Net Roulette

Хип-хоп од А до Штип

По повод 50 години хип-хоп во светот, 35 години во Македонија и 30 години од првиот хип хоп настан во штипскиот Дом на млади. Хедлајнери на фестивалот се САФ (sound system), ЛД Пистолеро и Страјк (со Диџеј Гоце), Зад Аголот....

Оризо се врати за да нè оплаче

Битолско- прилепскиот рокенрол басен отсекогаш знаел да одгледува вакви творби: хеви-метал со уште похеви патриотизам. Едни од најиздржливите во таа битка се битолска Медуза и нивниот спиритус мовенс Сашо Борисовски - Зевс, од битолско Хард Рок кафе, накратко „кај Оризо“. Чујте вие ова. Морници, што заради судбината на македонскиот народ, што од шубе Зевс да не се ничкоса од тоа карпата.