Разно

Трет палец

Се монтира од страната на малиот прст и изгледа исто како што звучи - вонземјански. Во видео презентацијата изгледа како една од оние работи што не сте имале поим дека ви треба, и како стварно да е нешто корисно.

3 минути хорор, страв и ужас

Ако до сега немавте страв од висина, ова е моментот кога стравот ќе ви се ембедира во ДНК. Тројца момци и напуштена зграда во Мароко (или барем сите се на работа). Они може имаат нерви да го снимаат ова, ние не баш и за да го догледаме.

Учиме шпански со Пабло Ескобар

Како што фановите сфаќаат дека шпанскиот им легнува, посебно кога се уфилмани после сезона Наркос дека они се нарко-босот што го тресе светот, така маркетинг агенцијата на Нетфликс сфаќа дека тоа е рекламата што им фали до тогаш. Резултат, лекции по шпански со Пабло Ескобар (ака Вагнер Мура).

Домот од кој децата одат во рајот

Мохамед Бзеек се вика оваа људина која во последните 20 години има вдомено преку 80 деца. Ги зема оние кои никој ги нејќе, оние кои често заради неизлечива болест, се осудени на смрт. Им зборува без разлика дали можат да го разберат. И ги гушка, затоа што гушкањето сите го разбираат. Дека имаат некого покрај себе.

Клубот на досадни мажи

Никој не им натура дека се досадни, сами решиле дека се такви, а и не се нешто посебно досадни, само прават работи што нив ги интересираат, како собирање шишиња од млеко или воодушевување од кружни текови.

Фотограф на местото на злосторот

Мариус Вит е германски фотограф со еден куп награди и репутација во тоа што го прави. И она што сака да ви порача е дека секаде, на секое ќоше, можеш да направиш врвна фотографија, која ќе ти изгледа како да си ја кадрирал во Њујорк или Токио. Ќе ви објасни и како.

Дрводелецот што го мразеше својот принтер

Може некогаш те изнервирало некое парче хардвер, ама никогаш не те изнервирало доволно за да фатиш да направиш токмак за да го здробиш.

Ова е подобро отколку што ви личи

Кој да знае дека тројца дебели Корејци во кола е една од најсмешните работи што можат да ти се појават на интернет. И ич да не ти смета што ништо да не ги разбираш што зборат.

Како се местеше плочникот

Замисли слагалица, само го знаеш местото на секое парче и цела работа ја вршиш од машина. На човеков тоа му е работа, а слагалицата му е да составува онакви павер елементи по јавни површини.

Првата Кока-кола во животот

Најубавиот дел од тоа да се биде родител во денешно време е што можеш да го документираш секој резил на твоето дете, и притоа да не ти е многу гајле дали ти си го наместил или не.

Што точно значи „снимано на Ајфон“

Тоа што нешто е снимано на Ајфон (или кој било смартфон), не значи дека е снимано само со него. Генерално, можеш и само со смартфон изваден од кутија да снимиш махерско видео. Ама генерално за тоа треба да ти се потрефат многу повеќе работи (дел од денот, природно светло, агол...), отколку што ти имаш време за трошење. Затоа тука се додатоци, од типот - секакви (ако имаш пари).

Испрашување на испрашувачите на ЦИА

Двајцата мажи што ги препорачаа техниките за испрашување (тортура) на затвореници на ЦИА се дел од тужбата од поранешни затвореници на ЦИА. Њујорк тајмс ги има видеата од нивното излагање за тоа како тие самите ги опишуваат своите мерки, прикажани паралелно со сведоштвата на затворениците и како тие ги доживеале овие мерки на сопствена кожа.

Како тазе асфалтирани улици пропаѓаат во земја

Проблемот е дупки во земја што изгледаат како од никаде да се појавуваат. Излезе дека нешто е до природа, нешто е до нас. Ако е во град, речиси задолжително е до нас.

Се што не сакавте родителите да ви кажат за секс

Не постои пол, раса или возраст на која не е глупо да се зборува со родени татко или мајка, околу работи за кои најмалку сакаш да зборуваш со родени татко или мајка. А па и стариве се како едвај да чекаат некој да ги праша.

Комшија што рока

Снајперска битка во Рака. Девојкава снајперист што ја гледаме е со курдско потекло и се бори од матичната страна. Од карши е терорист на ИСИС. За него знаеме дека утна, за влакно утна, ама доволно за нашава хероина да остане насмеана.

Најдобрите 2 секунди во твојот живот

Ок, и да не е така 2 секунди се, не дека нешто многу си изгубил.

Што сè палачинки се вртат низ светот

Нашето познавање е ограничено на оние добрите, како што треба да изгледа палачинка, и на оние погачестите, што Американците го водат како палачинка. Имало уште, и некои изгледаат како стварно многу да пропуштаме.

Колку малку треба за пожар

Од скара до пожар, за 35 секунди.

Популизмот ќе ги спаси Демократите и капитализмот

Популизмот денеска се смета за негативна политичка опција. Но токму популизмот му донесе победа на Трамп. Кратко видео со аргумент дека Демократите треба да се вратат на своите корени и да изградат свој економски популизам, не како оној на Трамп туку како модел кој ќе го заштити капитализмот од монополите и коруптивното влијание на големите пари врз политиката.

Кога си растен на интернет коментари

Ако некогаш ви затреба пример за човек од обезбедување со бесконечни количества смиреност и пристојност тогаш го имате дечкото во жолтата маица. Ако некогаш ви затреба пример за невоспитана вошка и сеопфатна човечка беда тогаш го имате бланишраниот. Вовед во сцената: обезбедувањето не го пушта "познатиот Инстаграм модел" да влезе некаде.

Инстаграмот на американскиот грнчар

Може е стереотип, ама може и Велешани малку да олабават со здравје / фитнес / Трамп вебсајтови, и да извадат еден ваков нивен автентичен бренд, наместо како билмези да се редат пред странски новинари и да објаснуваат како направиле сајт за лажни вести затоа што морале да го прехранат семејството. Човеков се вика Крис Кејси, прави грнци и тоа го прави на Инстаграм пред речиси 65 илјади луѓе.

Што оригинал ти треба?

Ако во скоро време имате купено некој нов скап еркондишн, има големи шанси видеово да ви направи јанѕа. П.С. ова не важи само за клими.

Навредливо добар начин за складирање патлиџани

Не, не е фората со "не ставај патлиџан во фрижидер", ставај за да не треба да се бориш со муви после 3 дена (ем, што човек треба да си за да јадеш салата со топол патлиџан?). Фората е како ќе го ставиш во фрижидер. До сега сè наопаку сме правеле.