Музика

Кога се има музиката во себе

Главните стилистички особености на големите мајстори, прикажани преку една од најбаналните песнички на сите времиња. Како би ја отсвириле „Happy Birthday“ Бетовен, Шопен, Брамс, Бах и Моцарт.

Одјавувањето на Џони Кеш

Неговиот последен жив настап, два месеца откако почина неговата животна придружничка Џун Картер и два месеца пред и тој да замине. Нам ни паѓа жал и за остарени нацисти, не па него вака да го гледаме. Ама пак, не можеш да не го видиш.

Го знаете ли Едо Љубиќ?

Нормално дека не го знаете. Немаше ни ние да го знаеме ако не се познаваме со наши луѓе кои во Америка копаат по продавници за стари плочи.

Така се монтираше Афекс Твин

Авторот (Дејвид Браун) вика: Ова е најамбициозниот проект за едитирање на кој сум се нафатил и за кој ми беа потребни 4 месеци. Се започна како љубопитност а заврши со миксање и полирање на 250 видео-аудио сегменти во еден (саат ипол) клип.

Oригиналната верзија на Nothing Compares 2U

Во соработка со Ворнер брос, оние кои располагаат со музичката оставштина на покојниот Принц решија да ја обелоденат досега неслушнатата оригинална верзија на оваа песна, напишана, аранжирана, отсвирена и продуцирана од самиот Принц. Преубава.

الميسترو نادر عباسي يجعل من الجمهور آلة موسيقية

Или што би се рекло на нашки: Маестро Надер Абаси ја прави публиката музички инструмент.

Бубамара за Милчо

Практично, ова е прв спот на двокомпонентниот, битолско-њујоршки лек за душа наречен Крсте Роџевски. Песната Ladybug ја има на неговиот албум "Bitter Almonds" но станува дел од саундтракот на последниот филм на Милчо Манчевски Bikini Moon (како што претходно беше направено со Shiny Things на Том Вејтс). Цут.

Мерак на прво слушање

Кубански гитарист, со посериозен стаж, прв пат во живот го слуша Стиви Реј Вон (веројатно од американски турист или слично нешто). Му треба време да се прибере од чудење што сè колегата успеа да извади од гитарата. „Овој бе ништо не повторува...“

Orbital - Box, на пијано и тапан

Проектот им се вика „Акустик електроникс“, на пијано е Ема Попивода, на тапан е Александар Петров, и ако ве бендисува во четврток (12 април) во Станица 26 ќе има уште од ова, од Крафтверк до Моби и Продиџи.

Со Дејвид Брн никогаш не е досадно

Лидерот на Токинг Хедс реши кај Колбер да промовира песна од новиот албум "American Utopia". А тоа е студио, сцена, публика, досадно... Е па, не. Песната се вика "Everybody's Coming to My House" и бандата баш фино се одомаќини.

Бернајс пропаганда и Мајк Ват - Ништо нема да нè раздели

Родена сум тука и тука ќе се распаднам, тешко сум составена, брзо ќе се расклопам...Удирам на себе и никако да победам...Го легнувам цело Скопје за да заспијам, го легнувам цело Скопје за да сонувам....

Некој од нас не е во тек со времето

„Малиов“ е 17-годишен освојувач на златна медала во Пјонгчанг. Му даваат да чуе музика од годината во која што е роден - 2000, и да види што ќе препознае. Или ние сме стари и немаме поим што се случува во музиката, или он е млад и нема поим што се случува во музиката.

Та не е дедо само за сентиши

82-годишниот Џон Хетлингер е поранешен морнарички пилот и аеровселенски инженер, кој меѓу другото има работено на уредот што го поправил телескопот Хабл. Хетлингер веќе 15 години е во пензија, од тогаш пее караоке.

Рок симфониски оркестар

Веројатно ако некогаш дојде денот кога последниот човек ќе ја затвори планетава и ќе се исели на друго место, оваа верзија на „Smells Like Teen Spirit“ ќе оди во позадина. Главниот вокал е 17-годишната Меккена Бреинхолт и е придружена од оркестар и хор од 110 луѓе.

Време за херои

Во фоајето на еден њујоршки театар, Дејвид Брн и една огромна група пејачи ја изведуваат Heroes од Дејвид Боуви. Не може боље. Ако во ниеден момент ништо од ова не ве наежи, од Звезде Гранда, Ана или Раста слободно да барате отштета за нанесена инвалидност.

Сквернавење на Нирвана

Многумина мислат дека ако некоја песна не треба да се чепка, тоа е Smell Like Teen Spirit од Нирвана. Ќе чуете колку е тоа вистинито кога ќе ја слушнете верзијата на еден тексашки бенд кој песната ја прештима во дурови. А во дурови (место петки и сусови) Smells Like мириса на една безначајна, безбојна поп песничка. Чиста бласфемија.

Пет длабочини на една иста песна

Џејкоб Колиер е мулти-инструменталист и еден неверојатно талентиран дечко кој ја расчленува емотивната приказна и внатрешниот дијалог на композицијата „Amazing Grace’“ на пет нивоа на комплексност. Почнува со дете, па со тинејџерка, па со студент на музичка академија, па со професионален пијанист, за на крај да заврши со - Херби Хенкок! И да се испогубите некаде на третата фаза, видеото е магично за следење.

Рокенрол, ни пол ни рок на траење

Ако не се држите до панкерската максима на Жељко Самарџиќ („не суди по амбалажи“), оваа сцена може да ви изгледа вака: Влегува баба во продавница за гитари. Добро, можеби не е баба - баба ама тазе пензионерка штотуку вратена од прослава на 8-ми март на жени од Охис. И, што прави таа во продавница за гитари? Па сигурно бара нешто за внучето....

„Брала мома капини“ стара јапонска песна

Сме виделе ние рокање, ама ова Јапонциве како ја подбраа „Брала мома капини“ ко преку Јутјуб да ќе им лепиме пари. И сред спот ги гледаш токискиве убер-хипстери (нема друго штом песнава и неколку слични ти се дел од репертоарот) како се нацртале на свадба сред Прилеп. Ова не се измислува.

Дебелиот крај - Цена

Македонски песни кубурат главно со текстовите. Или се пребљак ради тоа љубовните јади или пак ќе забегаат во некоја напувана езотерија. Дечкиве смозгале како да ги избегнат тие поетски стапици. Треба да ти текне. 

После долго време, нешто ново од Макартни

Во едно интервју Пол Макартни се исчудува како музиката почнува да се прави на компјутер. Ќе ставиш еден звук и после си играш со копчиња. Интервјуто го гледа некој зналац, седнува на компјутер и го добивате ова.  

Совршено наштиманата девојка која не слуша

Менди Харви уште од мала имала проблеми со слухот за на 18 години комплетно да го изгуби и да биде прогласена за глува. За среќа, по неколкугодишна депресија решава сепак да му верува на својот талент за пеење и на мускулната меморија на своето грло. Еве ја на цел концерт, перфектно наштимана и боса, за да ги чувствува вибрациите од бендот.  

Кога Боб Марли пееше за Зимбабве

Марли ја има напишано песната како поддршка на марксистичко-ленинистичките и маостички борци за независност кои од некогашна Јужна Родезија го создадоа Зимбабве а Роберт Мугабе станува претседател. Речиси 40 години подоцна, Марли одамна го нема а Мугабе веројатно го има преспано воениот удар против него.