Забава

Бонбони од чварки

Не, насловот не е метафора или игра на зборови. Се работи за прави правцати бонбони од чварки/џимиринки. Ова би требало да го има во секој дом, канцеларија, по нотари... и нормално, да се фрлаат на венчавки!

И Бил Бур знае да се смее

Бил Бур остануе врв на денешната комедија, благодарејќи на тоа како умешно ја транзитираше својата позиција, од гневен тип напизден на сè, на некој кој денес има жена и дете, ама уште има што да каже. Дека редовно го смее Конан, сме покажале. Овде имате едно нивно дружење во кое и Бур знае да тргне на смеење. За Конан да не правиме муабет. 

Да видите од каков талент изгуби Доктор Оз

Телевизискиот доктор и продавач на шашми, доктор Оз (Мехмет Ченгиз Оз) ја изгуби трката за место во Сенатот како претставник на Пенсилванија. Изгуби од Џон Фетерман, човек кој пред пет месеци преживеа мозочен удар. Ќе видите сами до каде стигнало опоравувањето, што поразот на Оз го прави уште поголем резил.

A таман ќе помислиш дека не може да се поглупи

Само што разбрала дека косата расте од - главата! Во нејзиниот досегашен академски живот верувала дека таа расте од крајот на влакната, но оваа еурека ја збунува: ако косата расте од скалпот, дали тоа значи дека во главата имаме коса? Не секирај се, девојче, немаш ти ништо таму.

Каква надреална сцена

Во некоја бразилска припиздина, тип со мачета брка пар полицајци кои бегајќи пукаат кон него. Или упорно го утнуваат или го пукаат со памукчиња, нејасно. Сеедно, цајканскиот резил го прекинува случаен минувач кој го спуца идиотот со кокос во глава. 

Верувајте ѝ на гравитацијата

Дечко секој ден на објективен начин ја решава дилемата дали да го зачисти станот, да вежба, да чита книга или пак - да се напие пиво. И секој ден му успева „да му се падне“ ова последново. Гледајте како, учете и спроведувајте по дома. 

Стариот жестоко зашмелца

Во својот говор во Флорида, Џо Бајден кажа дека (1) Зборувал со човекот кој го пронашол инсулинот, иако Фредерик Бантинг умре во 1941-ва, една година пред Бајден да се роди, (2) Ураганот Иан го нарече Иван (3) Го преполовил јавниот дoлг а тој е рекордни 31 трилион долари.... И тоа не е сè.

Ова беше трол, не оние по твитери

Да потсетиме на жената која пред едно пет години се појави на сосема сериозна полициска прес-конференција и почна да преведува на јазикот на глувонемите. Нормално, без да има абер од таа работа. Оние кои го познаваат знаковниот јазик, викаат дека на моменти мавта со рацете како да ја пее Џингл белс. 

Да знаете, „мама и тато“ се „хетеросексизам“

Кај доктор Фил се зборува за канселирани (читај забранети) зборови и се бараат предлози за нови. „Мама и тато се навредливи“, вели жена од публиката. Лезбејка е, имала ќерка и секогаш кога малата некаде ќе прочитала „мама и тато“, се збунувала. Па стварно не е фер.   

Блуперси од „Between Two Ferns“

После неповторливиот Али Џи, „Меѓу два папрата“ е шоу во кое сме ги слушнале некои од најлудите прашања и потпрашања кои можат да се смислат за интервју. Ова е збирка моменти кога Зак Галифjанакис или неговиот гостин не издржале да не отидат во смеење. 

Замислете Америка да беше диктаторска земја

Саша Барон Коен во „Диктатор“ има употребена една генијална финта како на Американци да им ја долови реалноста. Вистински интелектуален аикидо.

Нејзино е

Млади дечко и девојка се сакаат. Едно време раскинуваат. Нешто подоцна, таа дознава дека е бремена. Повеќе од доволна причина да се смират и повторно да бидат заедно. За заедно да го дочекаат бебето. Остатокот од оваа љубовна романса ќе го видите сами.  

