Разно

Кевин Спејси се врати како Френк Андервуд

Карлсон го интервјуира Кевин Спејси, ама не како Спејси туку како Френк Андервуд, бескрупулозниот политичар кого го глумеше во House of Cards, сè додека Нетфликс не уцвика од сексуалните обвинувања против него (кои подоцна беа отфрлени). На прашањето дали размислува да се кандидира, Андервуд го дава најполитичкиот одговор: „Тоа народот ќе одлучи, јас сум спремен да се жртвувам“. Чиста постмодерна.

Истрелот кој спаси живот

На 16-ти август, 37 годишниот Даг Конели седнува на бело пластично столче среде резиденцијален кварт во Колумбус, Охајо. Држи .38 милиметарски револвер, со очигледна намера да се самоубие. Бргу потоа, на 75 метри од него, со снајпер залегнува Мајк Пламб од специјалните единици на Колумбус, ветеран од Виетнамската војна. „Тоа беше одличен погодок,“ ќе признае подоцна несудениот самоубиец.

 

Се изнајмува место во кревет

Вистински оглас за недвижности во Торонто. За 900 долари (канадски) добиваш една страна од брачен кревет. Веројатно за парите може да бираш која страна, освен ако газдата/газдарицата не е нешто посебно приврзана на која страна ќе спие.

Не знаевте дека треба да голтате мастики?

Чекајте и ова да чуете. Една така прекрасно преплетена теорија на заговор што почнува со голтање мастики (стриктно еднаш на седум години), а завршува таму некаде далеку од паметот.

Тие што играте фудбалче на вештачка трева, проверете да не има термин на паркет

Не е проблем самата вештачка трева, туку основата, тие црните трошки, кои се дробени гуми од возила. И посебно се проблем за голмани. Колку проблем? Содржат олово, жива и арсеник, заради што Холандија почна да ги корне ваквите терени.

Само мажи може да спречат мажи да не се натпреваруваат во женски спортови

Мажи со потпросечни резултати во машка категорија што решија кариерата да ја спасуваат со тоа што ќе се преправаат дека се жени и ќе рушат секакви рекорди во женска категорија почнаа да им ги одмилуваат спортовите на жените. А мажи, обично се решаваат со мажи, како што е примерот со канадскиот шампионат во кревање тегови за жени.

Божица си била, сада више ниси

„Глумевте „божица на здравјето“ па спрживте 70 милијарди евра на лажни вакцини од кои починаа најмалку 12.000 граѓани на ЕУ. Сега сакате да глумите и „божица на војната“ и да потрошите 50 милијарди на Украина, за да ѝ ја продолжите агонијата и да остане без уште 100.000 луѓе. Со војна и со гинење млади луѓе оваа војна не може да се добие“. Мислав Колакушиќ, евро-парламентарец од Хрватска. 

Доживотна виа Гугл

Злотворот е обвинет дека ја убил сопругата а се изјаснил за невин. Не знаеме каква стратегија смислила неговата одбрана но можеби и имала некаква логика, сè додека не дојде на ред да се ѕирне во историјата не неговите интернет пребарувања, односно што типот гуглал пред и после убиството. Адвокат? Господ не му помага.

Тесла го претстави новиот Оптимус Прајм

Да, и натаму оди малку ко посран, ама па, видете како изгледал лани во септември а како изгледа денес. Ние и вие од ланскиот септември до сега колку имаме напреднато? Затоа ќе не претицаат овие гадови. Не им е мака да се усовршуваат додека ние одамна сме уморни.

Такер ќе отвора сопствена стриминг платформа

Човекот веќе со месеци го растура Фокс (и другите меинстрим мрежи) со гледаност и тоа од својата сметка на Икс (Твитер). Откако малку му пројде стравот од работење без Фокс да му чува грб, сега Карлсон најави дека влегува во нова фаза и отвора видео стриминг платформа. Ќе се вика ТЦН (Tucker Carlson Network) и ќе се наплаќа по 9 долари месечно.

Човекот што претскажа 20 години руска иднина

Владимир Рижков е руски историчар и опозиционер. Рижков во 2004 на руска национална телевизија има ТВ дуел со еден друг Владимир, не Путин, туку Жириновски.

Секакви ги има

Полскиот радикал Гжегож Браун (политичар, академски предавач, публицист, новинар, режисер, сценарист) кој го предводи монархистичкото крило во Конфедерацијата на полската круна, со ПП апарат го изгаси парламентарниот еврејски свеќник (менора) кој е симбол на празникот Ханука. Вика, нема да дозволел католичка Полска да се претвори во еврејска држава.

Не паѓа снегот...

