Разно

На Такер Карлсон му се отвори чакра

На најгледаниот водител на вести му се случува епифанија од типот „Данас отварам очи након свих ових година.“ „Замислете цел живот да сте во медиуми и одеднаш да сфатите дека сте дел од апарат кој служи за контрола на масите“ вели Карлсон и порачува: медиумите не постојат за да информираат туку да ѝ служат на мала група луѓе кои управуваат со светот.

Два смо света различита

Светови кои меѓусебе можат да се сретнат само на фотографија. Колажно видео кое ефектно ја покажува шизофреноста на реалноста во која се живее на оваа планета. Што би рекла Калиопи, неком сузе, неком бисери. 

Хелиумот, најдобриот пријател на дилерот

Цајкан застанува возач на комбе кој го сомничи дека носи некаква дрога. Овој негира ама цајканот му вика, седи така, сега ќе го донесам службеното куче за да намириса. Не знаеме што точно помислил возачот ама требало загадочно да му каже: Птичар да не ти кучето?  

Калифорнија ја фати снег, ама снег

На планината Сан Бернандино во јужна Калифорнија цела минатата недела паѓа снег, а слична е прогнозата и за оваа недела. Тамошните жители и туристи веќе апелираат за помош, некој да им однесе храна и вода или барем да ги извади од таму. Пред само една недела, на крајот на февруари, 85% од Калифорнија беше во суша.

Намибија - Германија - 100:0 (бонус: Конго- Франција)

Германскиот амбасадор во Намибија му се пожалува на претседателот Хаге Геингоб на доминацијата на Кинезите во таа земја. Ги имало четири пати повеќе од германската дијаспора. Геингоб го истресе ко ќилим на шипка пред зграда.

Украинскиот Аркан

Репортажа на Вајс за тоа како украинските нацисти ловеа „сепаратисти“во источна Украина. Се работи за личната пара-полициска единица на Олег Лијашко која успева да го најде и лиши од слобода про-рускиот Виктор Рибалко, кој организираше референдум за независност на Луганск. Па потоа Лијашко му се тура на шефот на регуларната полиција: Сакаш сега да те стрелам или подоцна?  

Што ќе те скрие од ова?

„Ова“ е воена машина за поддршка на тенкови под име Терминатор, меѓудругото опремена со 2 30-милиметарски топови. Тоа другото е некогаш здрава и исправна ѕидана куќа.

Кусто, кога ќе почне Третата светска војна?

Кога Русија и Кина (Азија) ќе почнат меѓусебе да плаќаат во рубљи и јуани и ќе го баталат доларот. Кога доларот ќе престане да биде општа валута, тоа ќе биде знак за војна бидејќи е тешко да се види Америка како не управува со светот со санкции и сите оние полуги кои ги користеше последните 150 години. Сега сме до 40 посто.

Најде снегулката на кого да му цмиздри

Тој е Норман Гери Финкелштајн, професор од Принстон. Таа е сензитивна девојка од публика, длабоко погодена од неговата критика на изрелската политика кон Палестинците, па низ солзи ќе му каже дека не е потресена кога така да се зборува за Евреите кои имаат толку пропатено низ историјата. Така ли? Елај да ти каже чичо нешто за себе и своите.

Дали тие ја слушаат Дали?

Даблинерката Клер Дали е еден од ретките гласови во Европскиот парламент што упорно и доследно им прави незгодно на воинствените колеги кои галантно би гинеле до последниот Украинец. Потсетува дека лани на маса беше предлог по кој Русија ќе се повлечеше. Ама не, дотрча Борис Џонсон за да им порача да се тепаат.

Знаеш дека човекот кажал нешто точно кога насловите се вакви

Вуди Харелсон беше неделниот гостин на СНЛ и по воведниот (комичен) монолог веднаш се најде на повеќе насловни страни на американски медиуми, главно за делот во кој зборуваше за сценарио на филм што му текнало кога бил надуван.

Од пусти мерак за моторџика, маж сè ќе поверува

Ова е дедо со филтри, тие што ги гледате на Инстаграм може не се дедовци, ама се со филтри. Не дека тоа е нешто страшно, само да не се прелажувате.

Слични друштва имаме со Славој Жижек

Кога ќе се сретне со пријатели, првите десет минути се ѓубриња еден со друг, си ги кажуваат најгрозните работи, мајки-шајки.... како да се има некое контра супер-его кое наместо да те кочи, те тера да го извадиш најлошото. Е, ама после тие 10 минути, откако ќе се испукаат и ќе минат низ ритуалот на меѓусебни понижувања, стануваат нормални. Све разбираме, ама, само 10 минути?

