Off Course

5-те најтешки работи на светот

Во една глобална неправда која се прави кон тебе, твојот децениски стаж над тастатура никогаш нема да го доживее статусот на измачување што очигледно го заслужува се додека на светот постојат на пример вакви што копаат сулфур од вулкан за 17 долари на ден. Да не збориме тоа што имаш само 30 минути пауза.

Кога копачите ќе стивнат

Вака изгледа крахот на криптовалтутите.

Како излгедаат 1,5 милиони долари под вода

Во Флорида ураганот Иан однесе и еден Мекларен П1, со почетна цена од 1,5 милиони долари.

Сам себе го фаулирал

Дечкото се вика Денис Јапел и настапува во германска регионална лига, каде меѓу другото се игра на стадиони со сериозни бетонски ѕидови. Јапел е добар, ама за секој случај е пренесен во болница.

Да не беше церадата, сè ќе беше утоп

Без никој да се најде навреден, ставаме пари дека тој што го смислил противпожарниот систем, немал никаков удел во составување на „тест полигонот“.