Забава

Да не ти се случи белја на интернет

Девојката решава да сними видевце за на интернет, се исправа и си ја ѕвизнува половината на крветот позади неа, притоа испуштајќи краток звук на доживеана болка. Сосема доволно интернетот да ја фати во машина.

Маскота задолжена за Бајден

Само што почна да оди надвор од скриптата и да мумла нешто „од глава“ за Авганистан и Пакистан, на американскиот претседател му дојде надлежна маскота и ефикасно го пренасочи во друг правец. Прес секретарот? Шефот на кабинетот? Или па луѓето од неговиот круг се менуваат кои дента да бидат маскирани а кои во цивилка?

Малиот Принц

Локална телевизија од Минесота од своите архиви исџкопала апла раритена снимка од 1970-та година. Принц пред камера, на само 11 години. Принц уште мал бил цар па им дава поддршка на учителите кои штрајкуваат за поголеми плати. 

Како на реднек му звучи рапот

Со капче, со гоат-ка, на дечкото нема нешто што му се бендисува во таа музика. Од текстот кој не го разбира, па до преголемата облека под која може да се скрие фрижидер. А симпа е, скроз.

Ова е пародија

Проблемот со клипот е што сме во момент кога човек на прва не може да биде сигурен дека ова е наместено, без разлика колку е тоа очигледно.

Вил Смит, камај

Шамарот на Вил Смит полета кон Крис Рок затоа што овој се зезаше со бричената глава на неговата сопруга. Па после солзи, па извинувања... На иста тема, ќелаица, се има јавно зезано самиот Смит, со еден од бендот во шоуто на Арсенио Хол, дека мора да си ја полира главата со восок секое сабајле... Зезнато со интернетот е што никогаш не заборава.

Среќата е за батки

Дел од епизодата на Саутпарк од пред две години, кога се зезаат со транс-мажи кои влегуваат во женски конкренции. Тоа што некогаш беше сатира и пародија, денес е реалност 

Кунг-фу тепачката над сите кунг-фу тепачки

Филмот е „Пијан змеј“ од 1985-та и е пикот на кое било филмско кунг-фу тепање во историјата на шкартот кинески кунг-фу филмови.

Што направивме со децата?

Што ќе направи дете кога во забавен парк ќе наиде на човек-маскота со некој омилен лик? Се разбира, ќе се затрча за да се изгушка со својот јунак. Не и дете од пандемија, тоа уште од најмали нозе се учи дека во сè наоколу се крие опасност.

Гео- политика најубаво се учи со песни и танци

Замислете во голема сала ко Борис Трајковски, да се соберат членови и симпатизери на некоја македонска партија (добро, не на Павле Трајанов, тие можат и во Лајка) и живахно да се разиграат додека политичкото раководство им нафрла партиски точки во седум-осмински такт.  Овие ја с'скаат Кина да го нападне Тајван, а и Путин, онака генерално. Питај бога, кои се. 

Кога новиот идентитет ти е да ја браниш Украина

Уште им викате на луѓе да се чуваат и да се вакцинираат? Пффф, има ново бе, а Рајан Лонг  снајперски ги трола трендовите и безмозочните ботови кои скокаат од еден на друг: оние полни со правичен гнев и желба да се дел од виралните дешавки, без желба да се дознае нешто повеќе за тоа (и онака ќе дојде нов тренд). Треба да нагласиш дека ти лично си не-бинарен, ама ситуацијата за тебе секогаш е едноставно - бинарна.

Слава на легализацијата!

Британска новинарка начекува група млади бегалци од Украина и со загрижност ги прашува како е ситуацијата таму, што се случува на теренот. Ама, наидува на соговорник кој има друго да праша: Канабисот овде легализиран ви е?

Борба со погрешен противник

Двеминутна кавга за ситуацијата во Украина на индиска телевизија. Водител и двајца гости. Водителот и еден од гостите фаќаат да се надвикуваат, третиот трпеливо молчи. Сè додека не му прекипе и реши да ги стави работите на свое место. Значи, мора да го видите крајот.

Бранко Коцкица денес за ова би лежел во Хаг

Многу спореден, а денес многу надреален, исечок од некоја си од емисиите на Бранко Коцкица. Матичниот педагог на милиони југословенски деца ги кани дечурланата на маса „да цепнемо нешто жестоко“.

Како функционира светската цесија

Елате да видите како за две минути можете да ја разберете светската должничка криза. Кој колку и кому должи и како тоа секој на секого му должи? На почетокот сте концентрирани и следите со разбирање, после работите почнуваат малку да се комплицираат и го губите есапот, ама, крајот е најјак.

НАТО: Диверзитетот е нашата сила

Злобници велат дека советник за безбедност му го покажал видеово на Путин па овој рекол: "Ок, упаѓајте". Али стварно, замислете да сте Украинец, руски тенкови баботат по вашата земја и некој добронамерник од Запад ви го праќа ова видео како мотив да издржите. Диверзитетот само што не стигнал за да ве спаси.

Владимир Зеленски, лидер и пијанист

Алал вера она западнине служби како перфектно профилираат политичари сојузници во трети земји. Кај нас знаете кого го црпнаа да ја одработи задачата, во оваа прилика да ги запознаеме талентите на Зеленски, човек кој ја води Украина нападната од Русија.

Баба како знае да те закопа, ни поп не може

Во некоја поетаблирана средина како Гранд и слични кога не те бива ќе ти го галат егото со детали од типот гласот горе, па долу, па оди повежбај, па имаш / немаш трилер и сè што треба само за да не те обескуражат во кариерата што сакаш да ја тераш. Кај баба дома нема вакво тинтрање.

Кога ќе претераш со Џордан Питерсон

Технички, не се тоа напрефинетите имитатори кои сте ги виделе, ама овие двајца дебили генијално ги кинат манирите на Питерсон и доловуваат како изгледа муабет на луѓе кои малку претерале со гледање клипови од канадскиот клинички психолог кој им е ноќна мора на разбудените.

Кога ќе ја откриеш тајната на татко ти

Тинејџер нашол песна која татко му ја напишал и снимил пред 43 години, но никогаш не ја објавил. Ја пушта во кола, снима видео и го закачува на ТикТок. Бам - милионски прегледи! Ене ги сега кај Кимел и други медиуми -ѕвезди и двајцата! А опако добро фанкче. 

Да не биде џабе искачањето

Изгледа има луѓе кои не сакаат да излезат и тоа да помине туку-така, без спомени. Па по секоја цена смислуваат нешто по кое ќе го паметат тоа искачање. На пример:

Поздрави од срцето на енергетските промени

Ан Катрин од Хамбург си купила нов електричен автомобил. Ископувачите на кобалт потребен за батерии од Конго, не може да се изнарадуваат. Опасно добра сатира за опачината на прогресот.

Свету, прилагоди се на мене

Почнува со „Мамо, мамо, учителката не ме сака.“ Завршува така што ќе биде во публика на стенд-ап комедија, ќе стане и ќе му каже на комичарот што не е за смеење. Одлична опсервација на дечкото.

„Don't Look Up“ на своја кожа

Видовме како е тоа на филм кога комета ќе тргне накај нашата планета. Но како е тоа да се доживее „во живо“? Сериозно организиран и одлично изведен пренк во кој жртвите одеднаш се наоѓаат во исто таква ситуација.