Разно

Стив Џобс фино објасни зошто Епл ќе издиши

Главни двигатели во една компанија се луѓето од продажба и маркетинг. А тие забораваат дека Богот што ги довел на тие места е производот кој го продаваат и рекламираат. Па со тек на време, луѓето кои мозгаат производи биваат истиснати од ланецот на одлучување. Некако појасно станува зошто Епла вади сè побледи продукти, нели?

Со авион над Пјонгјанг

Една од ретките прилики кога странец добил дозвола да снима од авион додека го прелетува главниот град на Северна Кореја. Убаво и мирно, некако ко Скопје во 70-тите. Оно, Скопје секогаш било убаво, ако го гледаш од високо. Проблем е кога зумираш во деталите.

Ние и Индија

Видеово трае 19 минути а човек не може да му се изнагледа. Ваков народ имаме, ама имаме ли вака луто машинче? Или ние имаме купено од оние фините, направени да соберат по некое ретко ливче по скандинавски ивичници?

Како ни ги одмилија патлиџаните

Се враќаме во 1994 година, кога на американските пазари за првпат стигна модифицираниот „флејвр-сејвр“ патлиџан, супериорен во изгледот (црвен, тркалезен и мазен) и неговите транспортни перформанси (не скапува па тоа ти е). Процес кој доведе до тоа да денес, во 2017 година, во земја како Македонија, и во август тешко да најдеш патлиџан од кој нема бар пола да фрлиш, пошто е тиква. Нормално, компанијата која го започна тоа подоцна заврши во Монсанто.

Рецепт за сендвич со упатство за гледање

Да знаевме да ги монтираме видеава немаше да се објаснуваме, ама што е тука е. Три работи. Прво, копнежот е за првото божество од сендвич. Второ, без тоа џемот (мада може и со тоа да е вкусно). Трето, ако веќе пребираме и лепчињата треба да ги потпече.

Како гореа милионите на Елон Маск

Минатиот месец Елон Маск објави дека монтира видео со блупери од сите неуспешни слетувања на ракетите на Спејсикс. Деновиве заврши со монтажа и го пушти видеото под наслов "Како НЕ се слетува ракета". Штетата направена во тестовите се движи во рангот од стотици милиони долари.

Богот на возењето камион во тесно

Предизвикот е камион со приколка товарена со балвани да се збута преку едно мовче. Неименуваниот херој е француски камионџија.

Пречитување на Наркос

Истите ликови, сосема други реплики и содржина. Сега се вика "Сој Пабло" и се работи за двојник на Ескобар кој се инфилтрира во неговата организацијата, и е дело на Bad Lip Reading.

Како изгледа натпревар во сечење со нож

Без да го омаловажуваме трудот на тој што го направил и острел ножот, да бидеме искрени и да си признаеме пред сами себе дека типов би можел истово ова да го постигне и со супена лажица.

Екстремно точна пародија на Ајфон Х

Како што е ред, да ја завршиме патерицата од Ајфон денот со трето видео на темата - најава и презентација на емоџи машината од 1.000 долари.

Сите аплаузи за Епл

Со целата можност нешто да не сме разбрале, ама да аплаудираш на презентација за нов производ на Епл во суштина е исто како да ѝ аплаудираш на девојката на разглас во Веро.

Дојде Ајфон Х (а и 8)

На вчерашниот Епл настан одржан во новото седиште на компанијата беа потврдени најраспространеите гласини што се вртеа периодов. Епл извади два телефон 8-ца (и 8-ца плус) и Х, кој службено ќе се чита 10. Изгледот е идентичен како од протечените фотографии, а цената на Х е нешто пониска од очекуваната, 999 долари, наместо шпекулираните 1.200 долари. (За овој и за другите уреди што излегоа сменете го знакот долари во евра, додајте ДДВ и ќе ја добиете отприлика нивната цена кај нас.)

Како која телевизија реагираше на 11 септември?

Мултиплекс од 6 големи телевизии (NBC, CBS, BBC, CNN, FОX и ABC) и нивните програми во живо кога оние мамлази од Ал Каеда удрија во кулите близначки. Си Ен Ен први, Би Би Си последни, со едно 8 минути разлика. Да се однесуваше ова за наши телевизии, на некои на календар ќе требаше да им гледаме.

Минути пред нападите од 11-ти септември

Симултана снимка од програмата на 6-те најголеми телевизиски мрежи (Ен-би-си, Си-би-ес, Би-би-си, Си-ен-ен, Фокс и Еј-би-си) на неколку моменти пред дознавање на информацијата за нападите на Светскиот трговски центар и префрлањето на маратонот од вонредни вести.

Келнерот шлепер

Се вика Оливер Струмпфел и минатата недела го сруши рекорд во носење кригли, што сам го постави во 2014. По ново, рекордот е 29 полни кригли со вкупна тежина - 69 килограми.

Поглед полн пораз

Возрасен, здрав и физички доминатен примерок на мажјак, искален низ стотици секојдневни битки се соочува со двајца претставници на своето потомство од родот мала ќерка и уште помал син, кои треба да бидат убедени да јадат зеленчук.

Послушајте забушанти

Човеков се обраќа на секој што е лично и длабоко запознаен со постапката на одложување на секоја можна задача до крајни можни рокови, и пробува да им (ни) помогне, пред стварно да снема време. Од кај знае што треба да се направи? И он е ист таков.

Разорувањето на Барбуда по ураганот Ирма

Премиерот на Антигва и Барбуда, за американските медиуми соопшти дека ураганот Ирма има оштетно најмалку 90% од сите објекти и возила на Барбуда, и островот е на раб да биде ненаселив. Воздушните снимки од карипскиот остров само потврдуваат сè што тој кажа.

Мрза до последна лопата

Ако доволно долго го гледаш човеков каков работи постепено почнуваш да се импресионираш од ваквата чиста и непоматена неефикасност и рамнодушност во работата.

Морската храна само што стана добра

Не дека морско по дифолт е лошо ама дометот на неговата употребливост најчесто е до - дај да сменам нешто денес. Сепак, снимкава покажува едно содржинско дополнување на лепезата на морска храна за кое до сега не сме биле свесни.

По туѓ грб 100 топки не болат

За да не бидат прегазувани од бикови Шпанците решија во тие трчањата по град крупната стока да ја заменат со џиновска топка, со тежина од 300 кила. Освен тоа што нема да те наденат на рогови, ништо друго не е подобро.

Не е до алатот, до мајсторот е

Кога ќе видиш ни еден од двајцава не греши, само може едниот поправилно ја користи механизацијата што му е на располагање, а другиот е Рус.

Брегзит проблемот

Преговорите за брегзит официјално започнаа на 19 јуни 2017, речиси една година по референдумот со кој се побара отцепувањето на Британија од ЕУ. За Британците проблемот не е веќе кој за што гласал, туку како може тој што напињал за заминување од ЕУ да нема блага претстава како да се случи тоа.

Сендвичот наречен трпение

Како што оброкот не треба да биде само прехранување туку секојдневна церемонија на спокој, така и на подготвувањето храна треба да му се приушти сличен пристап. Земја на потекло: Италија > Сицилија > Сиракуза.