Музика

Музика што ние само мислиме дека не е стара

По основа - не сте вие стари ама песниве наполнија 20 години, една музичка листа на тема 1993-та, од времето кога на музичките телевизии имаше музика.

Лето 2013.

DJ Earworm е дечко што редовно ги собира најважните нумери од светските топ листи и ги комбинира во еден микс. Овој пат, ред е на се што се случуваше изминативе 2-3 месеци.

Девојката со џезот

2004-та во шоуто на Џон Рос гостува една 20-годишна девојка, која ги воодушевува сите со својата природна убавина, одлично искалена смисла за хумор и најмногу од сè музичкиот талент.

Дет-метал загревање

Без разлика на жанрот, музиката не трпи игнорирање на одредени правила како на пример - кој и да си мораш да се загрееш со пеење, пред настап. Па дури и да се пејач во шведските дет-метал бенд.

50 години Рамбо

По повод својот 50-ти роденден, Рамбо Амадеус си подари - песна. По повод своето полувековно постоење, Рамбо вели дека конечно станал мнозински сопственик на својот живот а со самото тоа и здобил потполна контрола над управниот одбор над самиот себе. Еве го подарокот:

Џими Кимел - "Blurred Lines" (feat. Robin Thicke + Pharrell)

Спотот што ние го гледаме за #BlurredLines e само трета верзија (ако за втора ја сметаме голата верзија... да и таа ја имаме тука) на видеото. Оригиналнот е со Џими Кимел и неговиот колега Гилермо. Барем Кимел така тврди.

Еден се Мајкл Џексон

Ова сведочи за тоа колку уникатен беше Мајкл Џексон. Потребни се барем двајца за да го заменат, и тоа без мунвокот.

Џеј Лаки

Уште не стивнала планетарната разиграност на последната трака на дуото Дафт Панк а тиe веќе го засилуваат хитот Get Lucky со ново видео издание во кое се појавува еден неочекуван музички сојузник. Шала на страна, ова изгледа толку природно што е греота.

Дени не те чува

Спојте ги проблемите кои Глоријан ги има со ритамот со меланхоличноста на Роби кога пее за Столе (плус додајте аутотјун) и го добивате дечкото кој во моментов важи за најлошиот рапер на светот, и тоа онаму кај што конкуренцијата е најголема, на Јутјуб. Се вика Дени (D4NNY) ама овој Дени не само што не те чува туку те изложува на опасност да убие секаква радост во тебе. Офкорс, симпа.

Јапонските Битлси

Од цел свет, Јапонија најдоследно ја испочитува 40 годишнината од легендарниот концерт на Битлси на врвoт на Епл на Севил Роу, во централен Лондон. Трибјут бенд со најјаки фаци на свет.

Клавијатурите на Дорс

"Гледајте го овој човек", рекол еднаш Џим Морисон покажувајќи кон Реј Манзарек, "тој е The Doors". Надживувајќи го 40-тина години пеачот со кого ја формираше групата, почина човекот чии клавијатури го обележаа звукот на една од најдобрите групи на сите времиња.

Ленон и Макартни повторно заедно

Се забрзува инструменталот на леноновата Imagine, се забавува вокалниот дел на Band on the run na Макартни и се добива она што историјата, нивните табиети и ксметот никогаш не ни го приуштија, да го слушнеме најпродуктивното дуо во музичката историја повторно заедно, во иста песна.

Некои парови е греота да не се заедно

Како да знаеш дека совршено си одговараш со некого за до крајот на животот? Никако, за тоа ќе чекаш до крајот. Ама до тогаш, ваков момент секако е добар предзнак. Срцки.

Roma Bijav

Mostar Sevdah Reunion & Saban Bajramovic

Втора рунда расипан телефон

Еве уште една погрешна стихозбирка песни со стихови кои не се нивни ама им лежат идеално. Би функционирало ли ова со македонски песни?

Клобуци - Леле, леле (оригинал)

Песната ја знаете од Еднооки (во неколку интересни варијации), но ова е тоа - оригиналот. Клобуци од Ниш, концерт во Тврдината, 1994-та, праизведба. Закон.

Музичка терапија на Брајан Ино

Откако ги опушти аеродромските патници, култниот автор на експериментална и амбиентална музика прави терапевтска музика за болници.

Сеговија и Бах

Во 1976-та година, легендарниот класичен гитарист Андре Сеговија, на 84 годишна возраст се враќа во Гранада (Шпанија), местото на своето детство. И во прочуената палата од 14-от век, Алхамбра, отсвирува пар ноти од Бах. Па може ли една старост да помине подобро од тоа?

ZZ Top - I Gotsta Get Paid

* Пуштајте најгласно, како што се пушташе во ЗиЗи.

Џон Бонам, на само

Пред две години читателите на Ролинг Стоун го прогласија Џон Бонам за најдобар тапанар на сите времиња. Ритам ѕверот на Лед Цепелин беше брз како молња и гласен како гром. Имаме еден соло канал со него.

Џокер публика

Иако на прва изгледа како да е уште една тв мајсторија на Џони Карсон, сепак добар дел од деталите покажуваат дека ова може стварно да е коинциденција. Приказната е следна: пред почетокот на емисија на Карсон му откажува пијанистот кој требало вечерта да настапи, па ја прашува публиката дали има некој што знае да свири пијано. Рака крева извесен Дејвид Толеј.

Џими Кореја

Гајагеум е традиционален корејски инструмент еквивалентен на чалгаџискиот канон. Една Луна Ли опасно добро го свири, плус го сака Хендрикс. Voodoo Chile, може?

Бошко и Адмира

Вистинита е тоа приказна: додека решаваат заеднички да го напуштат Сараево, вљубените сарајлии Бошко и Адмира на 18-ти мај 1993-та година биваат убиени на мостот Врбања. Првиот снајперски куршум го погодува Бошко кој починува речиси веднаш, вториот е за Адмира која успева само да доползи до својата љубов, да го гушне и да испушти душа. Нивните тела остануваат на мостот цели 7 дена.