Музика

Неле Карајлиќ: Што се случи после неделата во која замина Хасе

Во далечната 1985 година, Забрањено пушење на својот втор албум „Док чекаш сабах са шејтаном“ ја ставаат и песната „Недеља кад је отишо Хасе“, номинално посеветена на последниот натпревар на сараевската фудбалска легенда Асим Ферхатовиќ а преносно на заминувањето на Тито. 33 години подоцна, Неле Карајлиќ решава да удри црта и да сумира што тоа се случуваше после таа недела.

80 странци. 40 држави. Една порака.

80 луѓе од светот кои никогаш не се виделе меѓу себе, 4 месеци работеле за да покажат како интернетот и модерните алатки за комуникација можат да помогнат да се направи еден заеднички проект со заедничка порака. Значи комплетно одбратно од начинот на кој истиот тој интернет и истите тие алатки за комуникација се користат кај нас: од 80 пријатели да направат 80 странци, секој од нив да има своја порака и никој од другите да не сака да го слушне.

Нов спот на Архангел

Пинокио е Пинокио, Пинокио, Пинокио, Пинокио...

Српскиот Крег Дејвид: Ја сам помало геј

На шаблонот на ненадмашната верзија на Мадона и песната Like a Prayer ("Мадона помази овог клинца дебелог"), постои уште една махерска текстуална спрдачина, со спотот на Крег Дејвид. Бон-бо-на!

Шјор Спајдермен стари

Рамбо Амадеус и дечките од клапата Клесари го тешат стариот госпон Спајдермен дека еден ден повторно ќе ја закрпи мрежата искината во лути борби со организираниот криминал и во неа повторно ќе се фаќаат криминалци, тајкуни и корумпирани политичари. Мајката, во некои земји живее некаква надеж.

Мигуел сака да нè кочи, небањат еден

Некаде на 0:33 се спомнува Македонија (even Serbia), но од контекстот не е јасно дали мисли на територија со словенско или хеленистичко наследство. Така што, Димитров да седне и да му пише на Мигуел дека тоа не е во согласност со договорот со Грција од кој извлековме максимум (како што Аса Акира извлекува максимум од своите партнери на крајот на сцените). И веднаш да се корегира! Или барем да стави плочка.

Локос Железарос: Малта

„Ме испратија на одмор Грујо и Мијалков, сега истото го прави и кретенот Зајко“. Знаете дека Железарциве се иронични околу целата таа фама за Малта ама пак сè тоа сече до коска.

How Did I Get Here?

Once in a Lifetime не е проповед против конзумеризмот, како што обично се мисли. Дејвид Брн секогаш повторувал дека во таа химна на Токинг Хедс се зборува за безумноста и несвесноста на животните битки. „Ние функционираме полу-будни, на автопилот, и во некоја точка завршуваме со семејство, работа и сè друго, никогаш не запирајќи за да се запрашаме себе си: Како се најдов овде?“ Во продолжеток, вокалите на песната, и тоа изолирани, како што приличи на овој наш актуелен „Once in a Lifetime’“ момент.

За „назадната“ калеш Анѓа

Девојката беше исправена пред историска шанса.

Кога се има музиката во себе

Главните стилистички особености на големите мајстори, прикажани преку една од најбаналните песнички на сите времиња. Како би ја отсвириле „Happy Birthday“ Бетовен, Шопен, Брамс, Бах и Моцарт.

Одјавувањето на Џони Кеш

Неговиот последен жив настап, два месеца откако почина неговата животна придружничка Џун Картер и два месеца пред и тој да замине. Нам ни паѓа жал и за остарени нацисти, не па него вака да го гледаме. Ама пак, не можеш да не го видиш.

Го знаете ли Едо Љубиќ?

Нормално дека не го знаете. Немаше ни ние да го знаеме ако не се познаваме со наши луѓе кои во Америка копаат по продавници за стари плочи.

Така се монтираше Афекс Твин

Авторот (Дејвид Браун) вика: Ова е најамбициозниот проект за едитирање на кој сум се нафатил и за кој ми беа потребни 4 месеци. Се започна како љубопитност а заврши со миксање и полирање на 250 видео-аудио сегменти во еден (саат ипол) клип.

Oригиналната верзија на Nothing Compares 2U

Во соработка со Ворнер брос, оние кои располагаат со музичката оставштина на покојниот Принц решија да ја обелоденат досега неслушнатата оригинална верзија на оваа песна, напишана, аранжирана, отсвирена и продуцирана од самиот Принц. Преубава.

الميسترو نادر عباسي يجعل من الجمهور آلة موسيقية

Или што би се рекло на нашки: Маестро Надер Абаси ја прави публиката музички инструмент.

Бубамара за Милчо

Практично, ова е прв спот на двокомпонентниот, битолско-њујоршки лек за душа наречен Крсте Роџевски. Песната Ladybug ја има на неговиот албум "Bitter Almonds" но станува дел од саундтракот на последниот филм на Милчо Манчевски Bikini Moon (како што претходно беше направено со Shiny Things на Том Вејтс). Цут.

Мерак на прво слушање

Кубански гитарист, со посериозен стаж, прв пат во живот го слуша Стиви Реј Вон (веројатно од американски турист или слично нешто). Му треба време да се прибере од чудење што сè колегата успеа да извади од гитарата. „Овој бе ништо не повторува...“

Orbital - Box, на пијано и тапан

Проектот им се вика „Акустик електроникс“, на пијано е Ема Попивода, на тапан е Александар Петров, и ако ве бендисува во четврток (12 април) во Станица 26 ќе има уште од ова, од Крафтверк до Моби и Продиџи.

Со Дејвид Брн никогаш не е досадно

Лидерот на Токинг Хедс реши кај Колбер да промовира песна од новиот албум "American Utopia". А тоа е студио, сцена, публика, досадно... Е па, не. Песната се вика "Everybody's Coming to My House" и бандата баш фино се одомаќини.

Бернајс пропаганда и Мајк Ват - Ништо нема да нè раздели

Родена сум тука и тука ќе се распаднам, тешко сум составена, брзо ќе се расклопам...Удирам на себе и никако да победам...Го легнувам цело Скопје за да заспијам, го легнувам цело Скопје за да сонувам....

Некој од нас не е во тек со времето

„Малиов“ е 17-годишен освојувач на златна медала во Пјонгчанг. Му даваат да чуе музика од годината во која што е роден - 2000, и да види што ќе препознае. Или ние сме стари и немаме поим што се случува во музиката, или он е млад и нема поим што се случува во музиката.

Та не е дедо само за сентиши

82-годишниот Џон Хетлингер е поранешен морнарички пилот и аеровселенски инженер, кој меѓу другото има работено на уредот што го поправил телескопот Хабл. Хетлингер веќе 15 години е во пензија, од тогаш пее караоке.

Рок симфониски оркестар

Веројатно ако некогаш дојде денот кога последниот човек ќе ја затвори планетава и ќе се исели на друго место, оваа верзија на „Smells Like Teen Spirit“ ќе оди во позадина. Главниот вокал е 17-годишната Меккена Бреинхолт и е придружена од оркестар и хор од 110 луѓе.