Иде Миле мичигенском пругом

Некои делници од актуелната железничка мрежа во САД и за филм на Кустурица би биле премногу. Добро што немаме пруга со Бугарија, пошто најверојатно ќе ја изградеа Американците (што, Бехтел не знаат ли и тоа?), а ќе ја одржувавме ние па ќе добиевме сличен епилог. А може па датумот по ваков воз ни е пратен?

После градот линија, Саудијците имаат коцка

Уште една зградетина од Саудијците, оваа ќе биде сместена во Ријад, и ќе биде по 400 метри висока, широка и долга. За споредба, висината на една зграда од Џевахир е 142 метри.

Како Америка го уништи Северен тек (видео)

Екранизирана верзија на одличната статија на истражувачкиот ветеран Сејмор Херш кој уште во 1969 година откриваше американски дубари и заташкувања во Виетнам. Кастингот е сосема добро познат - Бајден, ЦИА, Викторија Нуланд, Блинкен... Нејасно е само што толку се труделе да не се знае дека САД стојат зад тероризмот во Балтичкото море, кога самите го најавија.  

Важно, Америка е задоволна

Американскиот сенатор Линдзи Грем ќе ја разгледа ситуацијата па ќе каже: „Задоволен сум од патот на кој структурно се наоѓаме. Сè додека на Украинците им дотураме доволно оружје и пари, тие ќе се борат до последниот човек.“ А последниот човек нема да биде Зеленски, тој тогаш ќе биде напупен на видео бим како специјален гостин на некоја гала собиранка на западниот крем. 

Капа долу, Роџеру Вотерс

„Ги прашувам претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност, кои се вашите цели? Колку злато има на крајот на виножитото? Поголеми профити за воената индустрија? Поголем моќ и поголем дел од глобалниот колач? Дали мајката Земја е колач кој треба да го ждереме? Зарем поголем дел од колачот не значи помалку за сите други?“

Може ли да почнеме да викаме магија, место вештачка интелигенција?

Ранвеј, компанијата што ја создава технологија на „стабилна дифузија“ која служи за претворање на текст во слики, сега има нова играчка - АИ модел кој адаптира кое било видео според текстот што си му го напишал или сликата што ја има за пример. Гледате, магија.

Како грчките мермери завршија во Лондон?

Како и многу проблеми на овие простори и за овој вината е кај Османлиите (како што гледаме, не дека да не беа Турците ние нешто подобри одлуки ќе носевме) во спрега со историската алчност на Западот за работи што не се нивни. Ова се случува некаде околу 1810 година и од тогаш имаме некои си 200 години Британците се прават мутави за тоа чии се мермерите од Партенон.

Орсон Велс за Федерико Фелини

Според американскиот филмски маг, добрата приказна не е најважниот елемент за еден филм, како што многумина мислат. Тоа според него е дури третата по важност работа во филмот. „Можеш да направиш голем филм за ништо,“ тврди Велс и дава светол пример.

Во Турција се појавија крадци, ама народ ги решава кој како знае

Катастрофата што се случи во Турција предизвика покуќнината и имотот на милиони семејства да се измеша со купот рушевини и да лежи на улица. Нус-производ на ова секогаш е изникнување на банди или поединци кои гледаат да се офајдат од катастрофата и да стопат што ќе најдат под рушевините. За нивна несреќа, друга нус-појава е што катастрофите предизвикуваат и страшен гнев кај мештаните, кои не се двоумат да го искалат на ликови како нив.

Дали сте жртва?

Се разбира дека сте, модерно e тоа. Да се биде жртва значи да се носи аура не само на маченик туку и на праведник кого општеството го закинало. Социјален експеримент на таа тема: жени одат на интервју за работа верувајќи дека се нагрдени со лузни од шминка. Само што, не одат такви, одат какви што се (само што тие не го знаат тоа). Се враќаат убедени дека биле дискриминирани само заради изгледот.   

Црно алжирско

Како се менувале најголемите светски извозници на вино, од 1960 до сега. Има доста занимливи детали. Алжир долго бил светска велесила пред сосема да ја изгуби битката. Бугарија знаела да биде убедливо појака од Југославија. А и Македонија се појавува во неколку наврати, ама, како што знаете и од други показатали, сега ја нема.