Разно

Потопена планета

Рио да Прата е главниот центар за екотуризам во Бразил кој меѓу другото нуди пешачење низ шума, нуркање, јавање коњи и слично потрошено време. Патеките за пешачење кои се како од разгледница, пред некое време се погодени од обилни дождови кои предизвикуваат поплави и нивно комплетно потопување под вода. Откако се поплавија, патеките под кристално бистра вода изгледаат уште помагично, како компјутерски генерирана филмска сценографија од друга планета или планетава откако глобалното затоплување ќе ја заврши својата работа со Јужниот и Северниот пол.

Магијата на „дипфејк“

Реалноста е дека на човек ова и да му малку сомнително на почеток, за некое време ќе препознае дека станува збор за монтажа. Реалноста исто така е и дека, апликациите за дипфејк монтажи и нивната верност со оригиналот само ќе напредуваат како што минува времето.

Како оди растењето месо во лабораторија

Најголемиот мајндфак околу месото од лабораторија е што тоа на големо се слави и се исчекува токму од луѓето кои не јадат месо и што уште не, под алиби дека не е здраво затоа што којзнае какви хемикалии и ГМО има во него. Како и да е, изгледа неизбежно дека еден ден месото од епрувета ќе стане стандарден дел од секојдневната истрага.

5 филтри на машинеријата на масовни медиуми

Во „режими“ имаш пропаганда, во демократии имаш „слобода на говор и печат“. Без разлика дали кај првите или вторите, целото дејствие се врши преку масовните медиуми. Ноам Чомски заедно со Едвард Херман во 1988-ма ја објавуваат книгата „Произведување согласност“ во која го демолираат тврдењето дека медиумите служат за контрола на политичката моќ и ја информираат и и служат на јавноста. Напротив, тие тврдат дека медиумите создаваат согласност од наша страна.

Ај уште еднаш да пробаме

По сите оние доктори, студии, мета-студии, мета-мета-студии, статистики, детална анализа на секоја поединечна состојка и сè што е човечки возможно да се направи, се добива впечаток дека на противниците на вакцини, поважно и од самото недавање вакцини на своите деца, им е да не бидат разубедени. Ама, ај уште еднаш да пробаме.

Антон, ти глуп ли си бе?

Човекот шпарта низ Јакутск (еден од најстудените градови во Русија) и лето и зима, и во вреќи собира ѓубре расфрлано по улиците и парковите низ градот. И така повеќе од 10 години. Парите што ќе успее да ги собере од ова, дал преку продаден отпад, дал преку донации, Антон Василев ги конвертира во помош за најсиромашните во градот. Насловот е едно од прашања што редовно му ги поставуваат на Антон.

Куглање за Флорида?

Бројката убиени во средното училиште во Паркленд за сега изнесува 17 луѓе, а ужасот од масакрот е само надополнет со болната подлост на планот на убиецот. Според полицијата, убиецот влегол во училиштето за време на часовите, го активирал противпожарниот аларм за учениците да излетаат од училниците и да го наполнат ходникот, по што почнал да пука. Убиецот е вооружен со полуавтоматска пушка АР-15, димни бомби и гас маска.

Овие почнаа врати да отвораат

До сега ги имавме роботите на Бостон динамикс како одат стабилно и демонстрираат рамнотежа (како ниту еден робот пред нив) дури и кога ќе бидат шутнати. По ново, овие четвороножни машини научија да употребуваат квака.

Направи сам: семејна драма

Семејни парови од типот баба + зет, невеста + свекор/свекрва, седнуваат со неколку шишиња алкохол и почнуваат да си поставуваат прашања еден на друг (која по ред ти е ќерка ми, што мислиш за мене, каде прв пат сте имале секс со син ми...). Врват прашања, врви и алкохол. Ако ви држи, слободно пробајте ги прашањава.

Сите проблеми со лажирање на слетувањето на Месечината

Во 1960-те би било далеку поевтино да се испрати вселенско летало и да да се слета на Месечината, отколку целата работа да се лажира.

Тоа што ја лепиш камерата на лаптопот нема многу да ти помогне

Не дека хакери можат да пројдат преку изолирбанот што го ставаш, ама во моментов имаат толку многу начини да те прислушуваат и снимаат што правиш, што лепенката единствено може да ги ти помогне да се чувствуваш подобро, и ништо повеќе од тоа.