Иако и во Монтреал снег паѓа главно во редовниот термин во зима, таму снегот не ги изненадува надлежните како овде. А не да паѓа, туку паѓа најмногу од цела Канада, во просек по 200 сантриметри снег во сезона. Ама, како што би гласела модификацијата на една стара поговорка: не паѓа снегот да го покрие брегот, туку секоја власт да ја покаже својата (не)способност.

29 години откако Украина доби безбедносни гаранции

Во декември 1994 Русија, САД и Британија, седнаа, ветија и потпишаа дека ќе ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на Украина доколку државата го предаде својот нуклеарен арсенал (еден дел да се уништи, еден дел да се испрати во Русија). На денот на потпишувањето Украина има над 2.300 нуклеарни глави. Речиси 30 години подоцна Украина е минус 20% од својата територија.

Турциве или не ги бива и за рушење или крадат и на рушење?

12-катна речиси нова зграда што настрадала за време на земјотресот во Турција дошло време да се срамнува со земја затоа што нема како да се спаси. Од градењето настрадале само тие што купиле стан во зградата, од рушењето и комшиите во околина.

Што знае баба што не знае Ал-Џезира?

Новинарот на Ал-Џезира начекува една баба од Газа да ја праша за ситуацијата таму и нешто околу хуманитарната помош што стига / не стига таму. Бабата има инсајдерско инфо што изгледа уште не е стигнато до Ал-Џезира.

Како изгледа втора шанса

Градот е Тел Авив, овие двајца се Израелци, ова се случува деновиве а тоа металното е чаура од некоја си од ракетите што периодов го надлетуваат главниот град на Израел.

Гео-стратешки малер на колото

Екс советникот на Зеленски, Олекси Ареостович: „Нашата најголема трагедија е што во конфликтот меѓу Глобалистите и Реалистите, се кладевме на погрешната страна“. Глобалистите бараа проширување на НАТО, другиве беа за украинска неутралност за да се избегне војна. „Пролеавме крв за да завршиме со страната која губи“ вика тој и додава „Кога ќе видам како во Катар го пречекаа Германецот а како Путин, се прашувам кој е изолиран“...

Зошто УФЦ реши да го вади Бад лајт од калта?

И маркетиншки и потрошувачки Бад лајт моментално е посакуван колку палета азбест. И покрај ова УФЦ и Дејна Вајт, кои отприлика ја држат истата публика што реши да го бојкотира Бад лјат, решаваат дека ќе работат со него и ќе го враќаат таму каде што беше. Освен парите, Вајт има прилично силни американски аргументи за ова.

Ако од никаде во продавници се појави исландски лосос, да знаете

Рибниците на отворено на полуостровот Вестфјордс на Исланд треба да убијат над 1 милиони лососи што ги одгледуваат откако целата популација била заразена со морски вошки, која до толку ги има разјадено рибите што им се гледа черепот.

Минск има фабрика за рециклирање снег

Сите тие камиони со снег од улиците на Минск некаде треба да се истоварат, а зошто да не се истоварат во Свислоч, реката што минува низ Минск? Само пред да заврши таму, снегот треба да бидат прочистен за да не ја загади реката.

Мастерклас за инвестирање од сопругот на Ненси Пелоси

Ненси Пелоси е американската политичарка која од праисторија е член на Конгресот од Демократите. Годишна плата за таа позиција е околу 250.000 долари. Во 2009 нејзиното богатство беше проценето на 58 милиони долари, за во 2018, да стигне до 115 милиони долари. И парите не се од рушвет или градежни дозволи, едноставно, сопругот на Ненси, Пол, има подобри резултати на берза од најдобрите американски инвестициски фондови, што веројатно и не е толку тешко кога жена ти ги носи законите за регулирање на цели индустрии.

На аеродромот во Цирих беше реновирана пистата без еден пропуштен лет

Во веројатно една од најкоординираните операции барем на европско тло, пистата на аеродромот во Цирих беше целосно заменета без да се изгуби ни еден лет. Работите почнуваат секоја вечер, по слетувањето/заминувањето на последниот авион, и траат до сабајлето до првиот лет. Клучни за ова се два 90-тонски багери специјално направени за операцијата, и поделбата на пистата на 70 сегменти.

Ние да изгласаме ваков, има да нè бомбардираат

Се разбира дека и по последните избори на кој победи партијата на Герт Вилдерс, Холандија останува убава земја со убави обичаи на слободарство, лежерност и непикање нос во туѓи манџи. Меѓутоа, овој Вилдерс е толку заебан лик, што ти станува јасно дека под стакленото ѕвоно на Бореловата „градина“ веќе извесно време се крчкаат занимливи работи.