за своето „хулиганство“.

Си биле двајца глупи активисти

Германски климатски активисти решија да изведат протестен перформанс за време на виолински концерт на Бетовен во Хамбург па си ги залепија рацете за сталакот на диригентот. Ги прееба мала цака: сталакот не беше фиксиран па ги напудија од сала сосе него.  

Нем професионализам

Кога се работи за некои наши оратори и јазични реформатори, на нивните преведувачи на јазикот на глувонемите најпаметно им е да стојат на страна и да се крстат. Ова е пример од странство, од некоја парламентарна говорница на која жената која зборува паѓа во несвест. Преведувачката - спремна и за тоа.  

Седумгодишно интервју за работа

Дечко договара интервју за работа во угледна правна фирма. Меѓутоа во уво има скриено апаратче на кое слуша седумгодишно момче кое му дава одговори на она што го прашува нивната жане од кадрово. Секој негов збор е само повторување на она што го кажува малиот. Девојката позбунета не можеше да биде.

Кец или двојка?

Разговор со стар шкотски бербер кој нуди само две фризури: фризура број 1 и фризура број 2. Има тој и „Елвис Костело фризура“ само што признава дека никогаш не видел како изгледа Елвис Костело. На оние сомничавите им вика: „Само ти седи, има да те направам ко Френк Синатра“.

Очи гледаат, мозок не верува

Ова е едно од оние видеа во кои нема да ви биде јасно кој е кој (инаку се работи за феноменално смислен настап од натпреварот Got Talent), на крајот тоа ќе се покаже па после пак одново ќе го пуштите видеото, сега знаејќи кој е кој. Финтата е што пак нема да бидете најсигурни во тоа. 

Царица на интервјуата

Она што денес го прави Зак Галифјанакис во „Between Two Ferns“, во 70-тите и 80-тите го правеше Лета Пауер Дрејк, и тоа нескриптирано. Знаеше јако да ги подзине фаците. Кога ќе го праша Курт Расел: „Жив ли е тоа татко ти?“ или кога ќе флертува со Тели Савалас или кога на Елиот Гулд ќе му плесне: „Ти ваљда себе не се сметаш за добар глумец?“ 

Ако на твојот душман не му се брза

Арон Краскал во последно време главно коментира забавни видеца кои фанови му ги праќаат. Но има и една интересна рубрика, за интернет туторијали кои не функционираат во реалноста. Еве едно, за тоа како да се спаси возач ако тој зад него фати да го гуши со јаже. 

Ок, да научиме и што е триџендер

Суштеството дента излегло „од плакар“ за да обзнани дека се чувствува како триџендер. Елем, како триаголник, имал/а/о/е три идентитети: маж, жена и нон-бајнари. Што значи дека секојдневно се чувствува како 1) маж, 2) како жена и истовремено како 3) ниедно од тие две. Чекај бе несреќо, сите три идентитети се согласиле баш околу тој кармин?