Видео

Мораше ли да го видиме ова?

„Крекхед Барни“ ви е нешто како Саше Политико (пред да попие воспитна), атеншн хор што оди наоколу со телефон и малтретира. Нејзиниот хистеричен глас го запознавме во ситуацијата со Алек Болдвин (види „Колку трпи Алек Болдвин“) кога го напнуваше да каже „Слободна Палестина!“. Ама оној садо-мазо Пирс Морган мораше да ја викне во емисија! А ние па моравме да кликнеме, кликот да ни се исуши!

Атина стана портокалова

Атина деновиве изгледаше како да си и ставил портокалов филтер откако беше зафатена од песочна бура што премина од карши од Африка.  Пост-апокалитичната снимка беше дополнета со преполнети болници со Атињани кои се жалат на проблеми со дишење, кашлање и болки во градите.

Австралија, мора ли толку глупо?

Австралија тргна накај Орвеловата 1984 за време на пандемијата и упорно гази натаму. Ви ја покажавме сенаторката која би да го уапси Илин Маск, но орото го води нивниот премиер. Пазете каков дунстер е тоа: Икс морал да цензурира зашто и тој лично видел слики од своја глава ставени на други тела. Видел меме или фотомонтажа, ви текнува? Кај ли учел тој лидершип, во Северна Кореја?

Светлина во забавена снимка

Не е нов пронајдок ама уште ни е фасцинантен. Стадардна филмска камера снима 24 фрема во секунда. На МИТ имаат развиено камера со - пазете- трилион фремови во секунда! Практично, снима како се движи светлината: движење на фотони во една нано секунда, го развлекува во 20 секунди. Да снима куршум како пробива јаболко, снимката би траела година дена.

Каде ти со таа „оземпик фаца“?

Пластични хирурзи предупредуваат дека Холивуд го зафаќа криза на „Оземпик фаца“, карактеристична за брзо слабеење за кое е заслужен Оземпик, лекот за дијабетес (кој го има креирано ќерката на Лазар Мојсов, висок комунистички функционер од Македонија). Не е само Холивуд туку е глобална манија: на ТикТок има 86.700 видеа тагирани со „оземпик.“ Каква е оземпик фацата? Скоро како кај Рацин: „веѓи паднаја надолу и усти се свија кораво“.

Што сè нема да прават некои мажи, само дома да не седат

Оние кои имаат јаки раце, одат па се буткаат на раце. Оние кои имаат јаки нозе, одат па се тркаат со точаци. Оние кои имаат јаки лакти, напредуваат во кариерите. Што прават оние кои имаат јаки уши? Сега ќе видите. Ама па добро, на овие јадници кога им горат ушите, барем знаат дека не е од тоа што некој ги зборува.

Колку трпи Алек Болдвин?

Нема поголема офтика од оние активисти кои мислат дека во секој момент и на секое место, другите треба да се произнесат по нивната кауза. Такви беа БЛМ, такви беа шарените кои грдеа луѓе седнати на кафе додека тие „ни ја ослободуваат државата“ (од 6 до 8 пред СЈО, по што доаѓаа во истите кафичи), таква е и оваа која го начека Алек Болдвин и хистеришеше да каже „Free Palestina“. Ние пократко ќе издржевме од него. 

Џабе работи, џабе не седи

Лана Роудс го напушти порно светот после само 8 месеци откако влезе, но тоа беа ударнички 8 месеци. 8 години позрела, сфаќа колку била глупа и искористена од суровата индустрија, водена од искусни мажјаци кои точно знаеле како да убедат 19 годишна девојка да го направи тоа што сакаат да го направи. На неа имаат заработено милиони а таа била плаќана греота: 1.200 долари по сцена (за малку наместо „сцена“ ќе пишевме “комад“, па ни текна дека некогаш беа повеќе комади). 

Васа-1 најстрашното нешто што излегло од Микрософт, до сега

Да, пак е ВИ, само кај ова страшното е што му давате една слика од човек, и потоа тој ви вади цели видеа со него, на кои зборува што и да му зададете вие. Помалку страшниот дел е што може да направи цел монолог на цртани ликови или ликови од слики. И сето ова го прави со акцент и природни движења.

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

На иранската армија и попушти вентилот

Сè ова наводно е ненамерно. За време на некоја локална воена парада во Иран, на водениот топ му се активираше баш страничниот топ, баш кога минуваше покрај бината со функционери и офицери. Нема информација што казна попил топџијата.

Дупчето во швајцарското ноже

Главно јасни се сите тие додатоци во фамозното швајцарско армиско ноже и за што служат. Некои за сечење, има тука отворач за конзерва, отворач за тапи, турпија, ножички... Но, на едно од ножињата има и едно дупче за кое не бевме сигурни за што е. За шиење да ти било. Еве како се користи.

