Разно

Единствено полошо од тоа да бидеш непријател на Америка е да бидеш пријател на Америка

Момир Булатовиќ раскажува за еден состанок што тој и Милошевиќ го имаат со Ворен Кристофер и Ричард Холбрук, години после Дејтон, кога на Холбрук му бараат да им даде список на услови што треба да ги исполнат само за конечно Србија и Црна Гора да станат пријатели на Америка, место нон-стоп да се негативци.

Две многу одвратни видеа од Турција

Не, нема ниту една од речиси 20-те илјади жртви, туку има градежни материјали, главно цигли, и наводни градежни пракси во Турција, кои можат да објаснат голем број од снимките од деновиве на кои нови згради се распаѓаат како да се правени од наполитанки.

Блиски средби од блискоисточен вид

На аеродром во Турција, израелскиот авион со спасувачи се паркираше до иранскиот авион со спасувачи испратени за помош во земјата.

Јака финта: НАТО ќе се пресоблекува

Австриски полковник ја објаснува шемата како НАТО ќе праќа војници во Украина- без да праќа војници во Украина. „Ќе ја соблечам униформата, ќе потпишам договор и ќе одам во Украина. Така веќе не сум офицер на НАТО туку војник под договор“. На штикли ќе одат ако треба, само за да не признаат дека се во војна со Русија.

За земјотресот нема Курди и Турци, сите се вистински исти

Едното видео е од доминантно курдскиот град во Сирија, Џандарис. Другото е од турски Хатај. Во двете видеа, две бебиња. Најбебиња. Двете зафатени од земјотресот што не дискриминира по никаква основа.

И би Урсула

Претседателката на Европската комисија се потегна до Украина за на голема врата да ја одбележи најновата сојузничка пратка помош за земјата која е во војна. Европа на Украинците им носи ЛЕД сијалици. За да ги заменеле старите сијалици, за да заштеделе енергија. Уште па на Твитер мегаломански напиша: „Заедно носиме светлина во Украина!“

Погоди кој од нив е тазе дојден во Бахмут

Да не знаеш што е пострашно колку се моќни експлозиите што новинарката на секое се вади од памет или што овие што се поодамна во Бахмут се станати ѓон на сè што се случува околу нив.

Да не речете не знаеме да сослушаме жена

Девојката има право да има свој став за односите меѓу машко-женските односи. Девојката има право да каже дека таа го избира човекот на својот живот и таа му ја дава неговата позиција во нејзиниот живот. Девојката има право да ги повика другите да размислат за нејзиниот поглед. Ја сослушавме и накратко заклучивме: девојката има право :) 

Милановиќ е за мир и дипломатија (значи сумњив e)

Од 2014 до 2022 година гледавме како некој ја провоцира Русија за да дојде до оваа војна, и ете, дојде. И, што е планот? Да се победи нуклеарна супер-сила со конвенционални средства? Како е можно тоа? Да се распарчи? Па после таа во очај да ги испали оние 6.000 нуклеарни глави кои ги има и сите да отидеме бестрага?

Долгиот пат за рамноправност на бордерите

40 години беа потребни за создавање вистински инклузивно скијачко општество. Прилог од дамнешната 1985 година, во времето на бордерскиот апартхејд и сегрегација, кога тие се гледаа како опасни натрапници па не беа пуштани ни на ски-лифтови, па онда мораа пешки да се пентарат по тоа патеките.

Боуви: Културата е гратис

Да се биде уметник е сигнал за некаква дисфункционалност, вели Дејви Боуви. Затоа што на човек не му треба култура, таа е екстра. Рационален човек треба да се најаде, размножи и преживее. Па сепак, благодарејќи на неговиот ирационален дел, не му е битно само да се најаде туку и од каква чинија ќе јаде.

Мажи, нешто за мобилните во преден џеб

Доколку нивото на тестостерон и бројот на сперматозоиди ви е битен (сакате да имате деца), тогаш мобилниот никако да се носи во преден џеб фармерки / тренерки... Дури и да не е 5Г-то и ви-фи мрежата, пак проблем е топлината што ја шири вашиот мобилен. Подетално што се случува ќе ви објасни Хуберман.