Ноќ во Медисон сквер гарден

Во 1939-та 20 илајди Американци се собраа во Медисон сквер гарден во Њујорк за да го прослават подемот на нацизмот, настан претежно заборавен во американската историја. Целото видео се базира на архивски снимки од настанот.

Колибата наречена желба

Едно од најубавите отварања на врата што можат да ви се случат. Веројатно и едно од најскапите.

Рецензија на инцидентот на Трамп

Ако има поголема нејаснотија од тоа како Трамп е претседател на САД, тогаш тоа е - како воопшто се случува фризурата на Трамп. Деновиве на качување во авион, ветерот ја отвори икебаната од коса што американскиот претседател ја носи на глава, и луѓето станаа уште позбунети (и позгорзени).

Аматерска снимка од слетувањето на двете Фалкон ракети

Човеков нашол агол од кој целиот подвиг на Спејсикс изгледа уште поневеројатно и уште повеќе научно-фантастично. Аудиото само создава дополнителна стравопочит.

Не закачај војска

Бил Бур не може да се начуди како тоа од нација на хипици кои своите војници ги третираше како убијци на деца, Американците се претвориле во нација која доживува божја епифанија кога ќе види воени авиони над Супербол. А самиот штос со кој си навлекол гнев е многу буровски - здраворазумен, циничен и генијален: Ајде оној што вози џет да го рачунаме за јунак, ама оној што на писта му покажува во кој правец да летне?

БМИ е погрешен начин за мерење дебелина

Не само што е празастарен и доаѓа од времиња во кои не се ни претпоставува денешниот начин на живот и изобилие, туку и не прави разлика меѓу масти и мускули, па важно му е само да ја подели тежината (во кг) со висината (во метри). Па така добиваш дека НБА кошаркари како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Блејк Грифин или Кармело Ентони се дебели.

Колку мозокот брзо ги прифаќа работите

Неколку изведби на класичниот експеримент од психологијата, таканаречаната „гумена рака“, кога она што го гледаме го пребришува она што го знаеме. Колку да стане појасна грчката хистерија „Македонија е наша!“ и рипањето како попарени на секое спомнување на тој збор. Целата нивна  национална конструкција е производ на едно предолго чешање.

Стварно, знаете ли како правилно се кива?

Една медицинска сестра од служба за брза помош, на која ѝ е преку глава од оние кои ќе нагрнат кај нив во сезона на грипови, потсетува на некои основни правила. На пример, не носете здрави деца. На пример, не кивајте во своите дланки.

Сократ против демократијата

Гласањето на избори е вештина, а не рандом интуиција, и како и секоја вештина и таа народот треба систематски да ја учи. Да им дадеш на граѓани да гласаат без вакво образование, е подеднакво неодговорно како да им дадеш да управуваат со брод кој плови сред бура.

Холандското село на заборавните

Владата финансира мало затворено "село" во кое луѓето со деменција и алцхајмерова можат да шетаат, пазарат и генерално да се осеќаат нормално, без да им штрчат на „нормалните“. Баш добро. Прашањето е, ќе може ли Холанѓаните и овде да помогнат слична идеја, без и таа да ја спојат некако со ЛГБТ?

Британски министер ја дава најбритански воспитаната оставка на сите времиња

Лорд Бејтс е британски министер за меѓународен развој. Како таков тој има должност да одговара на „пратенички прашања“. Од причини што не ги наведува, лорд Бејтс не успева да стигне на време за да удостои со одговор една од членките на Горниот дом на британскиот парламент. Заради ваквиот пропуст што не може да си го прости, тој со едно досега заборавено ниво на пристојност и воспитаност, поднесува оставка на функцијата што ја врши повеќе од 5 години.

Порно-ѕвездата на Трамп на гости кај Џими Кимел

По повод првиот говор на Трамп за состојбата на нацијата, Џими Кимел како своја главна гостинка ја закажа Сторми Даниелс, порно-ѕвездата кој можеби земала 130.000 долари од Трамп за да молчи за една средба која можеби ја имала со сегашниот американски претседател пред неколку години.

Мали мали хидроцентрали

Брендот се вика Турбулент и стварно се мали, една турбина едвај покрива потреби на 60 домаќинства, ама затоа замислени се како многу лесни за поставување, немаат потреба од брана, не ѝ прават штета на природата или нарушување на текот и може да бидат поставени на која било река, канал, водопад и слично.