Музика

Боб Дилан - Ван Морисон

Knockin' on Heaven's Door, 1998-ма, Бирмингем

Дечки, no future

27 мај 1977-ма година, Секс Пистолс го издаваат синглот God Save the Qeeen за ротеновскиoт крик "no future" засекогаш (ок, не засекогаш, до кога ќе се појават бој бендови и се ќе биде по старо) ќе ги здрма темелите на кои почива музиката и нејзиниот однос кон реалноста. 36 години подоцна, истиот панкерски гнев и очај ќе се всади во оваа групација руски билмези.

27 минути за Вас и Били

Имате работа преку глава, не знаете што попрво да фатите? Што и да е, одложете го за 27 минути колку што трае ова документарно филмче за Били Холидеј, накрцкано со боговска музика која остатокот од денот ќе ви го направи поподнослив. Многу ли бараме од животот?

Кога Марли ги сретна Битлси

На акордите на Let it be, Марли ја пее No Woman... A после, обратно. Двете песни се сакаат ко братче и сестриче.

Дубиоза Колектив - Кажу

Таман како за после избори: од државата Апсурдистан која ќе биде меѓународно верификувана на 15-ти април ни доаѓа нејзината најтазе химна, потпишана од режимските умeтници Дубиоза Кoлектив.

The Neighbourhood - A Little Death

Ако треба тагови за видеото: [Eye Candy], [Fap Juice], [WTMotherF], [Owned], [Boobies].... (NSFW)

Позади Беи Д Фиш

"На сите тачно ни е јасно што се дешава ама секогаш избираме да свртиме глава".

Кејв во Русија

Nick Cave and the Bad Seeds, Москва, 1998. 45 минути

Спремни сте за вистината?

Го памтите перкусионистов кој мава по четири газиња а го објавивме пред некое време? Ако тогаш се напаливте, ова што сега ќе го видите најверојатно нема да ви се бендиса. Нормално, секогаш можете да кажете: ма, знаев јас!

Тоа мора да е љубов

И тоа како е љубов! Лјубов Понкина и бендот. Русинка, од оние најнежните, мислиш само гласот ја држи цела. Си седат тие во таа ладна Русија и се греат со убави и стари македонски песни.

360 степени Бек

Бек импресивно ја најави својата намера да прави преработки на песни со фантастичен, 360 степени интерактивен поглед на неговата верзија на Дејвид Боуви. Вреди да видите и слушнете до кај е отидена работата.

Музички тојфори

Промовирани на концерт во Аргентина, преносни тоалети со музика во нив. Кабината свири само кога има човек внатре а кога се сите зафатени, заедно прават песна.

Кармен од Жорж Бизар

Хабанерата од Кармен е еден од најпознатите музички мотиви на светот. Е сега, замислете да ги седнете Дејвид Линч, Фасбиндер, Афекс Твин и Хантер Томсон, да им истурите кеса психотропни супстанци на маса и да им кажете: 'Дечки, поиграјте си малку, па ако ви текне некоја идеја за спот, викајте'. Неколку часа подоцна, викаат.

Интервју со Макартни

Сигурно постојат подобри начини да ги потрошите следните 47 минути ама на нас не ни текнуваат. Ал Џезеира го ангажира мајсторот за разговори Дејвид Фрост да го седне и распраша оној кој меѓу живите има најмногу видено од музичката историја. А имаат и пијано во соба.

Анти - целулитен ритам

Настрана тоа што дечкото има уникатни инструменти, добар е. Е сега, факат, да беше и дупло подобар, никој немаше да го забележи да не беа инструментите.

Запознајте се со "Harlem Shake"

Ова нешто се вика Харлем Шејк, и верувајте дека ќе го гледате следниот период. Не заради нас, него затоа што ќе отече на интернет. Целата работа почнува пред неколку месеци, во 2012-та, кога Baauer ја вади песната "Harlem Shake". Крајот на јануари, почеток на февруари се појавува едно сосема непотребно видео со играње на песната, не на цела, туку на едно 30 секудни од неа, и сега целата работа изгледа како да нема да има крај.

Вселенски џем сешн

Има песни на светов за кои со право може да се каже дека се светски. Оваа е многу повеќе и од тоа.

Боб Марли е жив

Вчера ќе полнеше 68 години, да не се упокоеше. Ама, остајте ја неговата овоземна димензија. Типот и неговата музика и денес се живи и функционираат беспрекорно. Еве доказ за тоа:

Магијата на акордите

"Loosing my Religion" од REM е една класична молска песна. Прештимана во дурска скала (а не е кавер, истата е), ја добивате истата песна со прилично поинаква емоција. Одлично!

Кога Слеш ќе преземе кафана

Како ова го имаме пропуштено/ заборавено? Барем ќе знаевме дека дел од причините за смртта на Мајкл Џексон биле на нервна база.