Таг: Википедија

Википедија, богами солидно

2023, откако ќе се прокнижи целиот прилив и одлив, Википедија го завршува со речиси 250 милиони долари на сметка. Сосема солидно. За споредба, својата прва сезона, 2003-2004, он-лајн енциклопедијата завршува со само 56.666 долари.

Најпопуларните Википедија страници за 2023

Википедија на англиски оваа година собра над 84 милијарди прегледи, според бројки соопштени од Фондацијата Викимедија, непрофитната организација која стои зад бесплатната и јавно уредувањата онлајн енциклопедија. Најпопуларната статија за оваа година, очекувано, се однесува на ЧетГПТ.

Вештачката интелигенција е закана за Википедија?

Меѓу големиот број последици од (барем за нас, лаиците) неочекувано брзиот подем на генеративната вештачка интелигенција, е дилемата околу корисноста или ризикот да се работи со големи јазични модели за генерирање содржини. На пример на најкористениот извор на информации, отворената енциклопедија - Википедија.

Најбизарните страници на Википедија

Еден Инстаграм профил под име „Длабочините на Википедија“ собира необични статии за уште понеобични ликови и настани кои кој знае од какви причини се објавени тука. Тие понекогаш делуваат како парчиња фикција, друг пат како освежување од здодевниот свет на „сувите“ факти.

Википедија не е за верување

Он-лајн енциклопедијата е преземена од левичарски „волонтери“ кои изворите што не одговараат на нивната агенда ги отпишуваат како лажни вести, порачува човекот кој во 2001 ја ко-основаше Википедија, Лари Сангер.

Википедија како столб на туризмот

Додавање на неколку параграфи текст и неколку слики во Википедија статијата може да ги зголеми приходите од туризам на малите градови и места и за до 110.000 евра годишно. Не се многу пари, ама па и нема скоро никаков трошок.

Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во тетратка по коцки

Третиот читател од темата која ја отворивме летово насловена како Википедија во тефтер ни испрати детален материјал од СП 2002. Овој е поспремен од другите и го бива и за цртање.

A времето на спортска прогноза 1X2 го фативте ли?

Мотивиран од Википедијата во тефтер направена оригинално и ракописно, добивме уште еден мејл од читател кој поседува нешто слично, ама многу помалку макотрпно за одржување. Тука практично се ти е на тацна и треба само да пополнуваш.

Времето кога создававме Википедија во тефтер

Има заразени и заразени луѓе со фудбал, а на овие вториве не им е доволно само да го гледаат. Тие собираат сликички и полнат тефтери, па фиоките денеска им се едно убаво потсетување на детството кога немавме интернет или уште беше на почеток.

Првата жена што доби Нобел за физика по 55 години не била доволно важна за Википедија

Во март оваа година модераторот на сајтот одбил статија за Дона Стрикленд, па оние кои сакаа да дознаат нешто повеќе за неа на 2 октомври, кога таа заедно со уште двајца колеги доби Нобел, не можеа да ја најдат на Википедија.

Википедија и 40-те илјади научници што ги заборави

Вештачка интелигенција која скенира вести во потрага по превидени јавни личности состави список од 40.000 успешни научници за кои не постои никаков запис на бесплатната енциклопедија.

Крај на програмата Википедија „без броење“

Во 72 земји во развој годинава ќе биде укината програмата на Википедија која дозволуваше сурфањето на бесплатната енциклопедија да не се брои во месечниот лимит за мобилен интернет.

20.000 Кинези ќе создаваат конкурент на Википедија

Целта не ни е да ја стигнеме Википедија, туку да ја надминеме, изјави првиот човек на проектот за кој кинеската влада ангажираше 20 илјади истражувачи, академици и професори.

Најчудните работи за тренерите и фудбалерите на Википедија

Да заиграш во Премиер лига и во Серија А и да ги лажеш твоите дома дека те киднапирале во Тајланд за да им земеш пари треба стварно да си глуп. Епа таков е Нсереко и затоа сега игра во Литванија.

Википедија го забрани Дејли мејл како „несигурен“ извор

Уредниците на онлајн-енциклопедијата одлучија да го исклучат Дејли мејл од списокот дозволени референци поради неговата „репутација за недоволно проверување факти, сензационализам и измислување“.

За Јувентус се чита повеќе од Меси и Роналдо

Седми најпосетен сајт за 2015-та е оној на Википедија. Во Италија повеќе читале за Валентино Роси отколку за Интер и Милан.

Википедија ќе ги тужи САД за прислушување

По основа на прекршување на Првиот амандман (за слобода на говор) и четвртиот амандман (кој штити од незаконски претрес), Викимедија фондацијата ќе поднесе тужба против НСА и Департманот за Правда на САД за целото прислушување што се случи во земјата.

Еден Ерменец, една статија во Википедија

Пишувањето статија во Википедија е национална должност на Ерменците, и новата кампања на темата очекува од секој еден Ерменец да напише (или уреди) барем една статија во он-лајн енциклопедијата.

Википедија не е матичен лекар

По педнатна проверка на медицински статии во најпознатата светска веб енциклопедија, научниците предупредуваат таа внимателно да се користи бидејќи содржи куп грешки поврзани со здравјето. 

Википедија на 1.193.014 страници

Ќе има илјада тома, со над четири милиони статии од 20 милиони волонтери. И ќе биде отпечатена на хартија. 

Звукот на Википедија

Ѕвончиња, жичани инструменти, длабоки и високи тонови, придружени со психоделични шарени кругчиња. И сето тоа генерирано од корисниците на најголемата интернет енциклопедија.

Големата родова преселба на Википедија

Додека локално ја решаваме дилемата дали жената е темел, столб, тераса или лоџија на семејството, Американците си имаат свој проблем: сите писателки на Википедија, полека исчезнуваат од категоријата „Американски романсиери" и мигрираат во башка-башка категорија - пак романсиери, ама жени.

Зошто Википедија собира пари кога не и требаат?

Википедија моментално е преполна со пари, а и покрај тоа секоја година успева да собере повеќе донации отколку што и требаат за да функционира.

Википедија е отприлика готова

Може ли енциклопедија која ја работи жива заедница и е постојано отворена за нови информации воопшто да биде готова? - Може, вели историчар.