Един оргазам в две глави

Озборнови ја коментираат веста за оној што се ожени со сијамски близначки. Откако дознаа дека имаат две глави ама останатите органи ги делат, вклучително и оние долу (Ози: Што, едно комплетче?), следуваат урнебесно нормални и здраворазумски прашања: Дали мажот има право да ѝ стави перница на глава на онаа другата и пред сè, кога ќе дојде време за оргазам, на која ѝ следува? Луда, прекрасна фамилија.

Коли крај патот

Покрај украинските автопатишта во близина на граничните премини периодов преку ноќ почнаа да никнуваат автомобили. Излезе дека новата појава е поврзана со носењето на новиот закон за мобилизација во Украина и Украинци кои се обидуваат да куртулат од истиот. Снимкава е направена во близина на Молдавија.

Новите „канџи“ брзо попуштија

Американската полиција воведува нови „канџи“ за погрешно паркирани автомобили кои наместо на тркало одат на шофершајбна. За разлика од овие што се на тркало, новите се прицврстуваат за шофершајбна со лепенки. За кратко време, на некого му текнува да проба да пушти греење на шофершајбна да види што ќе се случи. Се случува одлепување.

Студио, каде не се разбираме?

Гостин на CNN, на водителката ѝ кажува дека постојат само две работи во кои апсолутно верува. Во првиот амандман (слободата на говорот) и во - цицки. Јако е колку пати нејзе не ѝ се верува дека го слушнала тоа што го слушнала па потпрашува да не не рекол случајно цицки туку грицки или мицки. А најјако е колку пати е он спремен да ѝ повтори точно кои две работи никогаш не го изневериле.

Веган со кликер

Знаете дека не сме баш фанови на тревопасната исхрана ама дечково шампионски победи во аргументацијата. - И животните јадат други животни, почнува новинарката. - Да, ама 75% од нив се тревопасни. Тука таа прави навидум стандардна и добра забелешка, не сфаќајќи дека си прави замка: - Ама лавот кога ја јаде зебрата? Така ли? Елај да чуеш зошто не си баш лавица. 

Економист на денот

За секој и секаков говор си постои прикладно меасто и време. Чекајте да ви го преведеме говорот кој ќе го слушнете: „Јас ја сакам приватната сопственост. Ако ја сакате својата држава, читајте го Лудвиг фон Мисес и шесте лекции на австриската економска школа! Мадафакери!“ Што мислите, каде и од кого е одржан овој говор? Од некој  економски нерд на некое предавање, семинар, интелектуална дебата?

ВИ „Пасошко“

Песна најверојатно направена со она SUNO (или слична ВИ алатка), чии (не)дела ги промовиравме преку нејзината бласфемична музичка креација за Македонско девојче. Оваа „Пасошко“ е каде-каде подобра, со дражесна винтажна инструментализација, само што генераторот има сериозен проблем со акцентите во македонскиот јазик, а тоа, барем нам, бааги ни пара уши. Ама, тргната е работата...

Олаф Шолц во Кина пречекан од заменик градоначалник

Својата кинеска турнеја германскиот канцелар, придружуван од чета министри и бизнисмени, ја почна во градот Чунцин, каде германската делегација на аеродромот беше пречекана од заменик градоначалниката на Чунцин и кинескиот амбасадор во Германија.

Блузот е јазик сам по себе

Ед Мота (Бразилец) признава дека нема поим од англиски јазик, што и не би било ништо страшно ако не беше блуз пејач со целосно англиски репертоар. Па како? Па цело време слуша американски блуз, фанк и џез, и научил на памет.

Кога мислиш дека пари ќе те спасат од природа

Сопствениците на куќи во прв ред на брегот кон Атлантикот во Салсбури, Масачусетс, платиле пола милион долари за песок да биде истурен и наместен пред нивните куќи, како одбрана од ерозијата и океанот. Се работи за 15.000 тони песок кој 5 седмици се мести во форма на дина. Кога доаѓа ред на природата, бедемот издржува неполни три дена.

Бојата на поротата

Судењето на О Џеј Симпсон (ноември 1994 - декември 1995) се одвиваше во атмосфера на висока расна нервоза и недоверба кон полицијата предизвикана од претепувањето на црнецот Родни Кинг, некоја година претходно. Денес имаме шокантно сведочење на (црна) жена од поротата која го ослободи О Џеј Симпсон: на 90% од поротата им било јасно дека тој го има убиено бившата и нејзиниот партнер но донеле таква одлука заради „вратка“ за Кинг.

Како изгледаше ВИ кошмарот во 2003

Во Терминатор 3 од 2003 кога САД го активираат Скајнет тој почнува да работи под полна пареа со компјутерска моќ од 60 терафлопи. За перспеткива тоа денес е помалку од капацитетот на две Нвидиа РТХ 3080 графички картички.