Разно

На кого му пречи српски Исус?

Единствен начин Исус да е роден во Витлеем е ако Витлеем се наоѓал на Косово, а бидејќи секој разумен човек знае дека не се наоѓа таму, јасно е и дека Исус не е роден во Витлеем. Роден е на Косово и како таков Исус не се вика Исус, него Манојло. Бонус, ова го слушаат повеќе луѓе него мнозинството предавања на ПМФ.

Како да направиш богата држава

Има 8 јасно наведени фактори кои авторот на видеово тврди дека ќе ти завршат работа (и држат вода). Кога ова ќе го завршиш на ред доаѓаат луѓето што живеат богато во богатата земја. Ова е тешкиот дел.

Кој научен факт го поремети Адам Севиџ?

Поради природата на својата работа, Адам Севиџ од Мит Бастерс се изнаслушал секакви работи од доменот на науката. Од сето тоа издвојува впечатлива метафора за еден научен факт кој му удрил неочекувана шлаканица. Истовремено и му се отвориле очите и му се стемнило пред нив. Затворајте тоа чешмите, да му ебам матер!

Со пакувања да не фрлате

Хибридна продавница, нешто помеѓу самопослуга и пазарска тезга. 350 производи, извадени од нивните шарени пакувања и ставени во сосема нормални контејнери од кои си земате онолку колку што ви треба. Зошто? За да не се прави бербат на планетава, ете зошто.

Како да направиш сендвич од 1.500 долари за 6 месеци

Почнуваш од нула и пола година подоцна јадеш сендвич што комплетно ти си го направил. Комплетно, од садење, жнеење и мелење пченица за лепчето, па после месење и печење лепчето. И така за секоја можна состојка во сендвичот, од садење до чинија. Тотал - 1.500 долари за готов сендвич.

Како се декорира супа?

Како да ја украсиш супата а тоа што го ставаш веднаш да не пропадне и после џабе све? Напомена: трикот е наменет само за фотографски цели. Инаку, знае да фати тврдо од троперки.

Како изгледа сообраќаен шпиц во Копенхаген

Знаете како изгледа шпиц кај нас, гледате главно само коли. Во главниот град на Данска во шпицот гледате главно точаци. Убаво викаме ние цело време, велосипедистите се најбезбедни кога правиш услови да ги има многу (е не, со кациги), зашто дури тогаш им стануваат видливи на овие зад воланите што се рачунаат за појаки.

Бродски под од бетон

Кај нас работењето со бетон уште е на ниво на најамалскиот дел од работата. Светот е дојден до ниво да постои таканаречен декоративен бетон. Ако седите на овој дрвен под па ве заболат јајници, од циментото ви е.

Мајкрософт оди на тврдо

Компанијата само што ги шокираше речиси сите обелоденувајќи го Surface Book, нивниот прв лап-топ. Ѕирнете го она што Мајкрософт го претставува како најбрзиот 13 инчен лаптот кој некогаш е направен.

Напнато видео на денот

Три минути, касап и машина за сечење месо. Машината знае дека е брза, а дечкото сака да се покаже дека е брз. Вашите палци никогаш не биле повознемирени.

Екстерното некогаш

Инсерт од филмот Кудуз на Адемир Кеновиќ (бујрум торент за сркање) во кој главниот лик, 37 годишниот Беќир Кудуз пред комисија полага за да ги заврши петто и шесто заедно. Освен малата слабост со Фоча, за сè другото покажа особен интерес и успех.

Младиве не се трпат

Со должната еуфорија околу настанот, Бил Нај објаснува зошто е до срж возбуден околу тоа што има траги од течна вода на Марс. Карши него дечко и девојка, комичари, со игнорантна ароганција која може да потекнува само од исклучително многу необразование, му објаснуваат на Нај дека во основа ги заболе што некој некаде открил вода - ако водата е од солзите на Кетлин Џенер збори ми цел ден, вака само замараш.

Том Вејтс за смеењето на погреби

Никаде не се смеам онака како што тоа го правам на места на кои не треба да се смеам, вели Том Вејтс, човекот во чија чест Њујорк Тајмс еднаш ја напиша следнава убер-барокна реченица:  "gang of overlapping personas, a bunch of derelict philosopher-kings who rasp out romantic metaphors between wisecracks," inhabiting "a seedy urban world of pawnshops and tattoos, of cigarette butts and polyester and triple-X movies." Ух. Понатам е полесно.

Сите награди се глупи

Џери Сајнфелд многу подетално ќе ви објасни зошто, додека прима една награда. На тема скромност околу награди, комичарот Џек Бени на времето изјави: "Може не ја заслужувам наградава, ама имам и реума што исто така не ја заслужувам."

Скопски Thug life

Градот, улиците, луѓето и филмовите во нив. На пример денешниов.

Г-дин Робот и како сè е во ред

Прашањето е - што е тоа кај општеството што толку те разочарува? Откако сè што имаш ќе си извртиш во глава, одговорот е - ништо.

Како изгледа разбирачка во брак

Веројатно најсликовитата претстава на целото искуство на брак / долга врска, сумирано во неколку минути. За тие што не се во брак и не им е јасно како двајца луѓе не можат да се разберат, еве за да им стане појасно. Тие што се во брак, после видеово ќе расправаат кој ги носи слушалките, а кој е во лудачка кошула.

Вљубувањето е оној полесниот дел

Знаете ли дека може да се вљубите во некого поставувајќи му прецизно смислени 36 прашања? Но, дали е тоа вистинска љубов и колку таа трае? За едно такво искуство споделено на ТЕД, од жена која го пробала на себе експериментот со "лабораториски произведена романса".

Колку бегалци собира во комбе?

Една мала сообраќајна несреќа на патиштата во Австрија и видео камерите кои работат (неселективно), ги открива капацитетите на едно комбе а и лакомоста на оние што превезуваат бегалци. Honey, I Shrinked Syrian Refugees.

Кога филмовите разговараат на телефон

Некој седел, собирал, прегледувал, сецкал и монтирал сцени од филмови во кои се зборува на телефон. Резултат - последователен телефонски разговор меѓу 50-на филмови. Втор резултат - телефонските разговори во филмовите се сцени кои прилично добро се памтат.

За хипотези, теории, закони, факти и нивните проверки

Ступидноста и неумешноста во обидот да се проверуваат факти потекнуваат од тоа дека фактот по природа e проверен, оверен и прифатен како факт. И што се однесува на фактот, тоа ти е, може само да не бидеш во право ако не се согласуваш во него. Токму затоа и се вика факт. Ако нешто ви се проверува, проверувајте хипотези.

Трудницата и нејзиното право

Бил Нај со неколку забелешки за научните пропусти на аргументите во дебатата против абортусот, и општо околу поставеноста на целата дебата.

Кровови за вас прекрасни луѓе

Руски краснописци, 1.625 метри квадратни, 730 литри боја, рок од 2 дена да се заврши и дрон што ќе го снима ова од високо.