Разно

Искрена политичка кампања

Затоа што изборите доаѓаат, а ние пак ќе треба да глумиме дека веруваме на ветувањето дека овој пат ќе биде поинаку, ајде со време да ја навежбаме "да, да, прави си што зборуваш, не си ти таков" фацата. Видеово ги содржи сите елементи што треба да ги има еден политички спот, видете каде сте најслаби со глумењето лудило и добро навежбајте ги тие делови.

Објаснување за "европската" бегалска криза и Сирија

Егоцентричниот поглед на светот налага да се чувствуваме дека бегалската криза е нешто што нам ни се случува, дека ние сме тие што страдаме и што сме оштетени од бегалската криза, а не луѓето кои во момент мораат да го напуштат својот живот и да тргнат на "библиско" патување од илјадници километри. Последователно на ова европските и западните медиуми сета работа ја пренесуваат како  - европска бегалска криза.

Потекло на злото

Не филозофско или библиско, туку крајно физичко зло - патека за трчање. До сега најпрецизното дефинирање на одвратноста на патеката за трчање доаѓа од затворски чувар од 1824-та: монотоната постојаност, а не нејзината суровост, е она што го сочинува нејзиниот ужас.

Дроновите уште малку и џемпери ќе плетат

Погледнете едно импресивно видео како два дрона направија висечки мост по кој може да оди човек. За кога ќе ве фати гужва на излез од Скопје поради оној мост кај Хиподром кој никако да го завршат.   

Како да идентификуваш нарцис?

Прашај. Сериозно, само прашај. Прав нарцис никогаш нема да ти сoкрие или па да се срами.

Пица од 1 долар и од 1.000 долари

Две пицерии, двете во Њујорк, двете со различен бизнис план, а и генерално став кон животот. Ако се фатите за техникалии (да овие ја продаваат на парче 1 долар, овие цела за 1.000), комплетно ја утнавте поентата.

Ронда Роузи поручуе

Неколку совети околу жените за жените, шамарање за тие што јадуваат околу жени со мускули и генерално здрав став околу животот.

Муслиманките нема кој да ги брани

Социјален експеримент кој открива колку е е светот станат лицемерен и глуп. Како реагираат луѓе кога маж удира жена облечена како муслиманка, а како кога е таа во западна облека. У основа, ако ти иде на нерви жена ти, тури ѝ еден црн чаршав, шутирај ја по улица и немај гајле.

Натали меѓу нив

Натали Башоска е 20-годишна девојка, родена во Пештани, а моментално расте во Њујорк. Во Њујорк е затоа што веќе втора година студира филмска режија и фотографија. Ова е нејзиниот краток филм од прошетката низ Кинескиот кварт.

Новинар на колена

Еден израелски специјалец му демонстрира на новинар на српски Телеграф како со два прста еден напаѓач или друг вид агресивен кретен може да биде доведен "во состојба на послушност". Ок, Сарма, знаеме дека ти овие работи ги знаеш.

Добар ден, како сте?

Нема попаметен совет од оној дека здрав човек треба еднаш месечно да посети болница и гробишта, чисто да се потсети да го цени она што го има.и да престане да кенка за секоја ебена ситница која не му е по воља. Ако денеска баш не сте расположени за такви посети....  

Пола печати, пола Шарцу даје

Се работи за моделот Епсон 9900, печатат кој се користи во крајно професионални цели и чини илјадници долари. Еден картриџ за печатачов од 700 милилитри е речиси 100 долари, а цел сет стига над 1.000 долари. Момци од Сиетл кои на работа имаат 4 вакви печатачи, решаваат да проверат колку боја им останува во картриџите кога печатачот ќе покаже дека е празен и е околу 1%. Резултат, од 100 до 150 мл или меѓу 15 и 20%.

Кога аниматорот ќе влезе во цртежот

Глен Кин е легендарен аниматор од фабриката на Дизни (Аладин, Покахонтас, Малата сирена, Убавицата и ѕверот, Тарзан...). Излезен е од таму пред три години но сè уште работи на интересни проекти. Меѓу него и хартијата веќе не постои - ништо.

Тато бе...

Потресно видео на малолетници кои секојдневно живеат со еден од најголемите ужаси на детството - вицови од татковци.

Денешниве дебели се за греота на што личат

Дебелава што ќе ја видите е Агнес Хеденгард, Швеѓанка која после неколку години работење како манекенка до тој степен се здебелува, посебно во задникот и колковите, што повеќе никој не сака да ја ангажира. И сега истата таа девојка, наместо да фати да трча или да се качува на некое шведско Водно за да слабее, она снима видео во кое ја цинкари модната индустрија, како они да и се криви што она е направена толкава каца.

Немој да ги користиш медиумите за да го разбереш светот

Ханс Рослинг е професор на Каролинска институтот и ТЕД говорник кој е на гости во емисија кај еден дански новинар. Неговиот проблем со медиумите е што немаш причина зашто да им веруваш ако сакаш да бидеш информиран. Од ТЕД говорот на Рослинг: Не смееш да се споредуваш себе си со Швеѓаните... мора да имаш поголеми амбиции во живот.

Колку погрешно може да собере во едно интервју?

Мајка и ќерка. Мајката горда на ќерката. Ќерката ја чувствува мајка си за најблизок човек и пријател. Двете се нераздвојни. Иако кажаново изгледа како добра основа за квалитетен почеток, целава приказна многу погрешно се развива.

Кога верглањето не носи резултати

"Ги мразите црнците" е американска верзија на нашето "Судството е корумпирано". Не дека во обата система нема апла сјебаности во тие правци ама па не може секој пробисвет да се вади на истата финта кога ќе му ќефне. Еве како пројдоа еден обвинет и неговиот адвокат кои решија да играат на таа мантра.

Кредитна лекција од Луи

"Еднаш се живее" е фина идеја водилка, ОСВЕН кога решавате да земете кредит бидејќи тоа "едно живеење" може да ви го претвори во бескраен должнички пекол. Ете така и Луи СиКеј си бендиса куќа. Риалити чек. 

Универзумот на Квентин Тарантино

Многу пред Марвел да ги испреплете своите филмови, Тарантино имаше почнато со поврзување на ликовите и филмовите кои ги снима. Во основа неговите филмови се делат на: филмови кои се случуваат во филмскиот универзум, кои ликовите на Тарантино одат да ги гледаат (Убиј го Бил...);  и филмови за ликовите кои го сочинуваат филмскиот универзум на Тарантино (Ефтини приказни, Неславни копилиња, Вистинска Романса...).

Жалиме, грешна боја сте

Забележливо е отсуството на боновци, ангелини и ричардгировци да бекнат нешто за последниов бран бегалци. Каму концерт за оние милиони сиријски бегалци кои се во Турција и наоколу? Еднa од ретките исклучоци е Ема Томсон: "Да беа бели, поинаку ќе беше". Ај па, може ќе тргне.  

Ножевите од метеор

Ако до сега не сте знаеле дека сакате нож од метеор, Бордејн ќе се погрижи ова инстантно да ви се најде на листа. Боб Крамер е еден од само 122 мајстори изработувачи на ножеви сертификуван од Американското друштво за сечила, и единствен од нив кој специјализира во ножеви за готвачи. Ножевите ги прави од стопен метеор. Бордејн е кај него да го гледа.

Софтверот кој го сконта Ван Гог

Го следиме ние Deep Mind уште од мал, кога сам учеше да игра игрици. Сега е во фаза во која може да ви ван-гогизира која било фотографија од вашиот приватен албум.