„Луѓето во средини незагадени од стрес, брзање, состаноци, шизми од онлајн-офлајн преклопувања, знаат да те научат и понекоја лекција. Понекогаш со некоја мала досетка, понекогаш со некое, за урбаните ликови, непријатно молчење и застаклени очи. Во трансот на мирното неурбано живеење кој полека ве презема, после првите неколку дена детоксикација, во еден момент се препуштате и животот ве потсетува зошто е убав...што е тоа што вреди...“
* Македокс сега се во Порече, Македонски брод.