Утер Прадеш, Индија. За празникот Кумб Мела милиони Индуси доаѓаат на бреговите на реките Сангам, Ганг, Јамуна и Сарасвати за да се потопат во светите води на овие реки. Кумб Мела е најмасовниот верски ритуал на светот, поброен од муслиманскиот аџилак во Мека. Оваа година дошле 20 милиони, а најмасовно било во 2013 кога имало неверојатни 120 милиони индуски аџии, повеќе од населението на Јапонија! Не го фрлаат Буда туку го бањаат.