Светски шампион во криенка

Дете од Бангладеш сред криенка се крие во бродски контејнер. Потоа не се знае што прво следува, дали тој прво заспива или другарите прво забораваат да го побараат. Затоа се знае дека во контејнерот минува 6 дена и прв пат од него излегува на пристаниште во Малезија.

За оние кои политички се декларираат како нон-бајнари

Видеото со руско-британскиот дечко кој им отвора чакри на студенти од Оксфорд дојде и до Пирс Морган, кому (како и нам) фасцинантни му се тие теми за разбуденоста, културата на откажување и како дојдовме до дереџе најнекадарните да го киднапираат терминот прогрес. Вие на Запад се чудите од сите тие канселирања, ама кај нас во СССР одамна се даваше тој филм.

Страдањето на една Кели

Морлокот е вознемирен бидејќи некоја жена со две мали деца не му дала да биде со нив во женското веце. А сите знаеле дека тој е Кели и дека е транс- жена.  Го болело мешето па морал брзо во веце (може треба да добие?) Може ли мала желба од нас, за прогресивните сили на денешното општество? Од такви како Кели, на ред да не можете да дојдете.

Кога ќе Давос појдете, со коњи да не тропате

Ова треба да стане химна на богатата, моќна и вонаби зелена елита која секоја година се истура во Давос на Светскиот економски форум. Затоа што на сè ќе им текне, само на тоа (од насловот) нема да им текне. Офанзивата започнува со 1.500 приватни авиони. Како тоа, кога Давос, заради географската локација (во тесна котлина е) нема аеродром?

Кина се претвора во воен фронт за прославата на Кинеска нова година

П.с. реално кучињата во Кина имаат многу поголеми проблеми од петардите за на кого било да му падне на памет да прави кампања да не се рокаат петарди и огномети за Новата година.

Сачекуша за Фајзер

Го начекаа во Давос првиот човек на Фајзер и едно три минути го напнаа зошто лажел/молчел за вакцината и трансмисијата на вирусот. Со наведната глава, Бурла одмолчи, каејќи се што решил да оди пешки. Бадијала плебсот ќе се сити, тој утре пак ќе се разбуди со милијардите кои ги направи, меѓу другото и со Урсула од ЕК, која му нарача по 10 вакцини за секој човек од ЕУ. 

Џони Штулиќ и Синан Сакиќ, тие беа тие

Во сè се согласуваме со Горчин Стојановиќ (театарски режисер), од тоа дека не сме сигурни дека враќање на Џони би било паметно и дека би сакале тоа да го гледаме, до она дека ќе треба уште долго време да се сфати каков неповторлив опус тој ни остави, две третини песни да се успешни, половина одлични а една четвртина - генијални.

Полицијо, фала ти

По 30 години криење, вчера во Палермо е уапсен првиот човек на Коза ностра, Матео Месина Денаро (да беше од Битола, Денаро ќе го викаа Инфлацијата). Првото „благодарам“ за полицијата дојде од соседите на Денаро.

За Украина се војува и во Куршевел

Куршевел е името на францускиот алпски ски-ресорт што дури и вашите најбогати пријатели се воздржуваат да го изговорaт да не случајно некој спомне да се оди таму на зимување. Тоа не значи дека кафаните во Куршевел се празни и дека нема кој да оди.

Кога Русите не се криви, не е интересно

Мик Волас, член на Европскиот парламент не може да се изначуди како толку бргу исчезна интересот за тоа кој е одговорен за саботажата на Нордстрим, учебникарски пример за еко-тероризам во кој се случи најголемото испуштање метан во историјата.

Путин е болен од рак, а Кина е на 10 години од колапс?

Питер Зеихан е американски геополитички аналитичар кој со децении се занимава Кина, Русија, арапски свет и слични теми. Деновиве тој гостуваше кај Роган и даде ретко оптимистички (за САД) предвидувања за светот, во кои главно САД во иднината и немаат од што да се грижат, во однос на она што денес се смета за најголема закана - Кина и Русија.

Не ви смета вам крадење, ви смета вие што не крадете

Босански професор за сржта на лоповлукот на секој еден што има каква било власт на Балканов. Тоа што на толку крадење никој не одговарал, тоа е сосема друг проблем.