Фајт клуб за деца

Пред некое време пишувавме за продолжението на славната „Боречки клуб" во 10 графички новели. Ама кој би очекувал дека следниот потег ќе биде - верзија за деца?

Бидејќи мојата публика старее, прави деца и умира, решив да направам верзија на книгата за една нова генерација", вели Паланиук во видеото (чие презиме изговорено од негова уста за чудо ни звучи ко Поланак). „Затоа ја напишав новата Fight Club 4 Kids".

Се разбира, ниту таква книга постои, ниту пак тој изгледа како некој што би ја напишал. Идејата за еуфемистично наречениот „Клуб за зафркавање" и не делува толку лошо, кога во него не би имало сериозно тепање.

 

26 јуни 2015 - 16:59