Софка за двајца

Бифтек Велингтон

Пред да ви го претставам рецептот сакам да ја знаете историјата на ова светски познато јадење. Во 1815 по победата врз Наполеон, Артур Велсли е назначен за првиот Војвода од Велингтон (мал град во Англија). Самиот Артур бил толку многу рамнодушен кон храната што неговите готвачи често давале изјави дека е залудно што се ангажираат кулинарски таленти во неговиот дом. И покрај тоа, неговата титула е дадена на говедско филе завиткано во лиснато тесто или денес познато како Биф Велингтон. Морам да кажам дека не се потребни многу состојки за ова јадење, но комбинацијата на вкусови и начинот на подготовка верувајте дека воопшто нема да ве остави рамнодушни.