Мрамор, труп и телешко

Не знаеме дали дечкото е измамен или е само глуп. Тој веројатно очекувал да му дадат парче јунешко/телешко  кое во наша месара се вика „шарено“ а на запад има статус на фетиш па го викаат „мермерно“. Завршил со месо во марамица. Сепак мора да е глуп, пошто ја фрли.

Инвеститорскиот ролеркостер на една интернет ѕвезда

Дејв Портној е интернет „фаца“, јутјубер, блогер, инфлуенсер... можеби го знаете како основач на Barstool Sports. Во 2019 година решава да почне да тргува на берза. Како и со секоја друга дрога, патешествието му почнува јако (еј, па ја сум бољи од Ворен Бафет, еј, па најјак сум, еј, па ова било лесно!). Завршува на ист начин, како и со секоја друга дрога.

Секакви муштерии има

Пандемијата донесе бум на услужните дејности кои се бават со испорака на храна дома. Вредни дечки шпартаат со точаци и мопеди. Главно треба да пазат на сообраќајот и на навремено доставување на нарачките. Ах, да е само тоа. 

Верче, испрскај ми едно ф'станче

25 годишната Бела Хадид се појави на презентација на Коперни на париската модна недела речиси гола, само по гаќики и штикли. Застана и онда два-тројца гипс-картонџии фатија да ја прскаат со едно бело, ко да е фасада. Тоа белото да било латекс кој потоа се претвори во фустанче кое и стоеше - погодувате - „ко саливено“.

Захефтано зеленило

Не знаеме што да кажеме за оваа сцена освен тоа што го гледаме: кинески работник хефта фиданки на гранки, за градот да личи позелен. Како наши не се сетиле на ова брилијантна идеја? Или па може се сетиле, во друга форма: да стегнеме зелен данок, да заличиме на некоја еколошка држава?  

Имала мајка два сина и ги пратила на квиз

На првиот му се паѓа да каже животно со три букви (на англиски ги има dog, cat, pig, bat, rat, fly, bee, ape, ant...). Јок, проблем. Ок, може му се укочил мозокот од трема. Вториот брат добива шанса да го поправи впечатокот за нивната фамилија и да го одговори истото прашање.

Вториот живот на комбајнот

Ако книги можат да се користат како подметачи за креденец, ако гајба може да се употреби како масиче за пива, посебна салама и вегета, зошто тогаш комбајнот, таа велелепна машинерија за благородни цели, не би можела да се користи за нешто сосема друго а исто толку благородно?

Бива ли да е толку глуп?

Лет на пакистанска авиокопанија. Еден од патниците очигледно има фрка со летање па легнал на под. Ај, тоа лесно го средија овие од екипажот. Но, почекајте да видите кон каков потег го води анксиозноста во втората фаза, додека авионот уште е во лет.

Пилешко, и полесно се дише

Најновиот кулинарски хит на ТикТок е пилешко. Пилешко во сос. Во сос од сируп против кашлање. Челенџот е од пред една година но допрва фати залет. Толку залет што и американската Агенција за храна и лекови мораше да издаде предупредување до ретардите. Каде е Господ? Господ одамна има направено пуканки и ни фаќа сеир.

Берлин, увид во метаверзум

„Метаверзум“ денес е баш шема за која се зборува па на долго и широко се мозга како ли ќе изгледаат тие проклети метаверзуми во кои ќе живееме во иднината. Вака ќе биде, така ќе биде. А доволно е накаде да се отворат очи и да се види околу себе. Берлин, денес.  

Вака се доцни на час

Дечкото доцни 30 минути на час. Професорот веќе се распишал на табла коа доаѓа фраерот кој бива прашан, што тоа ние решаваме овде на таблата?

Три пут сан умра

Ова или е најбаксузниот човек на светот, или тоа камионетчето има стари и нерасчистени долгови со него. После ова, не се оди во болница, се оди на бајачка.